Одлуки, одлуки – само што сте направиле веридба, или ве побарале, веќе се прашувате кога би било најсоодветно време за свадба. Летна или зимска свадба?

 

Трендот и бројот на резервации и испратени онлајн барања за свадби преку единствената веб апликација каде може да проверите онлајн термин за свадба во Македонија – Termin.mk, вели дека на поголем дел од вас им се допаѓа идејата за свадба во лето, на отворено, проследена со топла и пријатна вечер. Од друга страна пак, прекрасна бела свадба што личи на Божиќна разгледница, во црква прекриена со снег опкружена со божиќни дрвја и многу сијалички би било исто така добра идеја!

 

 

 

Два – три збора предупредување од нас: кога размислувате за вашиот свадбен термин - не ја планирајте и предвидувајте временската прогноза во било кое годишно време од годината. Ништо не може да ви гарантира дека нема да ви се погоди свеж и дождлив ден во јуни, и секако, кој вика дека во декември мора да биде снежно и бело – на крајот може да биде само ладно и темно.

 

Каде ќе се одржи свадбата? Во кој ресторан или свадбена локација? 

 

Да ја тргнеме временската прогноза на страна, првата работа која што треба да ја земете во предвид додека одлучувате дали свадбата ќе биде во лето или во зима, е просторот каде ќе се одржи.

 

Одредени места се актуелни само во некои годишни времиња. На пример, ако имате прекрасен отворен простор што плаче за да биде исполнет со огромен шатор, тогаш би требало да ја разгледувате опцијата за свадба во лето или некој потопол месец – без разлика колку убаво може да биде декорирано, не би сакале гостите да се смрзнуваат таму во Јануари.

 

Од друга страна, ако сте градска личност што не би сакала да прави свадба на отворено во околината на градот, и ако сакате помала свадбена прослава, тогаш зимска свадба во централното градско подрачје е вашиот избор. 

 

Што ќе направи вашите пари да „траат подолго“? 

 

Дополнителни работи кои треба да ги имате на ум се трошоците и достапноста. Како што споменавме погоре, повеќето од идните брачни парови преферираат да прават свадба во лето отколку во зима, и како резултат на тоа популарните локации се резервираат однапред доколку свадбата е во некои од летните месеци – особено во сабота. Па така, за одредени локации за свадби, веќе преку Termin.mk имаме онлајн барања за термини за 2019 година. 

 

Исто така сите други услуги поврзани со свадбата како што се фотографи, цвеќари, кетеринг и декорации, се многу повеќе зафатени преку лето. Но не паничете – доколку сакате да правите свадба во не толку популарен ден од неделата на пример четврток или петок, со сигурност имате повеќе шанси да го добиете просторот што го посакувате. Со значителното зголемување на бројот на летни ресторани за свадби во Скопје, веќе и недела можеме да го наречеме “не толку популарен” термин за свадба. 

 

Доколку сакате вашата венчаница да биде по нарачка, исто така и за тоа постои листа на чекање ако правите свадба во лето, поради горенаведените причини.

 

Правењето на свадба во лето, на некој начин може да испадне и многу поскапа отколку свадба во зима – имате многу помалку шанси да преговарате за попуст бидејќи поради големата побарувачка на рестораните не би им било во корист да ги смалат цените.

 

Од друга страна пак, цвеќето што планирате да го нарачате би можело да биде поефтино бидејќи тоа е неговата сезона.

 

И покрај сезонскиот тренд, кои се добрите страни на свадба во зима?

 

Како прво, - освен ако не го одберете Божиќ – многу повеќе од гостите кои што ќе бидат поканети ќе може да дојдат на вашата свадба. За разлика од летните месеци, помали се шансите да имаат испланирано одмор и сите уживаат во фамилијарни собири и дружење со пријателите во тој период од годината.

 

Исто така сето ова може многу повеќе да му одговара на вашиот буџет – сите локации и ресторани се многу помалку зафатени во зима, што значи дека можете да се договорите и за некоја специјална понуда или попуст. Локацијата од соништата исто така ќе ви биде многу по достапна и вашите гости од подалеку ќе бидат во можност полесно да најдат сместување.

 

И во зима можете да најдете интересна тематика и да го направите вашиот ден по забавен од другите. Вашите деверуши може да бидат облечени во светли бои, просторот украсете го со многу сијалички, служете греено вино и други топли напитоци, и сето ова надополнете го со огномет.

 

Вашата свадба може многу повеќе да се истакне во зима. Знаете дека сите ваши роднини и пријатели присуствувале на многу свадби во лето, но на многу помалку во зима – па така вашата ќе остане запаметена како различна од другите!

 

Може да сервирате по едноставна и по евтина храна, како на пример супи и чорби или топол пудинг како на пример тарт.

 

Зимските свадби имаат предност со тоа што создаваат интимна и пријатна атмосфера, така што ова треба да го имате на ум доколку сакате помала свадба.

 

Кои се добрите страни на свадба во лето?

 

Како прво, временските услови се подобри. Веројатно нема да има потреба од резервен план за вас и за гостите доколку се случи снежна бура! Исто така, ако планирате свадба околу Божиќ и на вашиот список се наоѓаат гости надвор од државава, летовите за роднините од странство се многу поскапи во овој период од годината.

 

Има нешто посебно во лето што ги прави луѓето среќни и полни со енергија. Ако планирате долга и целодневна свадба, со денски и вечерен дел, бидете сигурни дека вашите гости ќе се чувствуваат поубаво ако може да седат надвор и да уживаат во топлиот вечерен воздух.

 

И покрај тоа што ќе треба да ја резервирате локацијата однапред, имате многу поголем избор – вашата свадба може да биде во огромен шатор, или тревник на отворено, што не е баш привлечно во постудените месеци. Termin.mk работи со најдобрите локации за свадба, па погледнете го тука изборот на локации кои ви го нудиме.

 

Исто така може да истражите и различни опции за храна што не би можеле во зима, на пример скара во дворот или морска храна и фрижидер со сладолед.

 

Секако, како и секогаш, на крајот на денот е важно вие да се чувствувате убаво. Без разлика што ќе одберете, тука сме ние да ви ги понудиме најдобрите локации за свадби за било кој период од годината!