Колку пати сте посакале да имате свој личен асистент кој ќе ви помогне да ја испланирате вашата свадба? Некој кој ќе ви ја даде потребната инспирација за големиот ден, идеи за декорирање, ќе ја стокми листата на гости и распоред на седење и ќе ви помогне брзо и лесно да се одлучите за фустаните на деверушите? Менталитетот, навиките, а пред сè буџетот, сè уште не ни дозволуваат комотно да си ангажираме wedding planner кој ќе се погрижи за сите овие работи.
Сезоната на свадби веќе е во полн ек, па затоа решивме да ви издвоивме неколку супер мобилни апликации со кои ефикасно ќе го испланирате големиот ден, без стресови и без нервирање!
1. Style Me Pretty
Оваа слатка апликација со минимален дизајн е нашиот прв избор. Со Style Me Pretty апликацијата имате пристап до повеќе од 2 милиони прекрасни слики и 75000 талентирани компании од целиот свет. Со ова сигурно ќе ја најдете инспирацијата која ви е потребна за совршениот ден.
2. Pinterest
Сигурно многу од вас ќе го препознаат познатиот Pinterest. Доколку веќе ја немате апликацијата на вашиот телефон, време е да ја download-ирате. Pinterest е веќе позната и многу користена апликација на која ќе најдете идеи за сите свадбени стилови, од „направи сам“ содржини до магични свабени локации.
3. Veri
Нема потреба да си го трошите времето барајќи свадбени фотки на социјалните мрежи. Veri е првата апликација која со помош на вградена камера во телефоните на гостите, автоматски ги споделува сите фотографии и видеа.
Откако ќе ја прифатите поканата за учество, сите фотки и видеа од гостите на свадбата автоматски ќе се споделуваат во посебен фолдер, кој подоцна ќе го прегледате заедно со вашиот партнер.
4. Zola Weddings
Планирањето на вашата свадба е уште полесно со апликацијата Zola Weddings. Со оваа апликација на едно место можете да си направите сопствен свадбен веб-сајт, листа на гости, to-do листа и уште што не.
Ова сигурно го прави планирањето помалку стресно.
5. Wedding Happy
Невести – оваа апликација е навистина магична! Со Wedding Planner на Wedding Happy апликацијата нема лабаво! Со самото внесување на вашиот термин за свадба, одбројувањето започнува и се поставуваат рокови за секоја задача од вашата to-do листа.
Освен тоа, оваа апликација ви помага да не го преминете зацртаниот буџет и ги зачувува сите информации и контакти на луѓето и компаниите со кои ќе соработувате.
6. Mint
Сите знаеме дека свадбите може да бидат претерано скапи и дека буџетот кој првично сте го поставиле продолжува да расте со текот на времето. Но, затоа тука е Mint.
Оваа бесплатна апликација менаџира со целиот буџет за свадба и ги следи и поврзува сите ваши сметки во банката, кредитни картички и други издатоци, со цел да останете на првичниот буџет.
7. Etsy
Слично на Pinterest, Etsy ќе ви помогне да ја испланирате совршената свадба. Ја барате совршената торта? Поклони за деверушите? Со оваа апликација ќе најдете се што ви е потребно.
8. Pantone Studio
Дали знаете дека има апликација која ќе ви помогне да ги изберете и комбинирате боите за вашата свадба? Со Pantone Studio ова никогаш не било полесно. Не само што можете да создавате ваши сопствени палети со боја, туку можете и да вадите бои директно од фотки прикачени на социјалните мрежи.
9. LadyMarry
Со LadyMarry може да ја испланирате вашата свадба од соништата од вашиот мобилен уред. Од месечна листа на активности и супер совети до резервирање во различни локации – LadyMarry може да биде вашиот нов партнер за планирање.
10. Joy
Оваа забавна и апликација која е лесна за користење, ви помага да ги организирате вашите гости, нивните одговори на поканите и уште што не – и тоа се на едно место. Со Joy не само што добивате сопствен веб-сајт и апликација, туку исто така имате можност да ги споделите сите прекрасни моменти со вашите најблиски.
11. Evernote
Вашиот нов персонален асистент – Evernote. Фаќајте забелешки, направете to-do листи и зачувајте ги сите работи кои ќе ги сретнете онлајн на едно место. Плус, може да пребарувате по клучни зборови и да поврзете повеќе уреди, така што она што сте го зачувале на вашиот лап-топ може да го гледате и на вашиот телефон, трчајќи на разни состаноци, справувајќи се со различни локации.
12. Slack
Со Slack не само што можете да комуницирате со вашите најблиски и останатите гости, туку можете и да следите различни hash тагови преку Facebook и Instagram, да ја синхронизирате апликација со вашиот Google календар и многу повеќе.
13. Holy Matrimoji Wedding Stickers by Hayley Paige
Без разлика дали сте невестата, деверушата или гостин на свадбата, ќе се заљубите во свадбените стикери и гифчиња на дизајнерот Hayley Paige. Со над 120 emoji икони, може да го изразите сето она што го чувствувате во врска со свадбеното планирање, од bridezilla кризи до squad goals стикери и слично. На овој начин, допишувањето со вашите деверуши е уште позабавно!
14. Appy Couple
Оваа мала но моќна апликација ги споделува сите ваши свадбени барања со пријателите, фамилијата и соработниците, и ги зачувува на едно место. Следете ги сите покани, распоред на седење , листа на гости и друго од еден веб-сајт или апликација.
15. Headspace
Е ова им треба на сите. Headspace не а апликација за планирање на вашата свадба, но сигурно ќе ви помогне да го намалите стресот и да се опуштите.
Headspace исто така ќе ви помогне да се фокусирате и смирите, покажувајќи ви различни начини на медитирање бидејќи знаеме дека планирањето на големиот дел е стресна работа.
Чекајте, чекајте, вие сè уште немате резервирано термин за свадба? Трк на свадбената веб апликација Termin.mk, пребарајте слободни термини во над 30 локации за свадби во Скопје, испратете барање за термин до посакуваните и добијте купон за свадбен попуст!