На 1900 метри надморска височина во Нов Зеланд, во поле со лава во Исланд, помеѓу слонови во Кенија, или во црква која лебди на 150 метри во воздухот – запознајте 7 парови кои им даваат поинакво значење на свадбените локации.

 

И не, сликите не се фотошопирани. :)

 

Mona и Steve, Cecil Peak, Нов Зеланд

 

 

„Сакавме да најдеме сопствена црква, некаде во дивината.“ – ова им била целта на Mona и Steve кога ја започнале својата потрага по локација за нивната свадба. Па, целта ја оствариле, и тоа на врв висок 1900 метри на планина во Wanaka, Нов Зеланд.

 

„Сѐ изгледа толку диво и недопрено, глетката од хеликоптерот е неверојатна!“ – вели Allen, фотографот на Mona и Steve. „Невестите обично многу подобро се снаоѓаат од младоженците до врвот. Рамните машки чевли се лизгави на стрмните карпи покриени со трева.“

 

 

„Кога нашите пријатели и роднини ги видеа фотките, беа шокирани. Многумина нѐ прашаа да не случајно се фотошипирани.“

 

Ben и Sarah, Madikwe Game Reserve, Кејптаун, Јужна Африка

 

Tau Safari Lodge е комплекс со мали дрвени куќарки, сместени во приватен резерват, кој е дом на 10.000 животни од 27 различни видови. Токму ова место со нерамни пејзажи, разни дрвја и жолто-кафена трева, го избра овој пар за својата необична свадбена локација.

 

 

После венчавката следува изненадување - возење низ саваната, а вечерта, гостите и свадбениот пар се враќаат во Tau Safari Lodge каде што забавата продолжува во рустикалните бараки на комплексот.

 

 

Maureen и Chad, Maasai Mara National Reserve, Кенија

 

Сѐ започнува како класично планирање на свадба во Исланд, но плановите брзо се менуваат кога овој пар го открива овој природен резерват во Кенија.

 

 

Maasai Mara се простира на над 1500 km2 и е еден од најнаселените подрачја со лавови во светот. Тука исто годишно поминуваат над 2 милиони диви животни, меѓу кои зебри и антилопи.

 

 

„Без компјутери, без story на Instagram, без хаос, без глупости. Само двајца кои сакаат приказна која ќе се памети како свадба во најубавиот дел од светот.“ – велат младоженците.

 

Sophia и James, Budir Church, Исланд

 

Budir Church – мала, рустикална капела, сместена во огромен вулкански предел во Snaefellsnes, Исланд, блиску до Рејкјавик. Токму ваква необична локација барале Sophia и James, за да го овековечат нивниот ден.

 

 

А сите свадбени фотографи ќе се согласат – Исланд изобилува со неверојатни пејзажи, па оваа дестинација е чест избор за оние кои можат да си дозволат.

 

 

Emmie и Jared, Hotel de Glace, Квебек, Канада

 

Двоумејќи се помеѓу свадба во Bora Bora или Хаваи, овој пар ги изненадува своите најблиски кога се одлучуваат за зимска свадба во Hotel de Glace, хотел изграден целосно од мраз, на површина од 3000 m2.

 

 

Од барот до креветите и капелата, сè е направено од мраз, а температурата во хотелот е околу -6°C!

 

 

Хотелот нуди целосна организација на свадбата, од венчавката до дизајнот на декорациите, па с сè до утринско санкање со кучиња.

 

Russell и Kala, Sulphide Glacier, Mount Shuksan, Вашингтон

 

Вистински љубители на спортови на отворено, Russell и Кала се искачуваат на Shuksan, врв на надморска височина од над 2700 m, дел од националниот парк North Cascades. Кога пристигнуваат на врвот, Kala е изненадена со ружи, вино, дијамантски прстен и запросување.

 

 

Подоцна се враќаат во глечерот Sulphide, а дури 20 луѓе пешачат 6 часа заедно со нив.

 

 

Frits и Wilma, Marriage in the Sky, Брисел

 

Кога ќе се спомне венчавка на 45 m во воздухот, обично луѓето замислуваат некој ресторан во висока зграда. Меѓутоа, ова е нешто сосема друго. „Dinner in the Sky“ е компанија која нуди организација на настани каде што гостите седат на авионско седиште, на платформа која се крева 15 ката во воздухот.

 

 

Како што објаснува компанијата, ваква венчавка е за парови кои сакаат да го носат олтарот поблиску до ангелите.

 

Frits и Wilma го кажуваат своето „ДА“ на розова платформа, додека нивните пријатели и роднини се држат цврсто за своето седиште.

 

За да биде возбудата уште поголема, овој екстремен пар скока од платформата, а зетот ја бакнува невестата висејќи на баџи јаже.

 

 

Свада под вода, Hotel Metropole, Монте Карло

 

И нешто необично за крај. Pierre Frolla, светски познат шампион во нуркање, организира венчавка на 12 m под вода, во Hotel Metropole Monte Carlo.

 

 

Опрема за нуркање, транспорт со брод, професионален тим, видеографија, музика и шампањ, се дел од овој луд свадбен аранжман.

 

Сепак, доколку не можете да нуркате без да си го фатите носот, или ви се превртуваат цревата и кога ќе погледнете надолу од 3ти кат, можеби ви треба некоја помалку екстремна свадбена локација. А за тоа - тука е Термин.мк. Погледнете ја нашата база со не толку екстремни локации за вашата свадба, пребарајте слободен термин и испратете онлајн барање - брзо, лесно и безболно. :)