close

Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

close

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!

Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

load

БЛОГ

Иднината на свадбите – како би изгледале за време и по COVID-19?

12.6.2020 Тимот на Termin.mk

Тешко, непредвидливо и тензично време е за сите, а прашањето што во моментов си го поставуваат идните брачни парови, луѓето инволвирани во индустријата, па дури и самите гости е - што ќе биде со свадбите за време и по COVID-19? Различни шпекулации околу протоколите се шират не само кај нас, туку и во целиот свет.

Како полека земјите ќе прогласуваат “победа” против COVID-19 и ќе се отвораат границите, новото нормално за тоа како свадбените прослави и настаните ќе се одржуваат ќе бара од секого некаква адаптација...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Ковид-19 - можност да се „ресетираат и преобликуваат“ свадбените трендови

14.5.2020 Евгенија Зафировска

Оваа сезона, пистата и еден на еден состаноци кои традиционално би се случувале, беа ставени на чекање поради регулативите за социјално дистанцирање поради COVID-19.

 

Тоа не ги спречи некои од дизајнерите да го продолжат својот креативен дух и да ни украдат воздишки и во ова тешко време... 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 идеи за вашиот одложен свадбен термин поради COVID-19

17.4.2020 Тимот на Termin.mk

“Сине, јас и мајка ти правевме две свадби...” – звучи кул. Дури и ако моравте да ја презакажете вашата свадба, вашиот оригинален свадбен термин e датум кој дефинитивно вреди да се прослави. Еве неколку предлози како да го одбележите денот додека седите безбедни дома.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да ги поддржите вашите свадбени соработници за време на COVID-19?

31.3.2020 Тимот на Termin.mk

Ако планиравте свадба среде пандемијата COVID-19, веројатно доживувате најразлични емоции, од вознемиреност до лутина, тага, страв, фрустрација, неизвесност. Вашите свадбени соработници се токму таму со вас заедно... и од една страна не само што искрено ви помагаат за најбезболно поместување на вашиот настан или во размислувањето околу вашите идни планови, од друга страна се и самите длабоко загрижени за нивниот сопствен бизнис.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 врвни совети за управување со времето на децата пред екранот

26.3.2020 Тимот на Termin.mk

Како се чувствувате кога некој ќе ја започне темата за времето поминато пред екранот? Дали автоматски се карате? Дали ви е страв од пресуда или чувство на вина? Има само неколку топ теми на родителите, за кои автоматски посакувате да не сте биле дел од нив. Времето поминато пред екран е честа тема на муабет.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Зошто треба сериозно да размислите за свадбен термин во работен ден?

24.3.2020 Тимот на Termin.mk

Едно од најголемите прашања и најголемата неизвесност за сите нас е кога ќе заврши целава вонредна состојба и кога сите ние ќе продолжиме да си функционираме нормално со нашите животи...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Научете ги вашите деца лични хигиенски вештини

20.3.2020 Тимот на Termin.mk

Учењето на лична хигиена на вашите деца ќе им помогне да останат здрави, како и да ги избегнуваат заболувањата овој период од годината. Никогаш не е премногу рано да започнете да ги учите вашите малечки за важноста на навиките за добра хигиена. Особено е важно децата пред да тргнат на училиште да ги вежбаат основните хигиенски навики бидејќи таму поголоемиот дел од времето се во близок контакт едни со други, тоа е главно место за споделување на сè, од масата до бактериите. Еве неколку основни практики за лична хигиена за да го научите вашето дете.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Што треба да знаат родителите за Covid19?

13.3.2020 Тимот на Termin.mk

Љубопитните деца треба да имаат прашања во врска со новиот коронавирус и на тоа  експертите велат дека постојат начини да се едуцираат без да предизвикаат непотребена паника.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Практични совети за диета пред свадба

11.3.2020 Тимот на Termin.mk

Сакате да изгледате одлично за вашата свадба, нели? Но што ако не можете да ја облечете венчаницата од соништата? Ретко која невеста се чувствува среќно и задовоно со својот изглед пред нејзиниот најважен ден, кога таа треба да облече венчаница и да го каже своето  судбоносно да.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ТЕРМИНатор на годината 2019

20.2.2020 Тимот на Termin.mk

Екипо, денес Termin.mk полни 6 години, и не случајно го одбравме овој ТЕРМИН за објава на “TЕРМИНатор на годината 2019” - нашите познати кибернетски организими во форма на ресторани за свадби и други event локации, вистински календар click-killeр-и!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Прирачник за успешна свадба во 2020 - од А до Ш

13.2.2020 Тимот на Termin.mk

Дали знаете дека просечен пар ангажира 10 различни услуги поврзани со денот на свадбата? Кои се тие? Ја составивме оваа листа на услуги поврзани со денот на вашата свадба каде ги истакнуваме професионалците во индустријата со цел да ви помогнеме при организацијата и планирањето на вашата свадба.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Termin.mk вработува!

23.12.2019 Тимот на Termin.mk

Тимот на Термин има потреба од Дигитал Маркетер! Ако ти сe допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинално си поигруваш со прости и сложени реченици, фотографии или било какви други умотворби, ти нудиме супер можност. Но претходно погледни дали сме горе доле на иста линија.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадбени трендови 2020

31.10.2019 Тимот на Termin.mk

Како што се наближува 2020 веќе може да се предвидат идните свадбени трендови. Поразговаравме со дел од нашите соработници, го земавме во предвид она што сме го виделе до сега и во која насока се движеле досегашните свадби, и успеавме да извлечеме неколку трендови што претпоставуваме дека дел од нив ќе се актулеизираат во новата деценија и кај нас.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Тренди есенски свадбени бидермаери

27.9.2019 Тимот на Termin.mk

Заедно со времето се менуваат и растенијата, воедно и свадбените трендови.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Невестински јакни за кул вајб на вашата уникатна свадба

30.8.2019 Тимот на Termin.mk

Еден од актулните модерни и урбани свадбени трендови се невистинските јакни... посебно за оние свадби кои се прават во период на пролетта или на есен. Овој аксесоар ви овозможува да направите забавна и уникатна промена за време на вашиот свечен ден.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Идеи за уникатни свадбени десерти

14.8.2019 Тимот на Termin.mk

Долго време класичната свадбена торта владееше со масата на младенците и беше главното "блашко" на секоја од свадбите низ државава... но пристигна времето за промена, време на креативни благи и слатки кои освен што ја прават вашата свадба уште повкусна, додаваат и уникатна декорација која совршено може да се вклопи во целиот свадбен амбиент. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кул поклон за Кул свадба

17.6.2019 Тимот на Termin.mk

Подарок во плико не е секогаш кул, некогаш е потребно да ја пуштите вашата имагинација на слобода и да бидете креативни со вашите подароци. Ви гарантираме дека вашиот креативен подарок ќе биде вечно пoмнет.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Termin.mk вработува!

