Невестинските фустани за есен 2019 конечно дебитираа на модните писти, и можеме да ви кажаме дека се неверојатни! Од улични и урбани изгледи до сензационални и елегантни, овие трендови за 2019 нема да ве остават рамнодушни. Ќе споделиме неколку импресии од New York Bridal Fashion Week, каде што врвните дизајнери на невестински фустани ги откриваат своите најнови колекции и се разбира – трендовите за 2019.
За сезона есен 2019, може да забележиме мешавина од драматично асиметрични дизајни комбинирани со елегентни линии, и безброј други стилови кои целосно ја освежуваат модната сцена. Па, доколку ве интересира кои дизајни ќе се појават во продажба, погледнете ги овие фустани за есен 2019.
Meghan Markle кралски дизајн
Кралската свадба како топ свежа тема на New York Bridal Fashion Week, поставува неколку основи за дизајните во 2019. Изненадени од минималистичкиот дизајн на фустанот на Меган Маркл, неколку дизајнери истиот го искористија како основа за своја интерпретација на своите креации.
Се забележуваат слични дизајни на скоро сите писти, па дури се слушаат и коментари од типот: „Ова е фустанот кој што требаше да го носи Меган...“. Тесни и стилизирани линии со чист и свечен дизајн, многу од колекциите на невестински фустани за есен 2019 вклучија барем еден фустан инспириран од кралската свадба.
Асиметрија
Асиметричните дизајни се уште еден впечатлив елемент кај невестинските фустани за 2019. Вметнувањето на асиметрични линии на сукњите кај стандардните балски фустани создава уникатен ефект на водопад кој нема да ве остави рамнодушни. Прецизно поставените материјали кои брзов ви го одземаат вниманието се навистина интригантни за гледање од кој било агол.
На модната писта, како и да се свртат моделите, можат да се видат сите различни аспекти на фустанот, кој на мигови изгледа како два фустани во едно. Заедно со уникатните дизајни, асимтеријата се забележува и во линијата на вратот, контрасните материјали и сукњите со различна должина.
Доколку ги пропуштивте модните трендови за невестински фустани за пролет 2019 - погледнете го гостинскиот блог текст на нашата млада модна дизајнерка Евгенија Зафировска
Old School гламур
Модните икони како Audrey Hepburn, Elizabeth Taylor, и Grace Kelly, се безвременска инспирација за многу од дизајнерите кои се впуштија во поставување на трендовите за невестински фустан за есен 2019. Софистицирани и женствени дизајни се појавуваат во многу колекции, меѓу кои и на Romona Keveža, Sareh Nouri, и Amsale.
Овој тренд нѐ враќа назад кон гламурот и елеганцијата на страиот Холивуд. Невестинските фустани содржат елегантни линии со стеснати половини, широки балски парчиња (à la Gracy Kelly), како и минималистички сукњи комбинирани со елегантни линии на вратот. Ова навистина е еден флешбек кон гламурозниот стар Холивуд, како еден од впечатливите елемнти на невестинските фустани за есен 2019.
Светли и силни бои
Збогувајте се со невестинските фустани со нежни и бледи нијанси, и поздравете ги новите светли и контрасни дизајни. Долго време пастелните бои беа избор за модерните невести кои сакаат разгиран и уникатен изглед, но оваа година дизајнерите одлучија изборот на бои да го носат на едно ново ниво.
Може да се забележат моделите на модните писти кои носат фустани со вибрантни бои, прекрасни парчиња со различни должини на сукњата, како и новите дизајни за кои сите зборат, со портокалови нијанси и колекции инспирирани од замокот Версај. Невестите кои сакаат различна боја на фустанот освен класичната бела, во 2019 слободно може да изберат невообичаени и светли нијанси.
Дизајни инспирирани од музиката
Минатата сезона, дизајнерите ги открија своите парчиња за пролет 2019 со инспирарани дизајни од светот на балетот. Оваа сезона продолжува трендот на овие грациозни, уметнички дела, како и останати колекции за кои главна инспирација е музиката.
Дизјнерите сакаат нивните фустани да изгледаат како да се движат (или танцуваат) слободно на модните писти. Затоа тие создадоа креации кои вклучуваат слоеви од прецизно изработени свилени сукњи. Од разиграни и повеќе слојни балски фустани, до прекрасни детали, движењето е главен елемент кај невестинските фустани за есен 2019.
Невестински моќни костими
Трендовите за 2019 носат многу самоуверени и моќни дизајни во светот на невестинската мода. Овие таканаречени Bridal Power Suits се вклучени во повеќе колекции, и се инспирирани од идејата на креаторите за прикажување на моќни и убави елементи, различни од традиционалните фустани.
Разотркивачки и секси модели, длабоки деколтеа и стратешки поставени врвки, овие моќни костими создаваат шик изглед, совршен за оние кои сакаат да вметнат силна изјава на големиот ден.
Polka dot дизајни
Polka dot или дизајните со шема на еднакви точки, се вистинскиот избор за фустан во 2019. Ваквите „точкести“ дизајни кај одредени велови се појавувале и во минатото, но за оваа сезона дизајнерите се насочени кон вметнување на овие шеми на цели невестински фустани.
Точки, кругови и други слични дизајни се забележуваат во модните колекции на Hayley Paige, Pnina Tornai и други. Класични но сепак разиграни, овие шик шеми се совршени за вашиот фустан за свадба во 2019.
Мистичен вајб
Од горни делови во форма на школки до магични бои со фантастични декорации, инспирација за овие фустани се митските суштества и бајките, кои веднаш ќе ве маѓепсаат. Истите дизајни внесуваат разиграност на модните писти, заедно со уникатните рачно изработени додатоци, виолетови бои и балски елементи.
Диви цвеќиња
На пистите во 2018 се појавија невестински фустани со вински шеми благодарејќи на тогашната опседнатост со зелена декорација. За трендот во пролет 2019, овие декорации се сè уште главната инспирација за многу дизајнери, а посебно дивите цвеќиња се во центарот на вниманието.
Овие дизајни се појавуваат во вибрантни бои, луксузни материјали и деликатни орнаменти, со што создаваат една разиграна, фолк естетика. Од три-димензионални додатоци до апстрактни цветни декорации, овие невестински фустани навистина го одземаат здивот.
Сега кога знаете кои се нај хип трендови за невестински фустан за есен 2019 - започнете со креирање на вашиот фустан од соништата! А доколку не сте започнале со планирање на вашата свадба - погледнете ги слободните термини за 2019, изберете ја омилената локација и испратете онлајн барање со Termin.mk!