Да се открие вистинското време за следниот чекор во врската и не е така лесно, но е поедноставно отколку што мислите. Без разлика дали сте со вашиот партнер повеќе години, или сте заедно малку време, можеби веќе се прашувате „Дали да предложам брак?“. Постојат некои сигурни знаци дека е време за големото прашање, некои се очигледни, а некои посуптилни.

 

Но, доколку сѐ уште не сте сигурни, тука сме за да ви помогнеме.

 

1. Употребувате „ние“ наместо „јас“

 

Можеби изгледа само како мала граматичка измена, но ова е огромна промена. Со вашиот партнер се гледате како едно, не како посебни индивидуи – и ова е значаен чекор кон стапување во брак.

 

2. Живеете заедно или поминувате толку многу време заедно што подобро е да живеете заедно

 

Ако може да ги поднесете сите потенцијални лоши навики кои ги има вашиот партнер, и тоа на секојдневна база, шансите се големи дека ќе стапите во брак.

 

3. Сте зборувале за основање на семејство

 

Се прашувате дали да ја/го побарате? Ако сте зборувале за деца, веќе знаете.

 

 

4. Сакате да имате исто презиме

 

Можеби сте зборувале за тоа да имате исто презиме, тоа е знак дека и двајцата се чувствувате удобно со сите традиции кои со себе ги носи бракот. Се разбира, не мора да имате исто презиме, но доколку и двајцата сте океј со тоа, време е да ја планирате свадбата!

 

5. Твоите повеќе се слушаат со партнерот отколку со вас

 

Ако твоите најблиски го сакаат вашиот партнер, тоа е знак за супер врска и секако знак за запросување во блиска иднина. Ако сè уште ја/го немате запознаено со вашите родители, што чекате? :)

 

6. Го знаете распоредот на вашиот партнер повеќе од тие самите

 

Фактот дека знаете каде е и што прави вашиот партнер е навистина важен, покажува дека навистина се грижите еден за друг.

 

7. Секогаш се консултирате пред да правите големи планови

 

Се грижите за мислењето на партнерот, и сакате поголемиот дел од времето да го поминете заедно.

 

8. Тие се првата личност на која им ги кажувате новостите

 

Без разлика дали станува збор за добри или лоши вести, први сакате да ги споделите со вашиот партнер. Голем дел од успешниот брак е и чувството на удобност кога дискутирате на различни теми.

 

Ако се прашувате – „Треба ли да ја/го побарам?“, размислете за тоа дали можете да зборувате за било што, и да споделувате лични и чувствителни работи со вашиот партнер. Ако одговорот е да, тогаш знаете дека е време.

 

 

9. Лесно можете да им го погодите password-от на Facebook/Instagram

 

Добро, не се обидувајте да им го хакнете профилот, но ова е уште еден знак дека добро го познавате вашиот партнер.

 

10. Точно знаете што ги нервира

 

Расправите и недоразбирањата се дел дури од најцврстите врски. Знаејќи што може да го изнервира вашиот партнер, или знаејќи како да направите да се чувствува подобро значи дека многу добро ја познавате нивната личност.

 

11. Заедно ги поминувате празниците

 

Фактот што едноставно и двајцата сакате да поминувате време заедно, значи дека одговорот на прашањето кое ве мачи е ДА!

 

12. Обични активности се позабавни со нив

 

Со вашиот партнер дури најдосадните работи (како купување во супермаркет) стануваат забавни.

 

 

13. Сте ги виделе во најлошо издание и уште ги сакате

 

И во долгите и здрави бракови има добри, а се разбира и многу лоши моменти. Ако сте биле тука за вашиот партнер низ тешките денови како болести, проблеми со работа, фамилијарни драми и слично, значи дека ќе бидете и во иднина. Затоа, не се двоумете!

 

14. Точно знаете каков венчален прстен ќе купите

 

Ако веќе почнавте да истражувате и да барате венчален прстен, подготвени сте да ја побарате за жена.

 

15. Твоите пријатели се и негови/нејзини

 

Освен добрата врска што ја имате со вашиот партнер, бракот се состои и од многуте врски кои ги имате со останатите пријатели и други блиски личности. Веќе кога имате добри односи со неговите/нејзините пријатели, подготвени сте да размислувате за да ја/го побарате.

 

16. Единствената личност која може да ве расположи

 

Ако вашиот партнер знае да го претвори лошиот ден во добар – тогаш дефинитивно сте еден за друг.

 

 

17. Знаете какво милениче ќе имате и како ќе се вика

 

Сте разговарале долго на темата – какво милениче ќе имаме, а веќе сте се договориле и како ќе се вика. А да се има милениче е слично како да се има дете, затоа, спремни сте за брак!

 

18. Може да поминете часови заедно во кола, и да не ви здосади

 

И пак, се работи за љубов, без разлика дали одмарате на некоја плажа, или сте заглавени во автомобил заедно 10 саати.

 

19. Не можете да си го замислите животот без нив

 

На крај, ова е знакот кој најмногу вреди, нели?

 

Сега кога знаете дека е време за следниот чекор, побрзајте затоа што слободните термини за свадба во 2019 брзо се пополнуваат!

 

А кога сме веќе кај свадбата, како да знаеш дека си ја одбрал совршената локација? Прочитајте - 9 знаци дека сте ја одбрале вистинската локација за свадби.