Добредојдовте во Frolic’s Castle – најголемата игротека за деца на затворено во светот!
Лоцирана во Memorial City Mall –на неверојатни 3000 m2 и три ката, овој средновековен замок се наоѓа во магична шума исполнета со волшебници, витези и пријателски настроени змејови кои испуштаат оган!
„Имавме намера да создадеме нешто уникатно и големо“ – вели Хери Хедленд, сопственикот на игротеката. „Тоа е незаборавна и интерактивна авантура“.
Меката површина за играње е направена од рачно изработен сунѓер и сите играчки се специјално изработени од анти-бактериски материјали.
Волшебната земја е дом на пријателскиот зелен змеј кој се вика Frolic, неговата виолетова жена Felicity и нивниот син – Puffy. Frolic е навистина познат и децата го обожаваат. Зелениот змеј има специјални настапи секојдневно. Замокот на Frolic има 1000 посети неделно, а најдобриот дел е тоа што влезот е бесплатен!
Погледнете го видеото од оваа неверојатна игротека и погледнете што сè ќе најдете внатре:
Koja e најголемата и најмодерната игротека во Скопје? Погледнете ги овие 22 игротеки и одлучете самите!