Слатки покани, слатки роденденковци и слатки играчки. А сега е време и за слатки торти.

 

Кој не се радува на роденденска торта? Дувањето свеќи е клучен момент за еден роденден, а сечењето на тортата изнудува вистински насмевки. Добро, можеби постојат и оние кои не сакаат торта, но сигурно скришно „крадат“ по некое парче. :)

 

Еве неколку интересни идеи за вашата следна роденденска торта:

 

1. Ринги ринги рингишпил

 

Торта рингишпил – зошто да не?

Совршено се вклопува на роденден чија тема е циркус, забавен парк или карневал.

 

 

Со малку повеќе работа, тортата може да се движи како вистински рингишпил, придружена со соодветна музика.

 

2. Ајкула

 

Се сеќавате на злобната ајкула Брус од „Барајќи го Немо“?

 

На многумина не им се допаѓаше, но верувале или не, многу од децата ја обожаваат таа непријатна ајкула.

 

 

Со очи од M&M’s, јазик од овошје и заби од шеќерлема ајкулата и не е толку страшна.

 

3. Некој нарача пица?

 

Сите деца сакаат торта и сите деца сакаат пица. Сега може да ги споите двете омилени работи во едно.

 

Солена или блага, останува на вас. 

 

 

 

4. Frozen

 

Скоро е невозможно да се избегне „Frozen“ како тема за една роденденска забава. Толку многу супер ликови во анимираниот филм, а ние го избравме – Olaf.

 

 

Тематски инспирирани, нашите игротеки може да ви помогнат да го организирате најзабавниот роденден до сега.

 

5. Чу, чууууу!

 

Брзо, фатете го возот!

 

Дозволете им на децата да уживаат во слаткиот воз, со вагони полни со мали бонбончиња, чоколатца или гумени бонбони. 

 

 

6. Капетан Кука ќе ви завидува

 

Засукајте ги ракавите, земете ја сабјата и подгответе се за роденденско патување.

 

 

Чоколадниот брод е подготвен за малите пирати.

 

 

7. Лудите Миниони

 

Мали, слатки, жолти и будалести – сите ги знаат и сите ги сакаат.

 

Наш предлог – голема минион торта придружена со мали минион капкејкс.

 

 

8. Слатко виножито

 

За шарен роденден – потребна е и шарена торта.

 

Сите најдобри измешани вкусови на едно место – чоколадо, ванила, јагода, портокал, ананас и што уште не. А за летно време – освежете ги роденденковците со шарен сладолед.

 

 

 

Епа драги обожаватели на добра и креативна торта, се надеваме дека ви се допаднаа идеите. А сега, креативно инспирирани, тргнете во мисија и направете ја тортата која вашето дете ќе ја обожава.

 

Доколку пак сакате да заштедите на време, а сè уште да имате супер роденденска торта – искористете го попустот од 20% за слатка торта од Канела!.