Освен по пожолтените есенски лисја, крајот на октомври е познат и по Ноќта на вештерките или Halloween. Празникот кој се повеќе и повеќе се одбележува и кај нас.
Ако вашето дете е родено во овој период, или баш на овој термин, приредете „хорор„ изненадување кое нема да остави никој рамнодушен. :)
Во продолжение - неколку идеи за супер Halloween роденден. Да започнеме!
1. Тематска забава
Се разбира, темата е - Halloween! Меѓутоа, постојат толку многу елементи кои може да се искористат за насочување на главната тема, а со тоа и давање насока за останатите декорации. Направете комбинација од торта, слатки, костуми и декорации кои ќе ги направат среќни вашите најмили.
Духови, скелети, Frankenstein, вештерки или страшни пирати, вие одлучувате. Или поточно - вашите деца. :)
2. Шарен роденден
За да бидете сигурни дека децата нема да се исплашат, додадете повеќе боја. Освен традиционалната портокалова и црна боја, во контраст со нив искористете и зелена, црвена и жолта во било која светла нијанса.
Всушност, може да ја искористите било која боја, многу „страшни“ елементи содржат и светли бои како бела и розева.
3. Чаршав исплетен од пајак
Еден едноставен елемент кој може да го искористите за декорација на вашиот роденден се чаршафите.
Ставете портокалов чаршаф на масата или можеби чаршаф со пајакова мрежа, а на него чинии и украси во соодветните бои и форми.
4. Декориран прибор
Салфетки - шарени, лесни за обликување, а пред се достапни и евтини.
Истите може да ги искористите за да го завиткате приборот. Изберете ги според избраната тема и останатите поставени бои.
5. Хартиени пајаци
Направете пајаци од хартија и залепете ги на роденденските капчиња. Едноставни се за изработка, а изгледаат супер и оставаат впечаток на вложен труд.
6. Вкусни мозоци :)
Тоа што ќе го подготвите за јадење оформете го во согласност со темата. Тоа може да го направите од јајца, крем сирење и маслинки. Или едноставно тоа што ќе го купите за јадење ставете го во корпички кои ќе одговараат со другите декорации за вашата роденденска забава.
Бидете креативни, послужете ги гостите со колачиња мозоци, очи од јајце и маслинка, лижавчиња лилјаци и други страшни закуски.
Важен дел од секој роденден е и роденденската торта.
7. Маските - најзабавниот дел од Halloween
Ноќта на вештерките може да биде и страшна тема, но сепак за децата е најчесто забавна заради различните маски и костуми.
Суперхерои, злобни вештерки, пирати без око, волшебници или принцези - вие и вашите најмили може да бидете што сакате. Барем на овој ден.
Подолу може да ги ѕирнете различните маски кои ќе ви дадат инспирација за вашата.
8. Фамозната злобна тиква
Сите сме ја виделе, така? Добро познатата тиква со страшна насмевка и очи кои светкаат во ноќта. Станува збор за Jack-o'-lantern, навидум обична тиква со изрезбани очи, нос и уста, симболот на овој празник.
Па, што чекате? Изберете ја вистинската тиква и почнете со резбање! :)
Искористете ја вашата имагинација и направете интересна роденденска забава за вашето дете. Може да смислите приказна според која ќе се водите или едноставно да играте со различни декорации, бои и форми. Имате навистина многу избор.
Среќен Halloween и не заборавајте да погледнете под креветот пред да си легнете. Којзнае што се крие таму .... МуахахАХаххаАхах ...