Кога станува збор за долго очекуваниот ден, некои се решаваат да ги прескокнат рестораните и класичните свадбени локации. Факт е дека секој сака својата свадба да ја направи уникатна, па од тука, одлуката за необична локација можеби и не толку лоша идеја.

 

Подолу, неколку необични локации за свадба, кои нема да ве остават рамнодушни ниту вас, ниту вашите гости.

 

1. Мост на љубовта

 

Во Newry, Maine, САД, изграден е мостот наречен The Artist’s Bridge, кој се протега низ реката Sunday River, и претставува една од поромантичните локации за свадба. 

 

 

Стариот мост, изграден во далечната 1872 година, претставува симбол на љубовта, а многумина ги пречекуваат своите гости тука, препуштајќи се на прекрасниот планински поглед.

 

2. Романтична пештера

 

Без многу мислење за свадбената декорација – за свадба во пештера нема ни да ви треба. 

 

 

Паровите кои некогаш размислувале за венчавање во пештера, тоа може да го направат во Missouri, САД. Постојат повеќе вакви пештери, меѓутоа познатата Bridal Cave има своја долга традиција. Една од старите индијански легендите е дека првата венчавка овде се случила во 1800 година.

 

3. „Вртоглава“ свадба

 

Свадба на roller coaster? Зошто да не.

 

Во Cedar Point Аmusement Park во Охајо, на еден од највисоките roller coaster-и врескањето на судбоносното „ДА“ е повеќе од дозволено. 

 

 

Ќе треба добро да ги подготвите гостите пред вакво возење, но сигурно ќе им биде забавно искуство.

 

4. Венчавка во воздух

 

Сте размислиле ли како би изгледала една свадба во воздух?

 

Во Albuquerque, New Mexico, младоженците буквално се вивнуваат во воздухот и своето „ДА“ го кажуваат од високо.

 

 

На Интернационалната Балонска Забава, младоженците имаат можност да изнајмат летечки балони и да ги допрат облаците. И тоа не е сѐ, некои балони собираат до 12 луѓе, со што вашите гости може да уживаат во мини небесна свадба.

 

5. Брзо, кажи „ДА“ и да си одиме!

 

Тука вашата љубов мора да ве згрее – венчавка на глечер во Juneau, Alaska, звучи примамливо?

 

Компанијата за венчавки во Pearson’s Pond, им помага на младоженците да ја организираат својата свадба на глечер. Верувајте, тоа воопшто не е лесно.

 

 

Прво, младоженците стигнуваат до малото гратче со брод, па потоа се качуваат во хеликоптер кој ги носи до самиот глечер. Бидејќи тука секогаш е ладно, топлата облека и издржливоста се задолжителни.

 

6. Лавови и тигри – гости на свадбата

 

Доколку сакате да го поминете вашиот најубав ден со некои од најголемите предатори - Lions, Tigers & Bears, непрофитниот и егзотичен храм за животни е тука да ви помогне. 

 

 

На ова место живеат различни животни, од тигри и леопарди, до минијатурни коњи. Гостите на свадбата по завршувањето на церемонијата, заспиваат со звуците на ова животинско царство, будејќи се во прекрасна природа.

 

7. Свадба на локација стара 3000 години

 

Повеќе од 600 антички тврдини кои им припаѓале на Маите се наоѓаат во Белизе. 

 

Голем дел од нив се сега место каде што младоженците можат да ја искусат историјата и традицијата на старите народи, препуштајќи им се на древните градби и споменици.

 

 

Доколку сакате, постои и можноста церемонијата да ја води Мајански шаман, кој ќе ве внесе во светот на старите цивилизации.

 

8. Love, love, лав, лава, лавааааа!

 

Колку пати сте си рекле – „Хмм, мислам дека свадбата ќе ја правам на вулкан!“? - Речиси никогаш.

 

Во Националниот Парк на вулкани, Хаваи, младоженците имаат можност да си дозволат поглед од Kilauea Caldera, дел од активен вулкан кој испушта лава која гори наспроти небото.

 

 

Поради вулканот и лавата, глетката се менува од ден во ден, овозможувајќи различно искуство за сите заљубени.

 

9. Aye Do!

 

Можеби е време да запловите во брачните води – и тоа на пиратски брод!

 

Treasure Island Hotel во Лас Вегас, ви нуди вистинска пиратска свадба, качувајќи ве вас и вашите гости на специјално дизајниран брод кој нема да ве остави рамнодушни.

 

 

Се разбира, свештеникот е пиратски капетан, кој ќе ја направи вашата свадба навистина необична.

 

10. Замокот на Дракула

 

Да, возможно е да се направи свадба во овој замок.

 

Само, потребно ви е некој денар повеќе, сепак станува збор за резиденцијата на војводата Влад Трети.

 

И – внимавајте на лилјаците.

 

 

За крај, кои се уникатните и невообичаени свадбени локации во Македонија?

 

Доколку организацијата на ваква свадба сепак ви изгледа премногу комплицирано, разгледајте ги невообичаените и помалку невообичаените локации на Termin.mk и истите прилагодете ги според вашиот уникатен вкус.

 

Изберете ја локацијата која најмногу ви одговара, препуштете се на моментот и направете ја свадбата едно незаборавно искуство.