Што би можело да биде пофасцинирачки од свадбен термин на локација опкружена со планини и природа. Иако овие локации изгледаат неверојатно во сите годишни времиња, сепак планината остава особен впечаток во ладните денови. Нашиот избор на локации е инспириран од места ширум светот, меѓутоа нашата земја крие исто толку, па дури и повеќе, фасцинантни природни убавини совршени за вашата прослава. 

Национален парк Јосемити, Калифорнија

Несомнено најпопуларниот и најпознат национален парк во САД. Јосемити е идеално место за вљубениците во природата. Оние кои ќе решат својата свадба да ја направат во овој национален парк имаат можност да одберат од неколкуте опции. Меѓу нив спаѓаат „Јосемити“ бачилото со поглед на водопадите или пак хотелот „Вавона“ изграден во викторијански стил.

Скај Ранч Лоџ, Седона, Аризона

Оваа локација нуди поглед кој ја опишува северна Америка онака како многумина ја замислуваат. Терасата наменета за организирање на свадбени прослави која има солиден капацитет, овозможува поглед на бескрајните карпести предели на популарниот кањон на Црвените Карпи.

 

Снежен планински ранч, Гренби, Колорадо

Една од најатрактивните зимски дестинации во северна Америка, Колорадо. Популарниот Аспен и неверојатните планински езера во околината. Она што навистина е плени е опкружувањето и можноста за сместување во бачило, колиба или кампување. Ранчот се простира на 5 000 акри со поглед на прекрасните Роки Планини кои го опкружуваат од сите страни.

 

Стоув резорт, Стоув, Вермонт

Скијачки резорт за парови кои се вљубени во зимските спортови. Целиот простор се одликува со рустикална и природна атмосфера. Свадбената прослава може да биде одржана на низа различни локации, од градини до балски сали. Особено впечатлив е „Клиф хаус“ ресторанот кој се наоѓа на повеќе од 1 000 метри надморска височина, а до кој се стигнува исклучиво со жичарница!

 

Ако сепак не сте љубители на планините и природата, погледнете го нашиот предлог на локации на нешто помала надморска височина од овие погоре!