07.5.2019 Тимот на Termin.mk

Тимот на Термин има потреба од Дигитал Маркетер! Ако ти сe допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинално си поигруваш со прости и сложени реченици, фотографии или било какви други умотворби, ти нудиме супер можност. Но претходно погледни дали сме горе доле на иста линија.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

New York Bridal Fashion Week: Најголемите трендови за свадба во 2020 година

03.5.2019 Евгенија Зафировска

Кои се најголемите трендови за свадба во 2020? Од светските модни писти - Евгенија Зафировска ги споделува свадбените трендовите кои нѐ очекуваат.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Бои кои не смеете да ги носите на свадба

24.4.2019 Тимот на Termin.mk

Доколку сте гостин на некоја свадба, може да ви е малку тешко да одлучите што ќе носите. Еве неколку бои кои мора да ги избегнете, и неколку за кои треба да размислите двапати пред да ги носите.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Трендови за свадбени фотографии во 2019 – совети од Фото Бимбо Wedding Production

16.4.2019 Тимот на Termin.mk

Што точно бараат паровите кога станува збор за овековечување на сите детали од големиот ден? Фото Бимбо Wedding Production е тука да ги сподели со вас најголемите трендови за свадбени фотографии во 2019.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

16 жолти теми за свадба кои ќе ви го разубават денот

08.4.2019 Тимот на Termin.mk

Можеби не е најпопуларниот избор за боја на свадба, но мислиме дека овие жолти свадбени теми ќе ви го променат мислењето. Дознајте повеќе...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 6 - ДОБИТНИЦИ!

07.3.2019 Тимот на Termin.mk

Ги имаме тројцата среќни добитници на бесплатен роденденски термин во игротека - прочитај повеќе ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 6 - Подаруваме 3 роденденски термини

08.2.2019 Тимот на Termin.mk

Време е за #ГагаРоденден 6! Подаруваме 3 бесплатни роденденски термини - дознај како да учествуваш...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да преговарате со свадбените локации и соработници?

01.2.2019 Тимот на Termin.mk

Доколку сте со прилично ограничен буџет можеби ќе сакате да научите како најдобро да преговарате со свадбените локации и останатите свадбени услуги поврзани со денот на вашата свадба... и најдобриот начин истото да го направите може да ве изненади.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Oд Vera Wang до Monique Lhuillier /// EZ

17.1.2019 Евгенија Зафировска

На неделата на венчавки за есен 2019 година беа прикажани најдобрите свадбени етикети - oд Vera Wang до Monique Lhuillier.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најголемите свадбени трендови во 2019

20.12.2018 Тимот на Termin.mk

Доколку планирате да правите свадба во 2019, овие модни трендови нема да ве остават рамнодушни. Од изборот на боите, до декорацијата и храната, ова се најголемите свадбени трендови за новата година. Па, кои ќе бидат најголемите трендови за свадба во новата 2019? Прочитајте повеќе...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КВИЗ: Каков фустан треба да носиш на твојата свадба во 2019?

07.12.2018 Тимот на Termin.mk

Каков фустан треба да носиш на твојата свадба во 2019? Одговори ги прашањата од квизот и дознај!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најдобрите невестински фустани за 2019 – New York Bridal Fashion Week

29.11.2018 Тимот на Termin.mk

Невестинските фустани за есен 2019 конечно дебитираа на модните писти, и можеме да ви кажаме дека се неверојатни! Од улични и урбани изгледи до сензационални и елегантни, овие трендови за 2019 нема да ве остават рамнодушни. Ќе споделиме неколку импресии од New York Bridal Fashion Week, каде што врвните дизајнери на невестински фустани ги откриваат своите најнови колекции и се разбира – трендовите за 2019.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КВИЗ: Дали си супер невеста? Дознај кои се твоите моќи за планирање на свадба!

28.11.2018 Тимот на Termin.mk

Знаеме дека планирањето на совршената свадба може да биде вистински кошмар и понекогаш се чувствувате дека ви треба супер моќ за да го испланирате секој детаљ! Но, верувајте ни, подготвени сте! Всушност, најверојатно имате и некои скриени (или очигледни) таленти за планирање на свадба за кои не сте ни свесни! Започнете го квизот и дознајте која е вашата супер моќ за планирање на свадба!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

КВИЗ: Која свадбена тема најмногу ви одговара?

22.11.2018 Тимот на Termin.mk

Дознајте која свадбена тема најмногу ви одговара и каква треба да биде вашата свадба!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

12 најдобри филмски запросувања

14.11.2018 Тимот на Termin.mk

Планираш да ја запросиш, а не знаеш како? Од едноставни и слатки до смешни и необични – вреди да ги погледнеш овие филмски запросувања. Еве го нашиот избор.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

За што најмногу жалат невестите после свадбата?

07.11.2018 Тимот на Termin.mk

Од помалку деверуши и помал број на гости до повеќе време за својот партнер, еве на што најмногу најмногу се жалат нашите невести.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Трендови за мајката на невестата и младоженецот во 2019

25.10.2018 Тимот на Termin.mk

Најголем дел од вниманието за време на подготовките за свадбата секако се посветува на невестата, но што е со мајката на невестата или зетот? Доколку се обидувате да го најдете совршениот фустан како мајката на невестата или зетот, погледнете ги овие трендови за 2019.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Прва муслиманска свадба? Што да очекувате?

