Модерните игротеки, изградени според сите безбедносни стандарди, некогаш знаат и да станат досадни. Светло обоените, безбедно проектирани и стандардни монтажни пластики некогаш не можат да ја надоместат возбудливата забава предизвикана од расклатените и разлабавените лулашки, мазните метални лизгалици кои горат на топли сончеви денови, и супер брзите вртелешки.
Научниците откриле дека играњето е интегриран дел во развојот на здраво тело и мозок. Една студија од 2011 од неколку норвешки психолози дошла до сознание дека преземањето ризици (и нивно надминување) за време на игра е значаен дел за развојот на децата, и спречувањето на децата од соочување со ризици може да доведе до појава на вознемиреност. Оттука, игротеки (детски игралишта), каде децата ќе можат да се искачат високо, вртат брзо, и други слични ситуации каде би можеле да се повредат не само што се повеќе забавни за нив, туку и придонесуваат за подобар детски развој.
Различен тип на детски активности е важно да ги држи децата активни, подобрувајќи ги моторните вештини и спречувајќи ја детската вгоеност. Во истражување спроведено во Данска, бетонските детски игралишта предизвикуваат многу помала детска активност споредено со другите места за играње. Децата кои играат на поплочени површини кои не се обележани за конкретни игри, како што е обележано едно игралиште за кошарка, имаат тенденција повеќе да бидат во седечка позиција, споредено децата кои се движат и трчаат на трева или играат на одредена опрема.
Додека повеќето од игротеките и детските игралишта ја разменија забавата со законски ограничувања и заштити, за среќа се уште постојат места во светот каде неограничена детска радост е возможна. Ова се некои од најкул детските игралишта од различни места во светот:
1. Нептун парк
Девет метарската метална пирамида е лоцирана во Јута, и е отворена во 2012 година. Нејзината конструкција е направена од метал, а мрежата во неа е изработена од јаже кое ги заштитува децата да не паднат од висина поголема од 1.8 метри. Се смета дека е најголемата детска пирамида во западната хемисфера.
2. Swarovski кристалниот свет
Децата сигурно нема да се грижат и нема ништо да им значи австриската компанија за кристали – Swarovski. Но музејот на компанијата нуди игротека која прави турата да има смисла и за најмладите. Кулата со четири-приказни содржи трамбулина, лулашки, 14 метарска мрежа за качување и лизгалици.
3. Игралиштето на Езерото Macquarie
Ова австралиско игралиште е дизајнирано и прилагодено и за деца со посебни потреби, како деца кои имаат проблеми со видот и оние кои се во инвалидска количка. Поседува 12 метарска кула за качување, 9 метарска спирална лизгалица, опрема за свирење, лулашки достапни за деца во инвалидска количка и други детски занимливости.
4. Игралиштето на имагинацијата
На ова игралиште во Њу Јорк, дизајнирано од познатиот архитект David Rockwell, децата сами си ја креираат својата забава. Овој минималистички парк е дизајниран да ги направи децата да играат со песок, вода и сет од блокови. Децата може да ги редат, да ги поврзуваат и да маневрираат со апстрактните форми на сини блокови во нови предмети за играње.
5. Училиштето Нагасаки
Во Нагасаки, Јапонија, во едно урбано училиште овозможија еден поинаков начин за пауза. Игралиште на покривот од училиштето, дизајнирано од јапонското студио Hibinosekkei, има мрежа за качување која вода до собата за играње надолу. Внатре, има дури и пожарникарска цевка за лизгање надолу.
6. Игралиштето Harry Thomas Sr.
Ова игралиште лоцирано во Вашингтон e базирано на математика, црпејќи инспирација за неговиот дизајн од “редицата на Fibonacci”, нумеричка шема во која наредниот број е секогаш сума од претходните два. Кривините на патеката и на опрема за играње се во форма на Fibonacii спирали.
