Дали сте знаеле дека Њујоршката Јавна (градска) библиотека дозволува организирање на приватни настани во своите простории?

Една од најпопуларните женски ТВ серии „Sex and the city“ во своите епизоди одработува свадба на една од главните ликови која се одржува токму во овој познат објект.

За голем број жени омилениот карактер, Кери Бредшо се решава да ја организира својата гламурозна свадба во овој објект, симбол на градот Њу Јорк. Публиката, особено женската, беше воодушевена од улогата која ја одигра Сара Џесика Паркер па истата често е идеализирана. Во таа насока и прославата на свадба во објект од таков вид стана сон на многу жени.

Иако дел од телевизиско шоу, организирањето на таков настан е и вистински возможен, бидејќи Јавната библиотека поддржува организирање на секаков вид на културни, но и приватни настани во своите простории.

Гламурозниот мермерен ентериер во просторните ходници и сали на библиотеката како да се дизајнирани токму за оваа намена. Огромните столбови и сводови оставаат впечаток на замок од соништата, а свечената атмосфера која владее создава амбиент на вистинска кралска церемонија.

Замислете да го кажете судбоносното да во некоја од салите стари повеќе од 1 век во градот кој никогаш не спие...

Она што се нарекува Јавна библиотека всушност нуди комплетна организација на свадби почнувајќи од декорации, комплетно осветлување со свеќи, цветни аранжмани, кетеринг, бар, аудио-визуелни ефекти, па се до професионална фотографија.

Самата библиотека воедно е еден од најголемите симболи на „Големото Јаболко“ и една од најголемите библиотеки во светот. Лоцирана е во најпопуларната Њујоршка населба Менхетн, изградена во 1895-тата година.

 

До сега не сме слушнале дека во една од нашите бибилиотеки била организирана свадба, но ако има таква можност, кажете ни да ја додадеме во најквалитетната база на свадбени локации во Макдеонија