Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

ЗА ТЕРМИН - СВАДБА

Термин – Свадба е веб базирано решение во рамки на Termin.mk кое обезбедува организиран преглед до сите слободни термини во свадбените локации (хотели, ресторани, свадбени сали, ресторани за свадби, невообичаени места за свадби) низ цела Македонија. На идните брачни парови им овозможува на најбрз и наједноставен начин да дојдат до идеалниот термин во посакуваната свадбена локација. Преку едноставно пополнување на онлајн формата за пребарување, на корисниците им е овозможено да дојдат до бараните резултати. Термин – Свадба претставува ефикасна интернет алатка и за сите останати корисници кои сакаат да добијат информација за слободните термини во објектите кои организираат свадби и останати видови на прослави како матури, апсолвентски, имендени, крштевки, веридби итн. Преку краток онлајн формулар, Термин - Свадба на корисниците им овозможува да испратат барање за одреден термин директно до посакуваната свадбена локација. Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на корисниците им се на располагање и други корисни податоци за хотелите, рестораните, свадбените сали и сите останати свадбени локации, како и можноста да остварат контакт со истите.

Уморни сте од шетање по ресторани за свадба? Никако не можете да дојдете до посакуваниот термин во свадбените сали? Сакате една поинаква свадба и потребно Ви е невообичаено место за истата? Ни на крај памет не Ви паднало дека одредена локација организира свадби? Вие сте на правото место! Термин – Свадба Ви ги нуди најдобрите свадбени локации со своите термини на едно место.

Доколку пак сте сопственик на ресторан за свадба, свадбена сала, хотел кој организира свадби или било каква друга свадбена локација, Ве охрабруваме истата да ја пријавите кај нас преку делот „Пријави локација” горе во менито. Нашиот тим веднаш ќе Ве контактира во најбрз можен рок!

Како функционира?

Формата за пребарување на Термин – Свадба Ви овозможува едноставно и брзо да дојдете до посакуваните информации за слободни термини и свадбените локации.

Единствено треба да ги пополните полето „Термин” и едно од полињата „Град” или „Свадбена локација” и веднаш ги добивате бараните информации. Формата за пребарување нуди и дополнителни опции согласно Вашите потреби.

Доколку немате конкретен термин за кој сакате да се изврши пребарувањето, ја одбирате опцијата „Немам конкретен термин” и Ви се отвора можност да внесете пребарување за одреден период во кој сакате да ја организирате свадбената прослава. На располагање Ви стои и опцијата да внесете за кои денови од неделата да се изврши пребарувањето, со што би добиле филтрирани резултати според Вашите потреби.

По добиените резултати за внесеното пребарување, овозможено Ви е и напредно пребарување, односно дополнителни филтри за Капацитет, Минимална цена на мени (без вклучен пијалок) и Вид на свадбена локација.

По пронаоѓање на идеалниот термин на посакуваното место, преку пополнување на краток онлајн формулар Ви е овозможено да испратите барање за истиот директно до свадбената локација. По испратеното барање преку системот на Termin.mk, во рок не подолг од 48 часа, ќе бидете контактирани директно од свадбената локација.

Предности на регистриран корисник на Termin.mk

Регистрацијата на кориснички профил на Termin.mk е брза, бесплатна и безбедна. Со регистрирање на Termin.mk на располагање Ви се дополнителни можности:

  • Побрзо испраќање на онлајн барање за термин
  • Единствено корисничко искуство
  • Добивање внимателно селектирани информации и промоции согласно Вашиот профил и области на интерес