Во светот на славните личности родендените на децата се сфаќаат мошне сериозно. На нив се трошат неверојатни суми на пари но и се реализираат некои од најлудите идеи! Доколку планирате да го прославите роденденот на вашето дете онака како тоа го прават холивудските ѕвезди, погледнете дел од најспектакуларните детски родендени. 

 

Учествувајте во #ГагаРоденден4 промоцијата и добијте можност да освоите бесплатен термин за роденден во некоја од игротеките од понудата на Termin.mk! 

 

Кога популарниот американски пар Џеј Зи и Бијонсе ја превземаат улогата на организатори на забава, за очекување е дека ќе се случи спектакл. Особено ако се работи за роденденската забава на нивната ќерка Блу Иви. Мегапопуларниот цртан филм Frozen беше инспирација за забавата која вклучуваше и скулптура од главните ликови изработена од мраз и торта направена од 6 слоја во боите на виножитото. 

 

 

Речиси да не постои приказна поврзана со популарното семејство Кардашијан која не се поврзува со сензација. Така може и да се опише роденденот на првороденото дете на Кортни Кардашијан, Мејсон. Неговиот петти роденден го прославија со тематска забава инспирирана од цртаниот филм „Nightmare before Crhistmas“. Кукли во човечка големина од карактерите од филмот беа главната атракција но и тетката на малиот Мејсон, Клои која дојде маскирана во еден од главните ликови.
 


Мараја Кери го одбележи раѓањето на нејзините близнаци Марокан и Монро со приватна забава. Меѓутоа она што привлече најголемо внимание се подароците кои таа ги подготви за да ги изненади своите најмили. За нивниот прв роденден таа им подари црвено „Ferrari“, играчка секако и минијатурна верзија на пијано. Може да се каже дека Кери од мали нозе ги подготвува за луксузниот живот кој ги очекува. 

 


Дејвид и Викторија Бекам дефинитивно имаат вкус кога се работи за организирање на детски забави. Особено бидејќи парите не им се проблем, што може да се заклучи според тоа што за 6-тиот роденден на нивниот син Бруклин потрошиле неверојатни 187 000 долари. Најголем дел од парите ги „голтнала“ специјалната персонализирана игротека конструирана само за овој настан. Важно ли е да се спомене дека на имотот на Бекамови веќе е изграден еден „замок – игротека“?

 


Кејти Холмс и Том Круз за вториот роденден на нивната ќерка Сури потрошиле цело богатство само за цветните декорации. Меѓутоа очигледно холивудскиот пар има поинакви приоритети за разлика од нивните претходно споменати колеги. На забавата во преден план била храната која тие ја обезбедиле од еден од најдобрите гастрономи во САД, популарниот Волфганг Пак.

 

Ѕирнете ја понудата на игротеки на Termin.mk, во кои можете да организирате роденденска забава за вашите најмили, а цената со сигурност ќе биде во рамки на вашиот буџет!