Доколку сакате да ја направите совршената роденденска забава за вашите најмили, ве советуваме да ги вклучите малите палавковци во најважните елементи на роденденот.

 

Постојат многу забавни начини да го направите ова, а еве ги нашите предлози.

 

1. Изберете ја роденденската тема заедно

 

Сè започнува со изборот на роденденската тема. А кој знае подобро од вашето дете каква тема сака за својот роденден? Затоа, позборувајте заедно околу омилените ликови, цртани филмови, бои, фигури и слично. Се разбира, веќе ги знаете и вие. 

 

Верувајте, малите ќе бидат пресреќни кога ќе знаат дека ќе имаат тематски роденден со омилените ликови.

 

detski_rodenden_vo_igroteka

 

2. Нека помогнат во изработката на роденденските покани

 

Роденденските покани се одличен начин да ги вклучите вашите деца во подготовката на роденденот. Тие знаат колку се важни поканите и точно знаат какви треба да бидат.

 

Изработката на роденденските покани е исто така забавна и креативна активност за малите, па така може да помогнат со тоа што ќе ги дизајнираат истите по свој вкус. Можеби сакаат да стават свој цртеж, порака или декорација со самолеплива хартија – а вие сте тука да им помогнете!

 

detski_rodenden_vo_igroteka

 

3. Роденденската торта

 

Најважниот дел од секој роденден – роденденската торта. Најчесто тортата се изработува според избраната тема, но никогаш не се знае со малите умници. Прашајте ги каква торта сакаат, каков вкус, или дајте им да изберат покажувајќи им повеќе торти од иста или различна тема.

 

А со Термин.мк добивате 20% ПОПУСТ на торта од Канела за роденден во нашите игротеки!

 

detski_rodenden_vo_igroteka

 

4. Изберете ги роденденските активности

 

Вашите деца најдобро знаат кои забавни игри и активности ќе им се допаднат и на останатите гости. Затоа, малите роденденковци нека ви ги кажат сите нивни идеи, а вие обидете се да ги реализирате.

 

detski_rodenden_vo_igroteka

 

Тука се и нашите игротеки кои ќе ви помогнат да го организирате најзабавниот роденден за малите роденденковци! Со безброј забавни содржини, тематски забави и уште што не – само изберете го вашиот термин и испратете онлајн барање!