18.10.2018 Тимот на Termin.mk

Доколку сте поканети на муслиманска свадба, треба да внимавате на неколку работи со цел да избегнете незгодни ситуации. Што да носите, како да се однесувате и што да не правите на вашата прва муслиманска свадба?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

19 знаци дека треба да те побара/да ја побараш

10.10.2018 Тимот на Termin.mk

Да се открие вистинското време за следниот чекор во врската и не е така лесно, но е поедноставно отколку што мислите. Без разлика дали сте со вашиот партнер повеќе години, или сте заедно малку време, можеби веќе се прашувате „Дали да предложам брак?“. Постојат некои сигурни знаци дека е време за големото прашање, некои се очигледни, а некои посуптилни.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 5 - ДОБИТНИЦИ!

10.10.2018 Тимот на Termin.mk

Еве ги тројцата среќни добитници на бесплатен роденден во игротека - прочитај повеќе ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

7 свадбени трошоци за кои нема да зажалите

05.10.2018 Тимот на Termin.mk

ланирањето на буџетот за свадбата знае да биде вистински предизвик, особено кога она што го сакате и мислите дека е совршено за вас, чини малку повеќе од планираното. Меѓутоа, ви ветуваме дека на крај на денот, нема да ви биде жал што сте потрошиле малку повеќе за вашата свадба, сепак тоа е најголемата и најзначајната забава која ќе ја организирате.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Планирање на свадба - чекор по чекор

19.9.2018 Тимот на Termin.mk

Се ближи вашата свадба во 2019? Време е да започнете со планирање! Вашата свадба најверојатно ќе биде најголемата забава која сте ја приредиле, и сигурни сме дека сакате сè да биде под конец. Без разлика дали имате повеќе од година или само неколку месеци за планирање, земете воздух и почнете – чекор по чекор.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 5 - Подаруваме 3 роденденски термини

07.9.2018 Тимот на Termin.mk

Време е за #ГагаРоденден 5! Подаруваме 3 роденденски термини на најсреќните! Дознај повеќе ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Меден месец според вашиот хороскопски знак

23.8.2018 Тимот на Termin.mk

Доколку немате време да ја изберете совршената дестинација за меден месец, и им верувате на ѕвездите, тогаш овој текст е за вас. :) Ги избравме најдобрите места за меден месец според секој хороскопски знак, па најдете се!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кои се правилата за детски роденденски подарок?

16.8.2018 Тимот на Termin.mk

Ако некогаш сте се обиделе да го изберете совршениот роденденски подарок за некое дете, тогаш знаете колку тешка може да биде таа задача. Не е лесно да се знае што е прифатливо а што не, кој подарок ќе го гледаат со среќа, а кој ќе сакаат да го скршат, или пак кој е „протоколот“ за подарување подароци на детски родендени. Нема потреба од претпоставување, само следете ги овие едноставни совети.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадбени трендови - пролет 2019 /// EZ

14.8.2018 Евгенија Зафировска

Оваа сезона дизајнерите представуваат иновативни, смели силуети кои даваат силна изјава. Некои веќе добро познати трендови, но и некои нови, можеби и не толку очекувани. Уште на прв поглед се забележува доминација на романтичноста, претставена преку цветните апликации, 3Д-материјалите со цветови, тул, пердуви и невообичаени бои.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

10 најдобри невестински фустани за пролет 2019

07.8.2018 Тимот на Termin.mk

Невестинските фустани за 2019-та пристигнаа, и нема да бидете разочарани. Од магични сирени до casual шорцеви, инспирацијата за овие венчаници ќе ве изненади. Во продолжение – погледнете ги 10-те најдобри дизајни за пролетни венчаници во 2019.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

7 совети за намалување на бројот на гости на свадба

12.7.2018 Тимот на Termin.mk

Мала или голема свадба? Колку гости? Едни од најважните прашања при планирањето на секоја свадба. Многу време се посветува на правењето на совршената листа на гости, и навистина, оваа задача знае да биде многу стресна. Но како да го намалите бројот на гостите? Еве ги нашите совети.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

10 роденденски торти кои мора да ги видите

12.7.2018 Тимот на Termin.mk

На нашиот блог споделуваме многу идеи за забавен детски роденден. Од теми за првиот роденден на вашето дете до супер забавни активности кои можете да ги организирате во некоја игротека. Овој пат, издвоивме 10 супер торти со кои можете да ги изненадете малите роденденковци.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

4 супер идеи за роденденски покани

05.7.2018 Тимот на Termin.mk

Роденденските покани се важен елемент на секоја роденденска забава, а малите обожаваат кога и нив ги вклучувате во нивната изработка. Со малку време и внимание, може да направите супер креативни роденденски покани кои ќе го издвојат вашиот роденден, а малите гости ќе се забавуваат во омилените роденденски теми.

 

Еве ги нашите идеи.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

8 екстремни свадби кои мора да ги видите

05.7.2018 Тимот на Termin.mk

На 1900 метри надморска височина во Нов Зеланд, во поле со лава во Исланд, помеѓу слонови во Кенија, или во црква која лебди на 150 метри во воздухот – запознајте 7 парови кои им даваат поинакво значење на свадбените локации.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Креативни идеи за првиот роденден на вашето дете

29.6.2018 Тимот на Termin.mk

Честитки родители! Ја преживеавте првата година со вашето бебе! :)

 

Нешто го прави првиот роденден посебен, нели? Ова е можеби е и најважниот ден за сите родители, а роденденската забава мора да биде забавна, шарена, весела и да се памети уште долго! Затоа, сакаме да ви помогнеме со неколку идеи за супер тематски прв роденден!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 совети за планирање на свадба за помалку од 6 месеци

29.6.2018 Тимот на Termin.mk

Планирање на свадба за 6 или помалку месеци? Звучи невозможно, но тука сме да ви кажеме дека може да се изведе! Верувајте, сме виделе совршено организирана свадба за 3 месеци, па дури и за помалку време, и секако, им се воодушевуваме на оние парови кои знаат да го направат ова за толку кратко време.

