Веќе го резервиравте терминот за роденден на вашето дете и ви остануваат неколку дена до роденденската забава и време е да размислите кое е најсоодветното роденденско мени. 

 

Пред да ги засукаме ракавите, имајте ги во предвид следниве совети кои ќе ви помогнат во подготовката на супер роденденска храна:

 

Послужете веќе позната храна

 

Детските родендени не се прилика за да испробате некоја нова храна или рецепти. Знаете дека децата се често пребирливи што се однесува до храната. Најмногу го јадат она што им е веќе познато.

 

Во согласност со темата

 

Храната што ќе ја подготвите за роденденот на вашето дете нека биде во склоп на вашата роденденска тема. Така декорирајте ја храната или направете ја во форма која одговара со вашата тема. Може и да му дадете посебно име на тоа што ќе го послужите.

 

Дел од забавата

 

Можете и подготовката на храната да ја направите дел од забавата. Вклучете ги децата во спремањето на храната. Дајте им да направат мини-пици или колачиња, нека декорираат мафини или сладолед.

 

Безбедно

 

Пред било што да направите информирајте за можните алергии на децата ки ќе се гости на вашата роденденска забава. Разговарајте со нивните родители и подгответе храна која е безбедна и сигурна за сите деца. 

 

 

Кога ќе ги земете сите овие работи во предвид, време е да размислите и за конкретните рецепти. Во продолжение неколку идеи.

1. Мини бургери и хот-дог

Лесни за правење и нема да ви одземат многу време. На малите им се омилени.

 

2. Потпечени компирчиња

Златни и крцкави од надвор, а меки од внатре. Може да ги послужите со некои сосови.

 

 

3. Пица во еден залак

Направете мини пици. Децата ги обожаваат.

 

4. Oвошни ражничи

Исечкајте го сезонското овшје во различни форми и ствете го на стапчиња. Искомбинирајте ги формите и боите на овошјето за да го привлечат вниманието на децата. Може да ги послужите со јогурт или чоколадо како сос.

 

5. Капкејкс

Едноставни и евтини за подготовка. Може да се додадат најразлични преливи и декорации за да бидат убави исто колку што се вкусни.

 

 

Имајте ги на ум нашите совети и искомбинирајте нешто од нашите идеи за рецепти или пак подгответе ги сите. Децата на вашата роденденска забава ќе бидат среќни и најадени, а вие задоволни.