Оваа сезона, пистата и еден на еден состаноци кои традиционално би се случувале, беа ставени на чекање поради регулативите за социјално дистанцирање поради COVID-19.
Тоа не ги спречи некои од дизајнерите да го продолжат својот креативен дух и да ни украдат воздишки и во ова тешко време. Многу невестински ателјеа напорно работат за изработка на маски и заштитна опрема за првите редови. Некои пак од дизајнерите и нивните тимови работат колку што е можно повообичаено, создаваат нови колекции и оддржуваат виртуелни консултации со идните невести.
Виктор и Ролф не можеа да одржат презентација оваа сезона поради пандемијата на коронавирус. Нивната колекција за пролет 2021 може да се проследи преку фотографии и оддалечени интервјуа.
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Исто како што модните дизајнери честопати се прашуваат која е „нивната жена“, дизајнерите на невести историски дизајниранираат со специфична невеста во умот.
Ролф Снорен од Виктор и Ролф среќен изјави дека тие веќе немаат само еден вид невеста. „Убаво е да се види колку многу жени се венчаат во нашите фустани“, рече Снорен на неодамнешниот повик на „FaceTime“. „За нас е важно да имаме навистина разновидни силуети во секоја колекција, за да можеме да се грижиме за различни жени со различни потреби”.
Изненадувањето за пролетта 2021 година беше новиот акцент на помеките, послободни силуети. Фустан од сатен пристигна со нов пресврт на деталите со исечени здолништа на дното, надополнета со цветни ливчиња.
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Лела Роуз изјави дека половина од нејзината колекција е подготвена за во март, но другата половина е сè уште во тек и веројатно нема да биде завршена се додека нејзиниот тим не се врати во студиото.
„Чудно е да не покажуваме нови модели, но имаме и постоечка колекција со прекрасни фустани“, вели таа. „Мислам дека овој пат ме натера мене и другите да размислуваат дали е потребно сето ова ново, ново, ново, или сето тоа е премногу?“
Роуз додаде дека таа нуди нови опции за прилагодување на фустаните во нејзината тековна понуда. Всушност, можно е невестите да купуваат подоцна оваа година дури и да не забележат дека не избираат „нови“ фустани. Ова го поставува прашањето дали сезонските колекции се неопходни за невести.
Lela Rose Bridal Fall 2020
Роуз не е единствениот дизајнер што чека до октомври: Вера Ванг, Карли Кушни, Темрдли Лондон и Ен Барж, исто така, ги одложуваат своите колекции до тогаш. Други, како Марчеса, Моник Лухилиер и Даниела Франкел, сè уште се надеваат дека ќе ја покажат оваа пролет, макар еден месец или два по „невестинската недела“, и само мал број дизајнери успеаа навреме да ги завршат своите колекции подготвени на време, меѓу нив Рем Акра, Виктор и Ролф, Амсаил, Роланд Мурет и Галван. (Вес Гордон и Оскар де ла Рента од Каролина Херера, Фернандо Гарсија и Лора Ким не беа достапни за коментар.)
Со интересни детали, постоечките модели може да се надополнат по желба на невестата и секако прилагодено на амбиентот, музиката и обичаите. Секоја идна невеста треба да го избере моделот кој што ќе ги исполни нејзините желби соодветно на нејзината градба.
Посакуваме оваа состојба со пандемијата да заврши што поскоро, без последици и да можеме да ја проследиме креативноста преку новите колекции за следните сезони.
Во продолжение уживајте во моделите на Виктор и Ролф за пролет 2021 и моделите на Лела Роуз за есен 2020:
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Lela Rose Bridal Fall 2020
Lela Rose Bridal Fall 2020
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Lela Rose Bridal Fall 2020
Lela Rose Bridal Fall 2020
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Viktor Rolf Bridal Spring 2021
Lela Rose Bridal Fall 2020
Lela Rose Bridal Fall 2020
>>> Погледнете ја колекцијата на Евгенија Зафировска и дознајте како до ексклузивен попуст од 20% преку Termin.mk
>>> Додека сте дома, пребарајте ТЕРМИН во најдобрите локации за свадби, ОНЛАЈН > тука