 

Па, во што е тајната? Ги собравме најважните работи кои сметаме дека ќе ви помогнат да ја организирате свадбата од вашите соништа за кратко време. Обрнете внимание и почнете да запишувате, еве ги нашите совети.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 ситуации кои треба да ги избегнете при правење на распоредот за седење на вашата свадба

22.6.2018 Тимот на Termin.mk

Составување на распоред за седење е на некој начин како составување на сложувалка. Постојат многу фактори кои треба да ги земете во предвид при правење на распоредот за седење и често тоа може да претставува вистински проблем. Еве неколку совети со кои ќе ви помогнеме да ги избегнете најчестите проблематични ситуации.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да ги вклучите децата во планирањето на нивниот роденден?

22.6.2018 Тимот на Termin.mk

Доколку сакате да ја направите совршената роденденска забава за вашите најмили, ве советуваме да ги вклучите малите палавковци во најважните елементи на роденденот. Постојат многу забавни начини да го направите ова, а еве ги нашите предлози.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадба на отворено - еве што не ви кажуваат (во GIF-ови)

14.6.2018 Тимот на Termin.mk

Свадба на отворено - звучи супер. Меѓутоа, дали мислевте дека ќе си поминете така лесно? Еве неколку работи кои никој нема да ви ги каже при планирањето на вашата летна свадба, а кои сигурно ќе ве натераат да вреснете - барем малку. :)

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

10 креативни идеи за роденденска забава за зафатени родители

13.6.2018 Тимот на Termin.mk

Кој има време да ја направи совршената торта дома или многуте различни декорации? Ние сме тука да споделиме со вас 10 совети за организирање на роденденската забава на вашето дете што бараат многу малку време и напор.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

7 митови за летна свадба - BUSTED!

07.6.2018 Тимот на Termin.mk

Број еден совет за планирање на летна свадба? - Не се плашете да ги прекршите правилата! Заборавете сѐ што сте слушнале за тоа што е правилно, а што не за свадба во лето, и одете по сопствен пат. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Што треба да знаете за сезонските алергии на вашите деца?

01.6.2018 Тимот на Termin.mk

Прочитајте ги нашите совети како да им помогнете на вашите деца и да ги ублажите симптомите на сезонските алергии за да можат безгрижно да уживаат во природа или на роденденската забава во дворот на своето другарче.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Летна vs зимска свадба - Termin.mk советува

29.5.2018 Тимот на Termin.mk

Одлуки, одлуки – само што сте направиле веридба, или ве побарале, веќе се прашувате кога би било најсоодветно време за свадба. Летна или зимска свадба?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

7 идеи за незаборавна водена роденденска забава

23.5.2018 Termin.mk

Само додадете “повеќе” вода и ќе добиете роденденска забава што навистина ќе направи да се чувствувате како да сте покрај море!

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Кралската свадба како инспирација за вашиот голем ден

10.5.2018 Тимот на Termin.mk

Свадбата на Принцот Хари и Меган Маркл со сигурност предизвика огромна кралска свадбена треска! Барате инспирација? Или можеби планирате кралска свадба на сред Скопје? ☺️ Еве неколку кралски свадбени традиции кои може да ги искористите за вашиот голем ден. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Промоции, попусти и новости во најдобрите игротеки во градот

20.4.2018 Тимот на Termin.mk

Време е за незаборавен пролетен роденден! Најдобрите игротеки се подготвени за супер забава, со неодоливи понуди за малите роденденковци! Погледнете ги сите ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Termin.mk вработува!

18.1.2018 Тимот на Termin.mk

Термин вработува!

Еј, ти кажавме ли дека спремаме ре-дизајн на Termin со многу нови функционалности и цела нова област? Бројот на потенцијални соработници значително ни порасна, па така имаме потреба нов член во тимот за маркетинг и продажба.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

9 знаци дека сте ја одбрале вистинската локација за свадби

12.1.2018 Тимот на Termin.mk

Веќе ви е познато чувството... срцето ви затреперува, дланките почнуваат да ви се потат, почнувате да изгледате како реална верзија на емоји со срценца на очите 😍. Вие сте заљубени... во вашата свадбена локација. Во ред, можеби нема да се осетите како кога го запознавте или вашиот сопружник, но е прилично блиску :)

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 бенефиции на младите родители

28.12.2017 Тимот на Termin.mk

Превземањето на улогата на родител е секако една од најкрупните одлуки кои човекот може да ги донесе. Одговорноста и тежината која ја носи родителствувањето е нешто што бара претходна психичка и секаква друга подготовка.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

4 неверојатни планински локации за зимска свадба

22.12.2017 Тимот на Termin.mk

Што би можело да биде пофасцинирачки од свадбен термин на локација опкружена со планини и природа. Иако овие локации изгледаат неверојатно во сите годишни времиња, сепак планината остава особен впечаток во ладните денови. Нашиот избор на локации е инспириран од места ширум светот, меѓутоа нашата земја крие исто толку, па дури и повеќе, фасцинантни природни убавини совршени за вашата прослава.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

4 совети за подобрување на самодовербата на вашето дете

15.12.2017 Тимот на Termin.mk

За да си го интерпретираат светот кој ги опкружува, децата се потпираат на своите родители. Иако често не признаваат, децата всушност веруваат во се што ќе чујат од родителите. Мислењето на родителот има најголем импакт врз самодовербата на детето и врз генералната емотивна состојба. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Совети за купување венчаница од plus size модел

13.12.2017 Тимот на Termin.mk

„Маките“ да се одбере совршената венчаница ѝ се одлично познати на секоја жена. Кога доаѓа време да се одбере фустан за најважниот ден во животот на секоја жена, дури и оние со совршена фигура наидуваат на проблеми. Но, ние во овој текст ќе се осврнеме повеќе на оние популарно наречените plus size или пополнети жени.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како полесно да ги заспиете вашите деца

07.12.2017 Тимот на Termin.mk

Родителстувањето е исцрпна и одговорна работа, па секој млад родител ќе се сложи дека најважно е да се воспостави распоред на активностите со цел да се издвои доволно време за одмор, како за детето така и за него самиот. Непроспаните ноќи знаат да резултираат со анксиозност, намалена концентрација и генерално промена во однесувањето, што дополнително може да ви ја отежни задачата. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадбени трендови за 2018та година

28.11.2017 Тимот на Termin.mk

Годината полека но сигурно одминува, заедно со трендовите кои ја одбележаа. Зимата може да се намириса а со неа и новата година. А какви свадбени трендови ќе донесе таа 2018-та година?!

