Дали знаете дека просечен пар ангажира 10 различни услуги поврзани со денот на свадбата? Кои се тие? Ја составивме оваа листа на услуги поврзани со денот на вашата свадба каде ги истакнуваме професионалците во индустријата со цел да ви помогнеме при организацијата и планирањето на вашата свадба.

 

Можеби најважниот дел од планирањето на вашата свадба е ангажирањето на група на професионалци кои ќе ја направат визијата за вашата свадба реалност. Ако сте на самиот почеток, и посебно ако немате некој близок околу вас кој неодамна правел свадба, веројатно се запрашувате себеси: Кого сега да ангажирам? Какви се услуги ми се потребни за мојот ден да биде незаборавен? Во комуникација со нашите соработници, ресторани за свадби и останати услуги поврзани со денот на свадбата, го составивме овој текст со цел да ви помогнеме при организацијата на вашата незаборавна свадба. Младенците во Македонија ангажираат во просек 10 различни фирми за нивниот свадбен термин. Ова можеби ви изгледа премногу, но секоја од овие услуги има важна улога во големиот ден.

 

1. Свадбена локација

Од хотелска и ресторанска свечена сала, до шатор и невообичаен просторвашата свадбена локација е почетна точка за вашата свадба, основата околу која понатаму ќе се гради вашата свадбена замисла. Најчесто, прво го резервирате вашиот термин во свадбената локација, па понатаму сѐ останато.

 

priracnik_lokacii_latana

 

priracnik_lokacii_ragusa360

 

Во Скопје изминатиов период се отворија значителен број на нови свадбени локации во кои е инвестирано многу љубов, време и пари. Ние во Termin.mk се трудиме да ви ги презентираме најдобрите локации на пазарот во моментов. Дознајте ги цените, менијата и сите останати потребни информации на преку 35 локации за свадби од Скопје и околината, и испратете онлајн барање за термин преку Termin.mk до сите оние за кои би биле заинтересирани да правите свадба. 

 

priracnik_vila_veranda

2. Матично

Склучување на брак во матично е административниот дел кој го бележи вашиот свечен ден. Со потписот во матичната книгата за венчани, младенците го официјализираат својот брак и својот свадбен ден пред државата и законот.

За да склучите брак во матично потребни ви се неколку документи, што можете да ги видите тука. Младенците треба да отидат до „Управа за водење на матични книги“ и да ги поднесат соодветните документи. Надлежното лице ќе провери дали постои законска пречка за склучување на бракот. Во истиот момент се определуваат и денот и часот за склучувањето на бракот во договор со младенците. Склучувањето на бракот се врши на свечен начин и во посебно определена службена просторија или по барање на младенците на локација по нивен избор - повеќе детали тука. Покрај младенците и нивните гости, во просторијата мора да е присутен член на советот на општината, двајца сведоци и матичарот. Сведок при склучување на брак може да биде секое деловно способно лице. Бракот е склучен кога младенците ќе се потпишат во матичната книга на венчани. Веднаш по запишувањето во матичната книга на венчаните, на младенците ќе им се издаде извод од матичната книга на венчани.
Дел од свадбените локации на Termin.mk имаат специјално наменет простор за одржување на чинот „матично“. Погледнете ги галериите од рестораните на Termin.mk и одлучете дали вашето матично ќе биде во самата локација или во службената просторија.

 priracnik_maticno

3. Фотограф

Без разлика дали ќе организирате голема свадбена прослава или правите помала приватна забава, вашиот свадбен ден е оној го сакате да го запаметите. Свадбениот фотограф е оној кој на креативен начин ќе ги долови најубавите свадбени моменти, па оттука е многу важно да ангажирате искусен професионалец.

 

priracnik_fotostudio_preimum

 

Доколку организирате потрадиционална свадба, каде ќе ги испочитувате сите обичаи од одење по невеста, забава во куќата на младоженецот и невестата, црква, матично, па ресторан, искусниот фотограф може да ви даде многу корисни совети и да ви помогне со целата таа организација. Во Македонија речиси и да нема свадба без фотограф. Бар за таква ние не сме слушнале 😊. 

 

priracnik_fotostudio_bimbo

 

Ние во Termin.mk работиме со фото студијата кои имаат долгогодишно искуство во оваа индустрија и се вистински професионалци во својата работа. Наша препорака за се:

 

 

4. Музичка Група

По свадбената локација, а некогаш дури и пред неа, оди договарањето на музичката група. Музичката група е онаа која треба да се погрижи за атмосферата на вашата свадба, па така ова е дефинитивно работа за која треба да ангажирате професионалци.  Дали ќе се одлучите за бенд, DJ, гудачки состав или комбинација од неколку, вашите омилени песни потрудете се да ги доверите на вистински музичари. На Termin.mk ви обезбедивме супер попуст кај дел од нив, погледнете тука.

