Тимот на Термин.мк има потреба од интернет маркетинг нинџа - практикант

 

Termin.mk е веб апликација со повеќе од 3 години искуство на македонскиот пазар и нешто помалку на српскиот!

 

Ако ти се допаѓа тоа што го работиме, редовно висиш на социјални медиуми, сакаш да си поигруваш со прости и сложени реченици, дизајни или било какви умотворби, и најважно од сѐ, сакаш да научиш... погледни што ни е потребно:

 

Потребни вештини и квалификации:

 

  • Одлично познавање на актуелни социјални медиуми... Facebook и Instagram пред сè
  • Почитување на граматичките правила на македонскиот јазик
  • Самоиницијативност 
  • Креативност 
  • Темелност и деталност во работата
  • Пасија за дигитален маркетинг и нови технологии
  • Одлично познавање на англиски јазик
  • Ќе се смета за голема предност “чепкање” на Photoshop или други алатки за правење на супер слики, и имање осет за естетика и дизајн
  • Очекуваме апликации од сите профили, но предност ќе имаат оние кандидати кои имаат завршено или се при крајот на студиите на економија (е-бизнис, бизнис информатика, маркетинг и друга слична комбинација на овие департмани)

 

Која е твојата одговорност?

 

  • Креирање и имплементација на дигитал маркетинг стратегии за потребите на Termin.mk и сите останати соработници на Termin.mk
  • Content маркетинг
  • E-mail маркетинг
  • Креирање и следење на кампањи 
  • Комуникација со клиенти 
  • Анализа на кампањи и презентирање на извештаи 

 

Ако ти звучи примамливо ќе треба најдоцна до 20.08.2017 до 23:59 часот да ни испратиш email со назнака “Апликација за интернет маркетинг нинџа - практикант” на contact@termin.mk со следниве информации:

 

  • CV
  • Било какво social media дело или недело со кое се гордеете, или дигитална креација ... се важи и Facebook коментар на кој сте добиле повеќе лајкови/љубов/хаха/вау/натаженковци/љутковци од самиот пост... мастерписот дозволете си да ни го испратите во било каков формат

 

Праксата е платена, со полно работно време и со можност за вработување по првите 2 месеци.

 

Не е срамота да не знаеш, срамота е да не научиш!

 

*Ќе бидат контактирани само оние кандидати кои ќе влезат во потесен избор.