Termin.mk ви ги пренесува последните „трачеви“ поврзани со свадбените веселби, венчаници, локации, идеи и се останато поврзано со најважниот ден во животот. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Неколку совети како да му кажете „НЕ“ на вашето дете

27.11.2017 Тимот на Termin.mk

За некои родители е навистина предизвикувачки да ги дисциплинираат своите деца. Родителската љубов не ретко е пречка на децата да им се објасни дека нивното однесување или некоја нивна постапка е лоша или несоодветна. Секој родител би сакал да види насмевка на лицето на неговото дете, меѓутоа децата често знаат да ја преминат границата и да направат нешто неприфатливо. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Меден месец во „Малиот Париз“

24.11.2017 Тимот на Termin.mk

Медениот месец е одлична прилика да се одморите од напорните подготовки на вашата свадба и ослободите од притисоците кои организирањето на истата ги носи. Доколку вие и вашиот партнер сте авантуристи, меѓутоа го сакате урбаниот живот и мотрополите, а сепак сакате да се опуштите, ние имаме одличен предлог за вас. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 4 - ДОБИТНИЦИ!

20.11.2017 Тимот на Termin.mk

Еве ги тројцата среќни добитници на бесплатен роденден во игротека - прочитај повеќе ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадбен термин во симболот на Големото Јаболко

17.11.2017 Тимот на Termin.mk

Дали сте знаеле дека Њујоршката Јавна (градска) библиотека дозволува организирање на приватни настани во своите простории? 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Детски забавен парк од автомобилски гуми

16.11.2017 Тимот на Termin.mk

Уникатен детски забавен парк, целосно направен со користење на рециклирани автомобилски гуми. Ниши Рокуго паркот во јапонскиот град Кафасаки е одличен пример за паметно користење на материјали кои може да се рециклираат. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Скопските игротеки - Роденденски подароци, актуелни промоции, попусти...

10.11.2017 Тимот на Termin.mk

Поразговаравме со дел од нашите соработници, едни од најдобрите скопски игротеки на кој начин ги наградуваат своите клиенти. Какви сѐ подароци, поволности нудат и кои се активните промоции?! Прославете го роденденот на вашето дете со незаборавна забава за целото друштво! 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како славните личности прават роденденски забави за своите деца

10.11.2017 Тимот на Termin.mk

Во светот на славните личности родендените на децата се сфаќаат мошне сериозно. На нив се трошат неверојатни суми на пари но и се реализираат некои од најлудите идеи! Доколку планирате да го прославите роденденот на вашето дете онака како тоа го прават холивудските ѕвезди, погледнете дел од најспектакуларните детски родендени. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

4 неверојатни локации за организирање на вашата свадба

03.11.2017 Тимот на Termin.mk

Секој пар сака да го одбележи стапувањето во брак на несекојдневен и невообичаен начин. Меѓутоа сепак постојат извесни традиционални стандарди кои се очекува да бидат запазени при планирањето на свадбениот термин. Ние ви нудиме неколку интересни и автентични локации кои се надеваме дека ќе ве инспирираат. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Маскирајте се во тандем за Ноќта на вештерките!

25.10.2017 Тимот на Termin.mk

Како што е познато на крајот на 10тиот месец во годината, во западните култури се прославува Ноќта на вештерките или Haloween. Овој празник иако не е дел од нашата традиција и култура, во последните неколку години добива на популарност и во источните делови на Европа, но и многу други делови од светот. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Совети за справување со емоционалната криза на вашето дете

25.10.2017 Тимот на Termin.mk

Често се случува родителите и децата да функционираат синхронизирано кога се работи за емоциите. Во случај детето да е вознемирено, родителот по автоматизам сочувствува со него. Децата се емоционално неоформени и родителите чувствуваат должност да се грижат за влијанието на истите врз своето дете. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 4 - Доделуваме 3 бесплатни роденденски термини

24.10.2017 Тимот на Termin.mk

Време е за #ГагаРоденден 4! Доделуваме 3 бесплатни термини за роденден во една од најдобрите игротеки во градот! Дознајте како да учествувате ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како настануваат најубавите свадбени фотографии

16.10.2017 Тимот на Termin.mk

Специјалните пригоди имаат потреба од специјални фотографи. Професионалци на ниво на задачата, подготвени да се пожртвуваат за вие да имате совршени фотографии од најголемиот ден во животот.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

На која рака и кој прст се носи венчалниот прстен?

12.10.2017 Тимот на Termin.mk

Венчалниот прстен е неизоставен дел од речиси секоја свадбена веселба. Тој има кружна форма, која го симболизира совршенството, вечноста. Со други зборови тој претставува неделива целина која нема почеток и крај. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да го одбегнете стресот при планирањето на вашата свадба

10.10.2017 Тимот на Termin.mk

Соочување со големо количество на стрес е нешто со што се соочува речиси секој пар за време на планирањето на сопствената свадба. Стресот често е предизвикан од ситници, како на пример изборот на цвеќе, чевли, облека, накит и сл. сѐ со цел да се исполнат општествените и лични очекувања. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Шест одлични причини зошто роденденот на вашето дете да го прославите во игротека

06.10.2017 Тимот на Termin.mk

Сте размислувале ли некогаш кои се предностите од прославување на детски роденден во игротека? Ако сте воопшто во дилема, дали бенефитите постојат, бидете сигурни, бидејќи игротеката е место каде забавата на вашето дете е професионална определба.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Развијте ја и негувајте ја креативноста на вашето дете

03.10.2017 Тимот на Termin.mk

Постојат 3 клучни состојки за развојот на креативноста кај децата, но и кај возрасните. Потребни се време, простор и разбирање. Креативноста е нагон, доаѓа случајно и никогаш не може да се предвиди. Некогаш го нема со денови или со месеци, а некогаш едноставно се доживува наплив кој е невозможно да се задржи. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Романтичен меден месец на брегот на Индискиот Океан