 

 

 

 

5. Облека

Од свадбени фустани до одела и свадбени облеки... прилично сериозен шопинг кој треба да биде направен. Младенците најчесто  се одлучуваат за нов фустан и одело, и трошат прилично време на изборот. Наша препорака е да направите добро истражување на пазарот пред да се одлучите за овие значителни свадбени трошоци. Ние се потрудивме да ви обезбедиме супер свадбен попуст од 20% на венчаници кај нашата креаторка Евгенија Зафировска која живее и работи во Љубљана. 

 

priracnik_svadbeni_fustani

 

6. Цвеќара (декорација)

Од букети до китенки и бидермаер, од цветни аранжмани до украси за маса, цвеќарниците или студијата за декорации се есенцијален дел од декорот на една свадба. Овие професионалци може многу да ви помогнат при изборот на темата и бојата на вашата свадба. Цената може драстично да варира во зависност од тоа дали ќе одберете декорација со природно или вештачко цвеќе. Нашиот тим ви обезбеди 10% попуст во едно од најангажираните студија за декорации во Скопје – Ava Atelier.

 

Супер кул и сладок декор за време на вашата свадба може да биде и слатката маса. Тука ви го препорачуваме тимот на Слатки Нешта, кој ќе се погрижи вкусното катче да биде вистинско освежување за време на вашата свадба. Дознајте како до 20% попуст на слатка маса од Слатки Нешта.

 

priracnik_dekoracii_ava

 

7. Шминка и фризура

Вие дефинитивно сакате да изгледате во вашето најдобро светло на денот на вашата свадба. Оттука, ангажирање на професионален фризер и шминкер е must за секоја свадба во Македонија. 

 

priracnik_shminka 

8. Торта

Каква е таа свадба без торта? Од наше искуство немало до сега свадба каде што се запоставува еден од поголемите свадбени чинови, а тоа е кога младенците заедно ја пресекуваат својата свадбена торта. Со тоа, можеме да заклучиме дека изгледот и пред сè вкусот на вашата торта мора да е прекрасен и уникатен, па затоа не се штедете. Дел од нашите соработници во своите понуди вклучуваат и свадбена торта, па така истата можете да ја договорите и при самите преговори со свадбената локација. 

 

priracnik_torta

 

9. Видео

Не случајно го одвоивме видеото од свадбената фотографија, иако во нашата земја фото и видео на една свадба одат речиси секогаш во пакет. Па така, кога ќе се договарате со фото студиото за вашата свадба, вие добивате понуда и за камера. Летните свадбени локации ви нудат одлична можност да одберете пакет со дрон за време на вашата свадба и да направите неверојатна снимка на истата од високо. Погледнете го ова видео снимено кај еден од нашите соработници.

 

 

10. Црква

 

Црквата не е само прекрасна и уникатна локација каде што вие можете да стапите во брак, туку во црква вие можете да создадете мешавина од традиционално и модерно искуство. Со самиот избор на младенците да го обележат својот свечен ден во црква, тие му додаваат духовен елемент на својт брак. За да закажете термин во црква, потребно е младенците да си одредат меѓусебно датум и време, па потоа да се јават или да отидат до посакуваната црква и да прашаат дали нивниот посакуван термин е слободен. Документ кој што е потребен за обележување на вашиот свечен ден во црква е: крштеница - младенците треба да се претходно крстени.

 priracnik_crkva 

11. Накит

Бурмите се важен симбол на вашиот брак, но истовремено истите треба да го претставуваат и вашиот личен стил. Искусен и добар златар може да ви биде од непроценлива помош при изборот на идеалните прстени. 

 

priracnik_nakit

 

12. Обувки

Обувките се важен елемент од секоја свадба, посебно за невестата. Ако вашиот избор е невообичаена, урбана и летна свадба, нема ништо лошо во тоа да облечете интересни и модерни обувки што ќе одговараат со целосната атмосфера, па дури и тоа да се патики наместо кондури. А од друга страна пак, ако се одлучите за покласична свадба тогаш елегантни чевли ви се правиот избор. Најважно е да не се водите по тоа како треба и што ќе речат останатите... терајте си го вашиот личен стил и ставете на нога нешто што ќе ви биде пред сè удобно... сметајте дека ќе бидете во нив минимум 7 часа од денот, а можеби и повеќе. 

