Доколку се ближи роденденот на вашите најмили и веќе одбравте во која игротека ќе го прославитепокрај роденденската торта која е неизбежен дел од забавата и кај нас можете да ја најдете на супер попуст, роденденските покани се уште еден мал, но значаен елемент, по кој можете да направите роденденот на вашето дете да остане запомнет.

 

Па, како да направите супер креативна роденденска покана која ќе изнуди насмевка на лицата на поканетите гости?

Засукајте ракавите и да започнеме!

 

 

Многу од она што го имате дома и мислите дека не ви е потребно, всушност може доста креативно да се искористи при изработката на поканите. Еден пример за тоа се малите хартиени шаблони за јајца кои ви останале празни. Еве како можете да ги претворите во уникатни роденденски покани кои ќе ги израдуваат и славениците и гостите.

 

1. Боја и декорација

 

Најпрво избојте ги и декорирајте ги како што сакате. Најдобро е да користите акрилни бои, но може да искористите и сè друго што ќе ви падне на памет за да ги направите да изгледаат онака како што сте ги замислиле.

 

2. Картички

 

Испечатете или сами нацртајте покани кои ќе ги залепите внатре и на надворешната страна на шаблонот. Искористете ги за да напишете детали околу роденденската забава (кога и каде ќе биде..).

 

3. Исполнете ги шаблоните

 

Наполнете ги шаблоните со шаренило на кое децата ќе му се израдуваат. Тоа може да бидат балончиња, лижавчиња, бомбони, чоколади, мастики, малечки играчки, конфети..

 

4. Балони

 

Одберете балони кои ќе одговараат на декорацијата на поканите и на нив напишете го името на детето кое го поканувате на роденденската збаава. Секој балон врзете го за соодветниот шаблон.

 

5. Изненадување!

 

Изненадете ги пријателите кои ги поканувате со тоа што ќе им ги оставите вашите рачно изработени специјални покани во нивниот двор или пред вратата.

 

 

Кога ги изработувате овие покани може да се забавувате заедно со вашите деца на тој начин што ќе им дозволите и тие да ја изразат својата креативност и да ви помогнат во изработката.

 

Изработката на вакви покани може да биде совршен начин да ги анимирате вашите деца и да ги поттикнете да ја развиваат својата креативност за на крај да ги изненадите гостите со вашите невообичаени роденденски покани.