Знаеме дека најголем дел од скопските игротеки нудат и роденденски покани во цената, но секогаш е подобро кога ќе ги вклучите малите креативци во нивната изработка. Со малку време и внимание, може да направите супер креативни роденденски покани кои ќе го издвојат вашиот роденден, а малите гости ќе се забавуваат во омилените роденденски теми.

 

Еве ги нашите идеи.

 

Карневал

 

Кловнови, акробати, животни со неверојатни способности, магионичари и уште што не! Доколку сакате да приредите вистински циркуз на роденденот на вашето дете, потребни ви се и соодветни покани.

 

 

Една идеја е да ја направите поканата во форма на билет за циркуз за малите и големите гости, плус една дизајнирана покана со сите информации за роденденот. Можете да вклучите специјални подароци за малите гости, а тоа да го напишете како специјално изненадување.

 

Скриено богатство

 

Супер роденденска забава треба да има и супер забавни игри за најмалите. На пример - потрага по скриено богатство. Доколку планирате ваква забава, можете да направите роденденска покана на која има мапа која ќе им помогне на малите истражувачи да стигнат до богатството.

 

 

Можете да скриете мали подароци низ игротеката, а малите роденденковци ќе се забавуваат барајќи ги.

 

Роденденска капа или маска

 

Петар Пан, каубојци, нинџи и супер херои - за сите овие роденденски теми може да направите креативни покани од роденденски капи. Дури може да направите и сопствени форми, истите да ги исечете, да протнете ластик низ две дупчиња и готово - имате супер роденденска маска!

 

 

Децата може да ги носат истите на роденденот и да бидат својот омилен лик!

 

Роденденски фенери

 

Можете да ги вклучете вашите деца во изработка на супер креативни светлечки роденденски фенери. Овие покани бараат малку повеќе работа и внимание, но верувајте - малите креативци ќе бидат изненадени од крајниот резултат.

 

 

Малите гости добиваат сопствен сет за изработка на овие фенерчиња, кој вклучува инструкции за работа, како и дополнителни материјали како ножички и лепило. 

 

Па доколку веќе знаете каква роденденска покана ќе изработите заедно со вашето дете, сѐ што останува е да најдете слободен термин во омилената игротека, да испратите барање за роденден со Термин.мк и да го искористите попустот од 20% на торта од Канела!