Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Ресторан Амор

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Restoran Privaten Parking WiFi Klimatizirano Garderoba Kreditna Karticka
Место Капацитет Цена
Ресторан Амор 500 750 (без пијалaк)

Пресметајте ја вредноста на Вашата свадба

Број на гости
x
Цена на мени
=
МКД
Вредност на свадба

Краток опис

Ресторан Амор е нов луксузен ресторан за свадби, но и други свечености кои ви се на Вас важни како, веридби, крштевки, матурски, апсолвентски, празнични прослави, бизнис конгреси и сл. Ресторанот е отворен на 10.09.2014 година се наоѓа во општина Кисела Вода, на бул. Борис Трајковски бр. 210 или поранешна улица Првомајска, на само 5км од плоштадот на Скопје, кој има пристап од самата улица, а исто така има и автобуска станица пред самоиот ресторан. Самиот ресторан има свој паркинг за 100-150 возила.

 

Ресторанот се простира на 1200м2 од кои 150м2 е фоајето, 900м2 е салата и кујна од 150м2. Капацитетот на салата е од 200 до 500 гости, но има можност и за преградување на дел од салата со што се добива поинтимен дел за помалку од 200 гости. Подиумот за играње е доста простран и неговата големина зависи од бројот на гости.

 

Драги младоженци,

 

Добредојдовте во Вашиот ден од бајките, за да тој ден засекогаш Ви остане во Ваше најубаво сеќавање, нашиот персонал ќе се погрижи за сите детали.

 

Во цената е вклучено декорирање на столиците по Ваша желба, масите и главната маса се декорирани со вештачко цвеќе, делот за пречек на гостите е исто така декориран со вештачко цвеќе.  Исто така можете да одберете бојата на бројки на масите. Следува пенливо вино за здравица на почеток на прославата за младоженците, невестинска торта од 100 парчиња и две хостеси кои ќе ги сместат гостите до нивното место.

 

За младенците подготвивме простор каде тие ќе можат да се подготват, одморат или остават поклони, а за гостите подготвивме гардеробер.

 

Ресторан Амор нуди и кетеринг услуги по највисоки и најнови стандарди на подготвување и сервирање на храната која е од најдобар квалитет.

 

Испрати барање за свадба, резервирај во локацијата и искористи свадбени попусти од Термин.мк!

Преземачки материјали

Мапа на свадбена локација

View Restaurant Amor in larger map