Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!

Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Ресторан Каскада

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Restoran Privaten Parking WiFi Klimatizirano
Место Капацитет Цена
Ресторан Каскада 320 800 (со пијалак)

Краток опис

Ексклузивниот ресторан Каскада е лоциран во срцето на Скопје  покрај самиот кеј на реката Вардар, со неодолив и неповторлив амбиент, базен и фонтани.

 

Угостителски објект со единствена цел, да обезбеди професионална грижа за сите моменти од вашиот живот како свадбени свечености, крштевки, родендени и други видови на веселби. 

 

Целокупниот персонал со своите карактеристики, ќе помогне вашата пригода да помине идеално и префинето, а вашиот момент незаборавен. 

 

Успешноста во ресторанот е во тоа што успева да даде одговор на прашањето "Ќе успееме ли да се договориме онака како нам ни одговара?".

 

На вашата свеченост вие како домаќини и вашите гости, ќе ви биде посветено доволно внимание и гостопримливост.

 

Воедно сакаме да напомниме дека за нашите ценети гости во цената е вклучено:

 

  • Свадбена торта на три спрата;
  • Чоколадна фонтана (неодоливо богата со вистинско црно и бело чоколадо);
  • Шампањ;
  • Комплет декорирана сала (украсни навлаки и цвеќе на секоја маса);
  • Декориран простор за младите за прием на гости;
  • Специјална декорација и влез на младите (лифт);
  • Специјални диско ефекти (пламено фрлачи, дим ашина, снег машина, балон машина, ласери, бркачи, трепкачи ...итн);
  • Хидрауличен подиум (подиум за играње);
  • Фото албум;
  • Покани и бонови.

 

Се за своите гости, со цел да им пружиме задоволство и да своите најубави моменти ги поминат во ресторан "КАСКАДА".

Мапа на свадбена локација

View Restaurant Kaskada in larger map