 

priracnik_obuvki_vistinski 

13. Лимузина

Никогаш не излага од мода 😊 Добро, не мора баш да изнајмите лимузина, но во зависност вашиот стил и темата на свадбата секогаш може да се одлучите за невообичаено возило кое ниту вие, ниту кумот, ниту некој од вашето поблиску друштво го поседува. Важно е возилото кое ќе одберете да биде пред сѐ безбедно и технички исправно.

 

priracnik_limuzina

 

14. Осветлување

Добро осветлување може да направи голема разлика во атмосферата на вашата свадба. Да, вашите цветни аранжмани може да бидат навистина убави, но вистинското светло може да ги направи да бидат воодушевувачки, а вашите свадбени фотографии уште поубави.
Голем дел од нашите соработници, свадбени локации, имаат веќе инвестирано во супер осветлување, па така додека се договарате за вашата свадба, може истото да го проверите и со нив. 

 

priracnik_osvetlnuvaje

 

priracnik_osvetlnuvanje_vezilka

 

15. Изнајмување на опрема

Можеби ќе се одлучите за свадба на некое сосема трето место, кое ќе биде потребно да се опреми целосно. Па така, маси, столици, прибор, осветлување, озвучување и други елементи ќе бидат потребни за вашиот голем ден. Дополнително ако местото е на отворено, сигурно ќе ви бидат потребни и шатори. Додека дел од овие работи може да ги обезбеди и вашата кетеринг компанија, компаниите за изнајмување на опрема може да понудат поголем избор и да ги задоволат целосно вашите потреби. Тимот на Termin.mk ви ги препорачува Dalma Catering & Events кои со својата опрема целосно се подготвени за еден ваков тип на настан.

priracnik_dalma

 

16. Покани за свадба

Ова за некои младенци е еден од најзабавните делови од планирањето на свадбата. Од свадбени покани, до бројчиња за на маса и патокази. Одберете искусна компанија која ќе ви помогне при изборот на вистинската хартија и целата нарачка ќе ви ја достави навремено.

 

priracnik_pokana

 

17. Свадбен кетеринг 

Кетерингот на свадбите во најголем дел од случаите е потребен пред самата свадба во свадбената локација, во делот кога се оди по невестата, односно во домовите на невестата и младоженецот. Кетеринг компанијата е онаа која треба да се погрижи храната за време на вашиот настан да биде свежа, вкусна и добро сервирана. Додека голем дел од нашите соработници свадбени локации во нивната понуда вклучуваат и кетеринг, некои од нив не го прават тоа. Но, доколку сакате да организирате беспрекорна свадба и да не пропуштите ништо на случајот, ваша опција е да си направите договор со кетеринг компанија на која главна дејност и е токму ова. Па така ние сме тука да ви препорачаме кетеринг компании со долгогодишно искуство и беспрекорна услуга:

 

 

priracnik_ketering_dalma

priracnik_veranda_ketering

 

18. Stand-up перформанс

Од неодамна новост на свадбите низ Македонија е stand-up performance... Замислете застанува тип сред вашата свадба, пример додека е времето за вечера, и ви објаснува што те чека во наредните 20 години? Брачен живот, перспектива од страна на младоженец, однос зет-дедо, снаа-свекрва, врска vs брак итн… ви ја вади свадбата низ нос 😊

Па зашто да не, за време на вечера, седиш, одмараш, јадеш и се смееш. Бојан Велевски можете да си го ангажирате преку Termin.mk на супер попуст. Погледнете цена колку би ве чинел еден ваков перформанс за време на вашата свадба.

 

 

 

19. Свадбен планер

Се уште во нашата држава свадбените планери или wedding planner-ите се ретко застапени, пред сѐ поради фактот што се уште кај младенците се смета за луксуз ваква услуга, а и поради нашиот менталитет “зошто да плаќам друг кога можам сам”.

 

На свадбениот планер не треба да гледате само на некој кој ќе ви помогне при изборот на сите услуги потребни за вашата свадба, туку и на дека кај истите може да ви издејствува најдобра цена и да ви помогне да останете во рамките на вашиот буџет. Дополнително, свадбениот планер е оној кој треба да го направи вашиот свадбен ден да помине без нервози, односно да се погрижи сѐ да биде навремено и да тече беспрекорно.

 

Без разлика кој пакет да го одберете од вашиот свадбен планер, ако истиот располага со одлични контакти од индустријата, работи со најдобрите и има беспрекорни организациски вештини, фокусирајте си се на вашата работа и секојдневни активности и делегирајте ја целосната организација на вашата свадба на професионалец.

 

Што и да се одлучите, нема да погрешите, посебно ако одберете еден од соработниците на Termin.mk. Имајте секогаш на ум дека пред сѐ свадбата ја правите вие и вашите гости.