03.10.2017 Тимот на Termin.mk

Една од најромантичните локации на црниот континент, Мозамбик. Една од најпопуларните дестинации за светските авантуристи. Нуди мноштво на несекојдневни и интересни активности. Во Мозамбик ќе можете да заминете на популарното сафари низ Ниаса националниот резерват или пак да се сончате на брегот на Индискиот Океан. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Помогнете му на вашето дете да стане нинџа воин

02.10.2017 Тимот на Termin.mk

Речиси секое дете, независно од полот, има желба да изведува разни неконвенционални физички активности во домот, но и надвор од него. Активностите можат да се разликуваат од скокање по мебелот, до криење во плакари, па се до качување на покривот на училиштето. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Веренички и венчален прстен за парови кои обожаваат минимализам

27.9.2017 Тимот на Termin.mk

Доколку сте еден од ноие парови кои ја сака природата или пак негувате минималистички стил, или можеби обете, имаме одличен предлог за избор на вашиот веренички или венчален прстен. Се работи за рачно изработени, уникатни прстени од благородни метали. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Моќта на времето поминато во играње

20.9.2017 Тимот на Termin.mk

Ако го запрашате вашето дете како си поминало на училиште, најчестиот одговор кој можете да го добиете, всушност ќе се однесува на големиот одмор или друг дел од наставата кој вклучува забава. Времето поминато во играње за децата претставува извор на емоции во рутинираното секојдневие ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

11 непријатни разговори поврзани со вашата свадба

17.8.2017 Тимот на Termin.mk

Голема и значајна улога во подготовките и планирањето на вашата свадба е справувањето со луѓето – вашето семејство, вашите сватови, гости, свадбени локации, други услуги поврзани со денот на свадбата итн. Понекогаш, со овие луѓе може да искрснат ситуации кои се исто толку забавни како кога ќе налетате “ќори” пијани на бивша.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Тимот на Термин.мк има потреба од интернет маркетинг нинџа практикант!

28.7.2017 Тимот на Termin.mk

Ако ти се допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми, сакаш да си поигруваш со прости и сложени реченици, дизајни или било какви умотворби, и најважно од сѐ, сакаш да научиш... погледни што ни е потребно...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Роденденски летни попусти и понуди во најдобрите игротеки во градот

13.7.2017 Тимот на Termin.mk

Летниот период е одличен за прослава на роденденот на вашето дете во игротека! Иако веројатноста е голема дека поголем дел од поканетите нема да ви дојдат поради летните одмори, од друга страна пак повеќето од игротеките нудат неверојатни попусти и промоции...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Погледнете ја најголемата затворена игротека во светот!

13.7.2017 Тимот на Termin.mk

Добредојдовте во Frolic’s Castle – најголемата игротека за деца на затворено во светот! Погледнете го видеото и видете што сè ве очекува во замокот на зелениот змеј...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

15 апликации за планирање на свадба кои секоја невеста мора да ги има

03.7.2017 Тимот на Termin.mk

Колку пати сте посакале да имате свој личен асистент кој ќе ви помогне да ја испланирате вашата свадба? Некој кој ќе ви ја даде потребната инспирација за големиот ден, идеи за декорирање, ќе ја стокми листата на гости и распоред на седење и ќе ви помогне брзо и лесно да се одлучите за фустаните на деверушите?

Ѕирнете ги овие супер мобилни апликации за планирање на свадбата...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

15 супер кул игралишта за деца во светот

19.6.2017 Termin.mk

15 супер кул игралишта за вашето дете кои нема да ве остават рамнодушни. Погледнете ги...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Априлски понуди и попусти во најдобрите игротеки во градот

06.4.2017 Тимот на Termin.mk

Априлски роденденковци! Ги издвоивме најдобрите понуди и попусти во најдобрите игротеки во градот, само за вас! Погледнете ги и пребарајте слободен термин за роденденот на вашето дете ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

21 начин да заштедите за вашата свадба во Македонија

06.4.2017 Тимот на Termin.mk

Полека но сигурно започнува сезоната на свадбите и многу наскоро ќе започнеме сè почесто да гледаме фотки, видеа и “сториња” од невести, зетовци, кумови, старосватици, девери и деверуши. Свадбата, посебно во нашиве краишта, и те како е еден важен настан на кој му се придава особено внимание, време и пари. Од нас неколку совети за тоа како да бидете поефективни и ефикасни пред овој посебен ден :)

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

РОДЕНДЕНСКИ #ГагаРоденден #3 - ДОБИТНИЦИ!

13.3.2017 Тимот на Termin.mk

Ги имаме тројцата среќни добитници на бесплатен роденден + роденденска торта! Дознајте дали ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

РОДЕНДЕНСКИ #ГагаРоденден #3

20.2.2017 Тимот на Termin.mk

Termin.mk наполни 3 години, а роденден не е роденден без супер подароци! Затоа овој 3-ти роденденски #ГагаРоденден ќе биде во знакот на 3-ката! Дознајте како да учествувате ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#СакамПлико - ДОБИТНИЦИ!

29.11.2016 Termin.mk

Ги имаме среќните добитници од промоцијата #СакамПлико! Дознајте дали сте еден од нив ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Зошто дијамантски, кога можеш со моисанит прстен?

29.11.2016 Termin.mk

Сте слушнале за Моисанит? Сигурно не. Дознајте зошто на овој нов драгоцен камен му завидува и дијамантот …

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Декорација на зимски роденден - неколку совети

22.11.2016 Termin.mk

Полека но сигурно - зимата нè стигна. А сите вие кои мислите дека зимските родендени не се забавни, само почекајте. :) Во продолжение - неколку совети за декорација на ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

5 идеи за супер роденденско мени

16.11.2016 Termin.mk

Најважното прашање за роденденот - „Што ќе има за јадење“? Малите обожаваат интересни закуски, а ние ви даваме 5 идеи за супер роденденско мени. Погледнете ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден 2 - ДОБИТНИЦИ!

10.11.2016 Termin.mk

Тројцата среќни добитници на #ГагаРоденден во игротека се ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да направите интересна роденденска покана?