7. Игралиштето Woodland Discvoery
Со барање од надлежните да биде изградни игралиште на иднината, Shelby Farms Park Conservancy во Мемфис изградија парк во шумите каде децата треба да бараат можности да се лизгаат, качуваат, трчаат, туркаат, висат, градат, најдат и истражуваат... Дизајнерите работеа со локалните деца за да одредат како тие сакаат да се забавуваат. Резултатот е игралиште поделено во различни “гнезда за играње” со лизгалки, куќички на дрва, мрежи за искачување, песок, и други работи, сите поврзани со извртена патека покриена со бршлен.
8. Земјата (The Land)
Инспирирано од концептот игралишта со отпад од данскиот архитект Карл Теодор Соренсен во 1930-тите, ова велшко игралиште е исполнето со ѓубре. Во голема мера непопречувани од родителски надзор, децата си играат со чекани, се качуваат на дрва, градат скривалишта и палат оган. Идејата на авантуристичките игротеки да дозволи на децата да учат како да преземаат ризици и да соработуваат меѓусебно каде нема во близина возрасни кои будно ги следат.
9. Wallholla
Wallhola е детско игралиште еквивалентно на облакодер, дизајнирано да смести голем број на деца во помал простор. Прв пат беше изградено во училиште во Purmerend, Холандија. Структурата дозволува сите активности да се распределат во неколку стапки широк простор. Во кафезот направен од жица 30 деца истовремено може да се качуваат нагоре и надоле. По успешната приказна концептот е продаден и на американскиот пазар.
10. Takino Suzuran национален парк
Јапонскиот артист Toshiko Horiuchi MacAdam започна да ги претвора своите плетени уметнички дела во скулптури на детски игралишта во средина на деведесеттите. На сликава се наоѓа игралиштето лоцирано во Takino Suzuran националниот парк во Hokkaido, Јапонија, отворено во 2000 година. За да се сплете мрежата беа потребни 3 години.
11. Детска железничка станица
Данските дизајнери за детски игротеки и игралишта “Monstrum” стојат позади овој проект. Ова детско игралиште е лоцирано во данскиот железнички музеј и неговата изградба е инспирирана од локална железничка станица од 60-тите години лоцирана во градот Оденсе. Ова детско игралиште со изглед на локомотива поседува билетарница, контролна кула, вагон за патници, и одделение во кое се наоѓа моторот и истиот може да се истражува.
12. Игралиштето Мравјалник
“Monstrum” се исто така одговорни за ова неверојатно шумско игралиште во “Klehund Dryrehave”, бивш ловџиски терен во Данска. Игралиштето поседува 2.5 метри канал во форма на мравка, мравјалник кој треба да се искачи, дрвосечачка куќа, и речиси 20 метри висока стражарница за дружење.
13. “Bounce Bellow”
Во рамки на “The ZIP World” во северен Велс, рудник за шкрилци беше пренаменет за подземна игротека со џиновски трамбулини и енергични мрежи поврзани со патеки и лизгалици. Подземниот пештерски простор има различни нивоа. Највисоката одаја е оддалечена речиси 55 метри од подот. Од неодамна, во овој простор е воведена програма за деца од 3 до 6 години.
14. Градскиот музеј
Градскиот музеј во St. Louis e едно огромно игралиште. Во него има џиновска куќа на дрво и спирална лизгалица која можете да ја искористите за да прелетате кон подрумот на зградата. Надвор, на кровот, им 9 метарска панорама, неколку авиони во кои може да влезете, лулашки изработени од јажиња и итн.
15. “Зеленото срце” во паркот Shaw
Игротеките и детските игралишта некогаш не се дизајнирани само за децата. “Зеленото срце” e надворешна теретана лоцирана во Англија и наменета за повозрасните. Во неа може да најдете статични велосипеди, орбитреци, степ кутии итн. Оваа надворешна џунгла за возрасни е управувана од самите нив – блеска навечер користејќи ја енергијата генерирана од справите во неа.