Уште една свадбена локација во базата на Termin.mk, но без онлајн достапни слободни термини, само на нашиот blog... ICEHOTEL, првиот “леден” хотел во светот, изграден во 1989 година во Шведска. Лоциран е во северна Шведска, во селцето Jukkasjärvi, 200Km северно од Арктичкиот Круг.

 

Хотелот истовремено преставува изложба на уметнички дела и е направен од природен мраз и снег собран од една од последните диви реки во Европа, реката Torne. Ѕидовите, подовите и таваните на хотелот се дела на дизајнери од различни креативни дисциплини. Уметниците и делата се менуваат од година во година, секоја изведба презентирајќи краткорочна колекција. Краткорочна, од причина што хотелот секоја година се топи и на пролет и се враќа на Мајката Природа. Неговата сезона трае од месец Декември до Април. 

 

Ова сезонско ремек-дело може да биде домаќин на вашата свадба од соништата. Несекојдневната локација, мразот, снегот, бојата на небото и неверојатното опкружување на ICEHOTEL не оставаат никого рамнодушен и истовремено нудат многу опции за вашата свадба. Реинкарнирани секоја нова зима, “Ледената Црква” и магичната главна сала на хотелот се незаборавни елементи и ја прават сликата комплетна.  

 

Хотелот нуди и свадбени консултантски услуги, од планирање до практични подготовки, со цел да ви обезбеди вистински магичен ден. Самото планирање се разликува од свадба до свадба, одземајќи време од неколку месеци до неколку години.

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_1

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_2

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_3

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_4icehotel_jukkasjarvi_weddings_4

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_5

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_6

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_7

 

И покрај фактот што “Ледената Црква” се враќа во реката на пролет, љубовта кон неа е вечна. Секоја зима оживеана во ново руво и рачно обликувана и резбана од внимателно одбрани дизајнери, таа е краткотрајна и една од најуникатните свадбени локации кои можете да ги најдете. 

 

Црквата се отвора на 26 Декември секоја година и работи до Април, кога веќе почнува да се топи и да се враќа назад во реката. Претставува мала интимна локација, со капацитет од 35-40 луѓе, со ѕидови и тавани направени од снег, и деталите на олтарот, како и клупите направени од мраз.

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_20

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_21

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_22

 

По долгиот ден славејќи ја вашата љубов со пријателите и семејството, хотелот ви овозможува незаборавна ноќ во вашиот апартман со поглед на небото над вас, збогатено со сјајот кој му го даваат северните светла. Ова целосно искуство е збогатено со поларни вреќи за спиење направени за двајца, во чиј состав е тенок слој од мека кожа на ирвас.

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_8

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_9

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_10

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_11

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_12

 

Една од главните улоги во првата брачна ноќ дефинитивно припаѓа и на апартманот кој ќе го одберете. Дизајнерите на ICEHOTEL се погрижиле да ви приредат незаборавен престој нудејќи различни категории на соби, од луксузни апартмани до едноставни снежни соби. Секоја од собите е уметност сама по себе, индивидуално дизајнирана, рачно обликувана... вистинско ремек-дело.

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_13

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_14

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_15

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_16

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_17

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_18

 

icehotel_jukkasjarvi_weddings_19

 

 icehotel_jukkasjarvi_weddings_23

 

Без разлика дали вашата свадба ја замислувате како тајно бегство со вашиот партнер или вистинска журка со вашите пријатели и семејството, свечена вечера со цел одбележување на овој ден е неизбежна. Шампањ, вкусна храна, изработени по порачка блокови од мраз со изгравирана дата и вашите имиња на нив ги разубавуваат масите во главната сала. 

 

Би го испратиле ли вашето онлајн барање за термин до оваа магична свадбена локација? ☻