08.11.2016 Termin.mk

Доколку се ближи роденденот на вашите најмили и веќе одбравте во која игротека ќе го прославите покрај роденденската торта која е неизбежен дел од забавата и кај нас можете да ја најдете на супер попуст, роденденските покани се уште еден мал, но значаен елемент, по кој можете да направите роденденот на вашето дете да остане запомнет.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Единствената играчка што треба да се скрши

02.11.2016 Termin.mk

Совршениот додаток за вашата роденденска забава е токму единствената играчка што треба се скрши. Дали за која играчка зборуваме?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Halloween: Неколку идеи за најстрашниот роденден до сега

25.10.2016 Termin.mk

Освен по пожолтените есенски лисја, крајот на октомври е познат и по Ноќта на вештерките или Halloween. Погледнете ги овие супер идеи за вистинско „хорор“ роденденско изненадување ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#СакамПлико - Поклон во плико од Termin.mk

23.9.2016 Termin.mk

Здраво идни младоженци, ако сè уште сте во потрага по посакуваниот термин и идеалната локација за вашата свадба, или патешествието од една свадбена локација до друга штотуку треба да започне, ова жолто плико е токму за Вас!

Дознајте за какво плико станува збор ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ГАГА РОДЕНДЕН 2 - Доделуваме 3 термини за роденден

14.9.2016 Тимот на Termin.mk

По успешно организираната прва промоција "Гага Роденден", решивме повторно да си поклонуваме незаборавни родендени во најдобрите игротеки во градот ☻. Време е за #ГагаРоденден 2" и супер роденденска забава за најмалите...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Неколку совети за совршена есенска свадба

07.9.2016 Termin.mk

Есента е прекрасно време за да се прослави љубовта и соединувањето на двајца луѓе. Хармонијата и топлината што ги носи можат совршено да се вклопат во вашата свадбена прослава. Погледнете ги нашите предлози кои ќе ја направат вашата есенска свадба совршена...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Роденден за паметење – како да организирате супер роденден за најмалите

06.9.2016 Termin.mk

Па, кој е најдобриот начин да го организирате роденденот на вашето дете? Какви ќе бидат поканите, каде ќе биде роденденот, колку луѓе ќе има, каква торта и уште многу прашања за најважниот ден на слатките и неуморни славеници.

 

Во продолжените неколку насоки и совети кои гарантираат супер роденденска забава како за најмалите, така и за возрасните. Да започнеме!

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

7 свадбени трендови во 2017

19.8.2016 Termin.mk

Илјадници локации, милион начини за декорација и безброј закажани термини за свадба. Сигурно сте се запрашале – како би требало да изгледа совршената свадба?

Различни вкусови, различни датуми, различни гости – сето ова влијае врз изборот на свадбената тема и атмосферата во која ќе се одржи најважната ноќ. Меѓутоа, секогаш е добро да се има одредени насоки кои ќе ни помогнат да кажеме – „Да – сакам ваква свадба!“.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Како да изгледате совршено на летна свадба – 6 совети за мажи

10.8.2016 Termin.mk

Втор бран летни свадби, а многумина од вас се уште се двоумат што ќе носат на наредната свадба на отворено. Додека поголемиот дел од времето го минуваме во casual облека, кога ќе дојде време за свадбената прослава, сите сакаме да изгледаме пристојно, колку и да се обидуваме да го "скриеме" тоа... машка работа :)

Зошто е потребно да знаете што ќе облечете?

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Слатката страна на роденденот - 8 интересни идеи за роденденска торта

10.8.2016 Termin.mk

Слатки покани, слатки роденденковци и слатки играчки. А сега е време и за слатки торти.

Кој не се радува на роденденска торта? Погледнете ги нашите идеи ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

10 уникатни свадбени локации

13.7.2016 Termin.mk

Кога станува збор за долго очекуваниот ден, некои се решаваат да ги прескокнат рестораните и класичните свадбени локации. Погледнете ги овие необични свадбени локации ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

#ГагаРоденден ДОБИТНИЦИ!

01.7.2016 Termin.mk

Тројцата насреќни добитници на #ГагаРоденден се ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ГАГА РОДЕНДЕН ВО ИГРОТЕКА! - Доделуваме 3 термини за роденден

31.5.2016 Тимот на Termin.mk

Време е за #ГагаРоденден и супер роденденска забава за најмалите!
Доделуваме 3 термини за роденден во игротеката која вие ќе ја изберете. Сѐ што треба да направите е ...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Летни свадбени моменти – авантура која трајно ќе ве држи во импресии

30.5.2016 Александар Војнески

Пролетта оваа 2016 година, вака-така, квалитетно ја раситнивме (во денови), а летото веќе почнуваме да го чувствуваме во воздухот. А со летото доаѓаат и добар дел од свадбените термини кои младите брачни парови ги имаат резервирано уште од зимските денови, па пополека ги осмислуваат, дефинираат и реализираат сите детали и моменти од еден од најважните денови во нивните животи.

 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Свадба на „висока нога“ – кога времето вистински е на ваша страна

21.5.2016 Александар Војнески

Ама кога ќе речеме на висока нога, не мислиме само на екстраваганција, елеганција, малку повеќе луксуз и слично – буквално мислиме „на високо“. На пример, свадбен термин во саат кула како оваа во Денвер.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

2 ГОДИНИ ТЕРМИН - ДОБИТНИЦИ!

17.5.2016 Филип Стефановски

Погледнете дали сте Вие добитникот на супер патувањето...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Најмагичната свадба што некогаш сте ја виделе

09.5.2016

Секој млад пар сака почетокот на нивниот заеднички живот да биде одбележан и запаметен како посебен. Па така, водени од својата огромна љубов и пасија кон книгите за Хари Потер, Кејси и Луис Бајрум решиле да направат тематски инспирана свадба, токму од приказната напишана од Џ.К Роулинг. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Судбоносното „Да“ во филмско студио: За свадба со филмска екстраваганција

01.4.2016 Александар Војнески

Романтичен амбиент, суптилна, но екстравагантна сценографија, романтична идила и љубовна атмосфера – ви звучат познато овие моменти, овие сцени? Веројатно нема романтична душа која не се воодушевувала на ваквите филмски кадри од романтичните драми, истовремено сонувајќи и за себе еден таков посебен момент во животот. Е токму тоа можете да го добиете како животно доживување, и тоа на најважниот ден во вашиот живот – свадбената прослава.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ТЕРМИН ВРАБОТУВА

23.3.2016 Од управата

Ако си слушнал за нас и ти се допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми и сакаш креативно да се изразуваш преку истите, оригинално си поигруваш со прости и сложени реченици, фотографии или било какви други умотворби, ти си само за кај нас. Но претходно види дали сме горе доле на иста линија. 

