Пребарувањето на Pinterest и разни блогови наменети за родители за идеи поврзани со роденденот на вашето дете може да биде доста исцрпувачко за еден зафатен родител. Кој има време да ја направи совршената торта дома или многуте различни декорации?
За среќа, постојат огромен број на опции кои ви го овозможуваат тоа за многу кратко време. Ние сме тука да споделиме со вас 10 совети за организирање на роденденската забава на вашето дете што бараат многу малку време и напор.
1. Оnline покани
Заборавете ги испечатените покани и известете ги вашите гости за роденденот онлајн преку вашата email адреса, ефектот е ист а трошоците и потребното време се помали. Може да прикачите и интересна слика од вашето дете и сето тоа да изгледа како разгледница. Истото можете да го направите и преку вашиот фејсбук профил.
Една од скопските игротеки веќе се погрижи да ви го олесни овој процес, следете не и наскоро ќе дознаете како и која игротека ви го нуди овој современ систем на канење.
2. Одберете го најдобриот ден во неделата за вас
За зафатените родители кои работат во текот на целата недела, наш совет е дека роденденските забави во Недела ви даваат многу повеќе време за шопинг и подготвување за забавата, додека родендените во Сабота ви ослободуваат многу повеќе време за чистење и средување.
Откако ќе се одлучите за денот кој најдобро ви одговара, Термин.мк - единствениот веб сајт за проверка на термини во игротеки и локации за детски родендени, ви овозможува да ги пребарате слободните термини во некоја од игротеките за тој ден.
3. Скратете го времетрањето на роденденот
Ако вашата фамилија е зафатена со работа, училиште и други активности, погодете што? Сите ваши гости ги имаат истите обврски. Кратка роденденска забава е сосема во ред. Наш совет е да го испланирате роденденот да трае 1 час за помали деца до предшколска возраст, и 2 или 3 часа за малку поголеми деца. Најголем дел од скопските игротеки го имаат совршено испланирано времетраењето на родендените кое е ограничено на максимум 2 часа.
4. Одберете ја вистинската локација
За родителите кои немаат време, избор на локација или игротека која ќе се погрижи за се, вклучувајќи ги и декорациите, храната и забавата можеби претставува најдобра идеја. Многу од игротеките на Термин.мк ви го овозможуваат ова и ви заштедуваат огромен дел од вашето време.
Ако вашиот буџет ви дозволува, поголемите деца би уживале во:
- Лизгалиште или возење ролери
- Парк со трамболини
За децата под 5 годишна возраст ви препорачуваме:
- Зоолошка
- Замоци за скокање
- Воден парк
5. Забава во парк
Ако буџетот ве ограничува, размислете за роденденска забава во вашиот локален парк. Децата ќе може да трчаат наоколу и да си играат во тревникот додека возрасните уживаат во пикникот. Ви препорачуваме да ги понесете следните најважни работи:
- Ќеси за ѓубре
- Влажни марамчиња
- Салфети
- Млеко за сончање и спреј за инсекти
- Свеќи за тортата
- Ќебенца или столчиња
6. Забава дома
Како втора опција доколку сте ограничени со буџет нека биде забава во вашиот дом или двор. Доколку имате двор може да набавите projector и на децата да им го пуштите омилениот цртан. Не ги заборавајте и пуканките!
Други идеи за домашна забава:
- Утринска или пижама забава
- Спортска забава во двор со фудбал или кошарка
7. Декорирајте со еден клик
Без разлика дали вашето дете е фан на Frozen, суперхерои, или некој спорт, декорациите за роденден со омилениот карактер се неизбежни.
За да не губите време низ трговските центри и продавници, денес имате можност да нарачате сѐ од типот на банери, конфети, костуми, балони, со само неколку клика и сите овие работи да ги имате доставено до вашиот дом неколку дена пред забавата. Тргнете од Aliexpress, само со време. ☺️
8. Не се грижете за тортата
Наместо да чекате ред во слаткарница или да трошите време на телефон за да нарачате торта по желба, можете тоа да го направите онлајн. Термин.мк ви овозможува торта со омилениот карактер на вашето дете со само еден клик.
9. Сервирајте храна која што не треба да ја готвите вие
Не мора да поминувате цела вечност во кујната за да ги задоволите желбите на сите, доволно е да знаете каков тип на храна сакате и да кликнете на омилениот кетеринг, останатото е лесно.
10. Побарајте помош за чистење
Децата може да ви бидат од голема помош за чистењето после забавата.
Посочете им ги корпите за отпадоци и рециклирање за да можат да ги фрлат пластичното тањирче и приборот по завршување со оброкот. Тоа значи помалце работа за вас после забавата.