Доколку немате време да ја изберете совршената дестинација за меден месец, и им верувате на ѕвездите, тогаш овој текст е за вас. :)

 

Ги избравме најдобрите места за меден месец според секој хороскопски знак, па најдете се!

 

Водолија (20 јануари – 18 февруари): Санторини, Грција

 

Ексцентрични, отворени и љубопитни – на вас со овој хороскопски знак ви треба меден месец со малку повеќе акција. Па, мислиме дека треба да го погледнете грчкиот остров Санторини. Санторини е еден од најубавите острови во Грција и нуди безброј активности за вас и вашиот партнер.

 

 

Од пливање во пештери до посета на антички на антички локалитети како Акротири и Тера, водолиите ќе уживаат во оваа магична локација.

 

Риби (19 февруари – 20 март): Света Луција

 

Бидејќи рибите се воден знак, и се познати по својата љубезност и романтика, мислиме дека најмногу би се забавувале на место кое е опкружено со длабок и син океан – како Света Луција. Света Луција е остров на Карибите добро познат на оние кои сакаат да се опуштат на плажа, и да ги истражуваат локалните продавници и ресторани.

 

 

Рибите го обожаваат овој остров и е нивен чест избор за меден месец, бидејќи можат да го поминат денот нуркајќи а вечерта можат да се опуштат со приватна романтична вечера со својот партнер.

 

Овен (21 март – 19 април): Нов Зеланд

 

Независниот и енергетскиот дух на овните значи дека ќе си поминат супер на место кое исполнето со забава и различни активности. А Нов Зеланд е токму таква дестинација.

 

 

Доколку сте пар кој бара забава и сака да ја истражува природата, Нов Зеланд е токму за вас. Исполнет со дождовни шуми, пештери со лава, па дури и глечери! Малку далеку но сепак, доколку сте вистински Овен, патувањето ќе биде уште една авантура.

 

Бик (20 април – 20 мај): Долина Напа, Калифорнија

 

Родените во знакот на Бик се практични луѓе, но исто така уживаат во префинетите нешто кои ги нуди животот. Затоа, наш предлог за меден месец – Долината Напа во Калифорнија. Ќе уживате во прошетките низ неверојатните предели, вкусување на прекрасно вино, како и уживање во спа центар или романтичен појадок во кревет.

 

 

Се разбира, доколку сето ова можете да си го дозволите.

 

Близнаци (21 мај – 20 јуни): Рим, Италија

 

Близнаците се познати по тоа што се неодлучни, па затоа мислиме дека дестинација во која се застапени различни култури може да биде забавен начин да се помине медениот месец.

 

 

Рим – романтично бегство, со античка историја, вкусна храна и што не! Близнаците ќе уживаат во дружбата со локалното население, како и во посетата на атрактивните локалитети како фонтаната Треви, Шпанските скали, Колосеумот и многу други.

 

Рак (21 јуни – 22 јули): Аспен, Колорадо

 

Сентиментални и посветени на семејството, родените во овој знак уживаат места во кои многу брзо можат да се опуштат, и да се чувствуваат како дома. Една дестинација која е чест избор за овој знак е и Аспен, Колорадо.

 

 

Аспен дава чувство на удобност, а пак љубителите на зимата вистински ќе уживаат во својот меден месец. Освен зимските спортови, може да го поминете времето со вашиот партнер јавајќи коњ, во спа центри, вечера во омилениот ресторан и слично.

 

Лав (23 јули – 22 август): Барселона, Шпанија

 

Лавовите сакаат да си поминат убаво во секоја ситуација, и обожаваат добра забава, па затоа мислиме дека токму Барселона е вистинскиот избор за совршениот меден месец.

 

 

Барселона е позната по своите шарени забави, како и застапеноста на различни култури кои Лавовите ќе сакаат да ги запознаат одблизу. Еклектични клубови, неверојатна архитектура и магична храна – совршена дестинација за овој знак.

 

Девица (23 август – 22 септември): Париз, Франција

 

Организациските способности на Девиците значат дека тие секогаш имаат полн календар. Па така, мислиме дека Париз е одличен избор за овој знак, како дестинација која ќе ги пополни испланираните активности за време на медениот месец.

 

 

Девиците ќе уживаат во планирањето на својата листа со локации кои треба да ги посетат во Париз, како Ајфеловата кула, Нотр Дам и другите познати локации. Освен овие мега популарни места за посета, Париз е исто така синоним за еден од најромантичните градови во светот, а веруваме дека ова ќе им се допадне на Девиците.

 

Вага (23 септември – 22 октомври): Белизе

 

Вагата се врзува со мир, смиреност и добри вибрации, па еден тропски рај како Белизе најдобро одговара на овој знак. Белизе не е познат само по офшор сметките на светските тајкуни за криење на своите пари, туку е и една од најпознатите дестинации во Централна Америка, со антички рушевини од времето на Маите, тропски плажи и егзотична кујна, е одличен избор за меден месец.

 

 

Плус, јога вежби на плажа за опуштање и шарени коктели со вашиот партнер – мислиме дека ова е доволно за Белизе да стане омилено место на родените во овој знак.

 

Шкорпија (23 октомври – 21 ноември): Оаху, Хаваи

 

Шкорпиите се познати по својот јак и бурен карактер, па дефинитивно им препорачуваме да поминат релаксирачки меден месец на познатиот архипелаг.

 

 

Оаху, Хаваи – бели плажи, луксузни хотели, како и едни од најпознатите места за капмување. Совршен избор за Шкорпиите кои сакаат да се опуштат и да ги наполнат батериите после свадбениот хаос, на тропското сонце со овошни коктели.

 

Стрелец (22 ноември – 21 декември): Краби, Тајланд

 

Стрелците сакаат да патуваат и да ги истражат непознатите локации. Па така, исклучениот јужен дел на Тајланд, познат како Краби, е навистина забавно место за меден месец за овој знак.

 

 

Овој мирен град е опкружен со прекрасно море, дом на корални гребени, застрашувачки карпи и длабоки шуми. Заедно со неверојатните глетки, Стрелците ќе уживаат со својот партнер во егзотичните кулинарски специјалитети на Краби.

 

Јарец (22 декември – 19 јануари): Јужна Африка

 

Јарците припаѓаат на земјените знаци, што значи дека се многу амбициозни и им треба меден месец исполнет со авантури. Мислиме дека Јужна Африка на Јарците ќе им понуди многу нови нешта за истражување, а секако ќе ги држи зафатени цело време.

 

 

Без разлика дали ќе изберете сафари авантура во некој национален парк, или качување на планина, Јужна Африка е романтична дестинација за меден месец, која никако нема да ви досади.

 

Па, ви ја погодија ли ѕвездите совршената дестинација за вашиот меден месец? :)

 

А ние ќе ви помогнеме да го најдете совршениот термин за свадба, и тоа без никаква помош од вселената! Пребарајте слободен термин онлајн, изберете ја омилената локација и испратете барање за свадба со Термин.мк!