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Лет со „прва класа“ во брачните сфери: Свадбена комбинација од луксуз и префинет стил

19.3.2016 Александар Војнески

Полека, но сигурно, и кај нас веќе се развива еден модерен тренд на свадбени термини со тематски дефинирана атмосфера и амбиент кои го напуштаат стандардниот ресторански пристап кој луѓето сè уште го чувствуваат како побезбедна и проверена варијанта и воедно формула за успешна свадба.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

2 ГОДИНИ ТЕРМИН - Патување за Вашето семејство!

15.3.2016 Филип Стефановски

Се ближи роденденот на Вашето дете? Одлично, ова патување е можеби токму за Вас и Вашите најмили ☻ По повод 2 години Termin.mk на македонскиот пазар, на најсреќниот од Вас ќе доделиме супер забавно патување за целото семејство. Како до...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

2 ГОДИНИ ТЕРМИН - Свадбено патување!

15.3.2016 Филип Стефановски

Свадба во 2016? Одлично, ова патување е можеби токму за Вас ☻ По повод 2 години Termin.mk на македонскиот пазар, на најсреќниот од Вас ќе доделиме супер свадбено патување. Како до...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

2 ГОДИНИ ТЕРМИН - 2 СУПЕР ПАТУВАЊА!

15.3.2016 Филип Стефановски

Се уште размислувате во која свадбена локација ќе ја правите Вашата свадба? Или пак во која игротека ќе го прославите роденденот на Вашето дете? Одлично, нашето мало изненадување е токму за Вас ☻ По повод две години од нашето постоење на македонскиот пазар, решивме на најсреќните од Вас да Ви доделиме две супер патувања. За повеќе информации...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Вашиот „свадбен термин“ на платно – затоа што и свадбата е уметност, и уметноста забава

04.3.2016 Александар Војнески

Непобитен факт е дека технолошкиот развој во нашето секојдневие буквално гази сè пред себе. Технологијата не само што гази, туку гази со сигурен и брз чекор, па со неа, на некој начин, брзо и динамично се менуваат и трендовите. Неспорно, големи се придобивките од истата, а во овој контекст ќе споменеме една многу битна за нас - електронската проверка на свадбени термини. Сепак, динамиката на технологијата носи ризик она што некогаш беше уметност, денес да биде е баналност. Уметноста се тривијализира, а баналноста, пак, се воздигнува на некое навистина недостојно ниво.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Летечка свадба: Кога зетот и невестата ќе полетаат од љубов – буквално!

26.2.2016 Александар Војнески

„И еве ја невестата, долетува до зетот, церемонијата може да започне“. Ова звучи атрактивно, нели? А изгледа уште поатрактивно во живо, како уште една свадбена атракција која ги крши конвенциите на „обичните“ венчавки.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Подземното езеро во Корнвол – интимна свадба крај кристалните подземни води

18.2.2016 Александар Војнески

Уште еден предлог за невообичаена свадбена церемонија на уште понеобично и неконвенционално место – овој пат „во минус по вертикала“, односно, на околу 50-60 метри под површината на земјата.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Да „пука“ адреналин: Екстремна свадбена фотосесија на висина од 100 метри

11.2.2016 Александар Војнески

Фотографот Џеј Филбрик за сите млади парови кои својата љубовна врска сакаат да ја крунисаат со брак, но со малку поневообичаена фотосесија која излегува од рамките на монотонијата и тривијалноста, нуди возбудлив и адреналински фотографски третман во поекстремни услови – искуство кое гарантирано вистински се памети до крајот на животот.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

ICEHOTEL – прв леден хотел во светот прилагоден за свадби

20.1.2016 Фиќаре

Ремек-делото наречено ICEHOTEL, е првиот “леден” хотел во светот, изграден во 1989 година во Шведска. Лоциран е во северна Шведска, во селцето Jukkasjärvi, 200Km северно од Арктичкиот Круг. Несекојдневната локација, мразот, снегот, бојата на небото и неверојатното опкружување на ICEHOTEL не оставаат никого рамнодушен и истовремено нудат многу опции за вашата свадба...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Hotel Kakslauttanen - вистински рај за свадба од соништата

18.12.2015 Стефан Димевски

Многу парови потрагата по совршената локација за реализација на својата свадба ја завршиле штом дошле во контакт со Hotel Kakslauttanen...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Невообичаена Star Wars свадба - кога Darth Vader и Luke Skywalker играат оро заедно

15.12.2015 Стефан Димевски

Како најава на претстојната декемвриска премиера на новиот дел од филмот Star Wars, Termin.mk на оние најтврдокорните фанови на овој Sci-Fi филм им препорачува свадба од соништата. Ние имаме да Ви понудиме свадбени локации, на Вас останува храброста.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Попусти за супер свадбена заштеда

24.5.2015 Filip Stefanovski

Направете го вашиот свадбен термин супер брз и економичен. Покрај онлајн проверката на слободните термини во најдобрите ресторани за свадби и останати свадбени локации, ви овозможивме дополнителна услуга со која секој ваш резервиран термин може да стане огромна заштеда.

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ

Нови бизнис термини на Termin.mk

06.5.2015 Филип Стефановски

Ја започнавме нашата приказна на 20ти Ноември 2014 година со иновативен и единствен продукт, не само на македонскиот пазар, туку и пошироко во регионот, кој понуди бесплатна проверка на термини во свадбени локации, игротеки и спортски објекти. Од првиот ден ги слушавме Вашите потреби и потребите на нашите соработници, континуирано развивајќи го Termin.mk во кориснички ориентиран бренд кој ќе биде синоним во Република Македонија за проверка и најбрзо доаѓање до слободни термини за сите области кои функционираат на принципот резервација на термин...

ПРОЧИТАЈ ПОВЕЌЕ
 Постари Објави Понови Објави 

Следете не