Поразговаравме со дел од нашите соработници, едни од најдобрите скопски игротеки, на кој начин ги наградуваат своите клиенти. Какви сѐ подароци, поволности нудат и кои се активните промоции?!

 


Бидете дел од #ГагаРоденден4 промоцијата на Termin.mk и добијте еден од трите ваучери за роденденска прослава!

 

Дел од скопските игротеки од нашата понуда се подготвени да ви излезат во пресрет, погледнете како: 

 

Игротека Дримленд: 

  • Подарок за славеникот: Маскота, Playmais, играчки, едукативни игри...
  • Секој резервиран Play роденденски пакет добива 10% попуст на цената на пакетот и торта.
  • Овошни торти на 10% попуст.
  • Попуст од 10% за резервации во дел од Dreamland игротеките.
  • Гратис маскота!

Игротека Калинка

  • Подарок за славеникот: Фломастери, боенки, пластелин, дезодоранс...
  • За секоја резервација наменета за организирање роденден нуди попуст на закупот во висина од 500 денари, како и дополнителен попуст од 10% на целата сметка за пијалоци.
  • Во оригиналната цена влегува закуп на просторот во времетраење од 2 часа, аниматори, диско и караоке забава, facepainging и многу други занимливости.

Киндер Парк

  • Подарок за славеникот: Диплома и детски пасош за бесплатен влез во игротеката наредните година дена.
  • Организирање тематски забави.
  • Родените во ноември и декември ќе имаат можност да добијат гратис тематска анимација на тема cooking, fashion или натпреварувачко show!

Игротека Џунгла

  • Подарок за славеникот: украсен балон со неговото име!
  • Секој роденденец ќе добие попуст од 500 денари на цената за изнајмување на просторот, доколку се одлучи да го прослави до 15-ти ноември. 

Игротека Колорес 

  • Подарок за славеникот: персонализирано чоколадо! 
  • Славениците можат да изберат еден од трите пакети соодветно на потребите.
  • Закупот за просторот не се наплаќа! 

Disco Jungle 

  • Подарок за славеникот: рамка за слика, касичка, флуросцентни налепници...
  • Тематска роденденска забава во времетраење од два часа.
  • Неверојатно вкусно детско мени.
  • Голем број маскоти кои ги забавуваат гостите.
  • Особен попуст следува за last minute резервација на термини! 

Magic House

  • Подарок за славеникот: сет пластелин, јажиња за скокање, боички со ликови од цртани, фломастери...
  • Секој роденден до крајот на годината добива попуст од 25%.
  • Секој кој еднаш славел роденден во Magic House, добива попуст од 50%. 

 

Ние најдоцна до 15ти Ноември би можеле да ве наградиме со гратис термин во вредност до 2500 денари во една од овие игротеки. Дознајте повеќе тука!