Можеби не е најпопуларниот избор за боја на свадба, но погледнете ги овие жолти свадбени теми и прочитајте го текстот до крај и кажете ни дека нема да се помислите уште еднаш за декорацијата на вашата свадба.

 

Жолтата боја може да биде чуден избор за вашата свадбена декорација, но ако се изведе како што треба, резултатите ќе бидат импресивни. Знаеме дека свадбена тема во која преовладува жолтата боја не е за секој пар, бидејќи изгледа нетрадиционално и ексцентрично, па затоа избравме неколку вакви теми, само за да докажеме дека жолтата боја и нејзините нијанси можат да бидат супер избор за вашата свадба.

 

Најдоброто е што жолтата боја делува како инстант доза на среќа, а кој не го сака тоа? Исто така, жолтата боја се поврзува со оптимизам, позитивност, лето и сончева светлина. Ја користат познати брендови како Ikea, Ferrari, DHL, Snapchat, Shell, а ако погледнете погоре на нашата веб страна ќе ја забележите и на нашето лого 😊

 

Покани за свадба

 

Жолтата боја можеби е храбар избор за свадбените покани, но истата делува многу смирувачки кога се употребува правилно, во комбинација со комплементарни нијанси како бледо розева и златна. Еден пример ја вклучуваа оваа vintage покана декорирана со вистински цветови. Совршена идеја за вашата пролетна или летна свадба.

 

покани за свадба

 

Кутија за прстен

 

Како мали свадбени детали, кутивчињата за вашите веренички прстени се одлични за декорирање и експериментирање со боја. Кадифените кутии за прстен се доста популарни денес, и сигурни сме дека ги имате забележано на Instagram и Pinterest.

 

кутија за прстен

 

И додека првичаната намена на овие кутивчиња е да ги заштитат прстените кога не ги носите, исто така се убави детали за гледање.

 

Фустани на деверушите

 

Се чувствувате подговени за малку похрабар избор за фустани на деверушите? Погледнете ги овие златножолти фустани. Балансирани со сините костуми на момците, топлите жолти нијанси го осветлуваат целокупниот изглед.

 

 

Костуми

 

Дали сте доволно храбри за жолто кремаст костум? Наспроти традиционалните црни, сиви и темно сини костуми, светлите нијанси на жолтата боја дефинитивно ќе остават силен впечаток и ќе го освежат изгледот на свадбената забава.

 

жолти костими за свадба

 

Свадбени букети

 

Светло жолти цвеќиња се супер избор за пролетни и летни букети за свадба. Со тоа што останатиот дел од букетот ќе биде во една боја, како овие бели анемони и далии, ќе достигнете изглед кој е класичен, но далеку од здодевен.

 

букет за свадба

 

Ленти на букетот

 

Има нешто неодоливо во овој букет нели? Врзан со долги ленти во комбинација со шарени и свежи бои, ваков букет е совршен за вашата свадба со жолта тема, особено ако истата е на крај на лето или почеток на есен. Нијансите на виолетово уште повеќе и даваат место за израз на жолтата боја.

 

букет за свадба жолти ленти

 

Декорација од ананас

 

Џиновски ананас декориран со жолти рози како главна декорација на свадбаата? Зошто да не. Оваа централна декорација може да биде првото нешто кое го гледаат вашите гости, и истото ќе ја постави атмосферата за целата тема на свадбата.

 

декорација од ананас за свадба

 

Ленени чаршафи

 

Внесете доза на боемска удобност со декорирање на масите со жолти ленени чаршафи. За еклектичен изглед, оставете дел од масите непокриени и акцентирајте ја жолтата со потемни бои, како виолетови и кафени. Совршен избор за вашата есенска свадба.

 

ленени чаршафи свадба

 

Столчиња

 

Можеби не сте помислиле до сега, но погледнете колку добро изгледаат овие жолти столици. Како што спомнавме претходно, кадифените дизајни се навистина популарни, а истите во форма на вакви жолти столици навистина ќе одговараат на вашата свадба во модерна локација.

 

жолто столче за свадба

 

Прибор

 

Ако се држите до „помалку е повеќе“ концептот, тогаш мислиме дека ќе ви се допаднат овие минималистички пристапи на декорирање на масите и приборот. Едноставни жолти салфети и прибор декориран со златни елементи, заедно со зелени цвеќиња.

 

прибор за свадба

 

Свеќи

 

Жолтото изгледа неверојатно со нијанси на месинг и злато, како што може да се види на оваа луксузна маса подолу. Направете измени по ваш вкус, декорирајќи со жолти свеќи и мали тегли со мед, како подарок за гостите.

 

свеќи декорација свадба

 

Лимони на масите

 

Доколку сакате да вметнете уште разиграни декорации за вашата жолта тема – еве една идеја. Поставете лимони на масите означувајќи ги местата на гостите. Овој мал детаљ ке ги изненади гостите, а на вашата свадба ќе ѝ даде разигран и освежителен карактер.

 

декорација со лимони свадба

 

Централни декорации

 

Цветните декорации и букетите се најдобриот начин да се бокажат боите на свадбата, а жолтата боја обично се избегнува. Меѓутоа, постојат многу начини да се искористи жолтата боја и да се создаде ултра-романтичен вајб, поставувајќи декорации со нежни жолти цвеќиња, како градинарски каранфили или рози. Исто така, може да користите и листови и трева за дополнителен „земјен“ ефект.

 

централни декорации свадба

 

Посебен пијалак

 

Креативни специјални пијалаци може да бидат забавен елемент на вашата свадба. Исто така, класичните свадбени коктели се враќаат во мода, а со нив и барските колички со пијалаци, како „French 75“ или „Aperol Spritz“. А овој пијалак со лимон изгледа супер и секако ќе ги освежи вашите гости.

 

пијалак за свадба

 

Маса со десерт

 

Не е потребно десертот на свадбата да одговара со декорацијата, но овој детаљ секогаш го прави крајниот резултат неверојатен. Поврзете го концептот на декорацијата и со десертот, со тоа што ќе додадете бои кои одговараат. Овој десерт вклучува чаши со жолт пудинг и мали жолти тортички.

 

маса со десерт за свадба

 

Свадбена торта

 

Сакате целосно да го ја пренесете темата на вашата свадба? Погледнете го ова креативно трио торти со жолти декорации како инспирацијата за вашиот голем ден.

 

торта за свадба

 

За крај, пред било што да се одлучите, наш совет е да се консултирате со професионалци. Ние се трудиме да ви ги презентираме, и да ви обезбедиме свадбен попуст кај најдобрите во индустријата. Погледнете ги овие студија за декорации, одберете свадбена декорација која ќе се памети и дознајте како до супер свадбен попуст!