Многу парови потрагата по совршената локација за реализација на својата свадба ја завршиле штом дошле во контакт со Hotel Kakslauttanen. Хотелот е лоциран 250км над Арктичкиот појас, во Финскиот дел од Лепланд и со својата единствена локација нуди можност за организација на свадба од соништата. Хотелот има одличен ресторан, како и снежна капела. Располага со 40 првокласни бунгалови со ловџиски ентериер, а дополнително во зима, хотелот нуди можност и за по традиционално сместување – снежно игло и стаклено игло. 

 

wedding_location_iglo_1

wedding_location_iglo_2

wedding_location_iglo_3

wedding_location_iglo_4

wedding_location_iglo_5

 

Хотелот нуди можност за организирање на свадба во зима и лето. 

 

Свадбата во зимска варијанта под поларна светлина е навистина магичен ритуал. Што би можеле друго да ни понуди таква церемонија освен, вечна среќа? Има изградено специјална капела за свадбени церемонии од мраз, како и уште една капела која е сместена во ловџиска кабина во шумата.

 

wedding_location_iglo_14

wedding_location_iglo_15

 

Летната свадба пак има своја магија. Разиграност од бои, прекрасна недопрена природа и секако белите ноќи се само моменти кои искуството го прават незаборавно од секој аспект, а притоа ни ги исполнуваат соништата.

 

wedding_location_iglo_16

wedding_location_iglo_16

wedding_location_iglo_17

 

Кога зборуваме за несекојдневност, Kakslauttanen ви ја гарантира и преку неговата сала за настани – Santa’s Celebration House. Како за порелаксирани и интимни настани, салата е подготвена да одговори и на поголеми групи посетители. Брои 250 седишта и опремена е со најновите технологии за осветлување, звук и видео. 

   wedding_location_iglo_13

wedding_location_iglo_11

wedding_location_iglo_12

weddin_location_iglo_12

 

За сите оние кои се зимурливи, можат да се препуштат на топлата и удобна ловџиска кабина со преубавиот поглед кон иглоата, како и поглед кон дивината измешан со поларна светлина која со сигурност нема да ве остави рамнодушен. 

 

wedding_location_iglo_6

wedding_location_iglo_7

wedding_location_iglo_9

wedding_location_iglo_10

 

Termin.mk се уште нема нешто слично да ви понуди, но да се надеваме дека до 2064 година ќе изникне нешто вакво, и ќе ја дочекаме 50 годишнината збогатени со плус уште една супер невообичаена локација... Маврово, Шапка, шо праите? ☻