Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Везилка

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Restoran Otvoren Prostor Nevoobicaena Lokacija Privaten Parking WiFi Klimatizirano Kreditna Karticka
Место Капацитет Цена
Ресторан Везилка 550 1169 (со пијалак)
Испратете барање или јавете ни се
  • Телефон

    +389 78 225 670

Краток опис

Везилка е ресторан за свадби, свечености, прослави и семејни веселби, кој постои од Мај 2014. За овој краток период, се етаблираше како врвен, реномиран и уникатен ресторан, кој со својот единствен изглед и приказна ги импресионира и оние со највисоки критериуми и барања.

 

Следејќи ги светските трендови за подготовка и служење на храна, Везилка стана авангарда и наметна комплетно нова дефиниција на свадбените менија. Искуството и посветеноста , пак, на менаџерскиот тим, дозволува организациски пристап кој е автентичен и прилагоден на секој клиент.

 

Флексибилноста на просторот овоможува тој да се прилагоди и прегради за прослави од 50 гости до свадби со 550 гости а сепак да ја задржи својата форма и елеганција. Главната ориентација на Везилка е одржување летни свадби па затоа и самиот ресторан е проектиран и дизајниран според тие потреби. 

 

Везилка нуди и сопствен кетеринг сервис, неодолива храна која е професионално подготвена, декорирана и сервирана за уникатно гурманско доживување. 

 

Ресторанот Везилка има:

 

  • Летна тераса од 1000m2 која целосно е покриена со уникатен дизајн на бела мембрана (тенда)
  • Професионално осветлување во боја
  • Оптимален капацитет од 300 гости и максимален од 550 гости
  • Голема современа кујна според HACCP
  • Два шанка
  • Простор за играње од 300 м2
  • Голема сцена за музиката
  • Посебен простор за пречек и за фотографирање со гостите
  • Тоалет само за невестата
  • Сопствен паркинг-простор за 150 возила

 

Испрати барање за свадба, резервирај во локацијата и искористи свадбени попусти од Термин.мк!

Мапа на свадбена локација

View Vezilka in larger map