Со нетрпение очекувавме што ќе видиме на New York Bridal Fashion Week! Невестинските дизајнери од целиот свет ги открија своите најнови колекции и се разбира трендовите за венчаница за 2020 година. Трендовите на венчаници за пролет 2020 година се предвесник дека ќе биде далеку од здодевно. Од модерни и елегантни дизајни до минимални, кратки и едноставни бели фустани...
Совршена венчаница од секој агол
Vera Wang
Мојата омилена и бескрајно инспиративна дизајнерка на венчаници, Вера Ванг, во октомври, Вера Ванг ќе ја прослави својата 60-та невестинска колекција. Таа почнала со идејата фустаните да изгледаат сосема поинакви од секој агол, додека многу дизајнери размислуваат само за две гледни точки: напред и назад. Доколку се согласувате - одберете венчаница која е 360° совршена во секој дел од вашето тело.
3D цветови
Vera Wang, Tadashi Shoji, Carolina Herrera
„Флоралната“ или цветната пролет како моден стил е во центарот на вниманието. Без разлика дали дизајнот содржи еден голем совршен цвет или повеќе мали и деликатни цветчиња, истите додаваат нота на романтика на различните кроеви на венчаницата.
Ball Gowns
Carolina Herrera, Amsale, Anne Barge
Нема ништо лошо во тоа да сакате да бидете во центарот на вниманието, свадбата е сепак ваш ден. Ако сакате да направите драматичен влез, „Ball Gown“ е за вас. Овој крој на венчаница може да направи да се чувствувате како Пепелашка на вашиот голем ден.
Небесни вибрации
Oscar de la Renta, Anne Barge, Monique Lhuillier
Оваа уникатно дизајнирана силуета го отстранува горниот дел од телото и дава сериозни и небесни вибрации. Смирените кроеви и минималните линии се подоминантни во однос на подраматичните и волуменизирани форми.
Наметки
Carolina Herrera, Anne Barge, Victoria KyriaKides
Ако сте одлучиле да не носите вел, наметка која е со целосна должина или малку пократка е одлична алтернатива. Таа, се вклопува во секој стил на свадба - без разлика дали имате класична или гламурозна венчаница. Носете наметка за поформален изглед, за време на церемонијата, а потоа извадете ја кога ќе бидете подготвени да се појавите на подиумот.
Шумски пердуви
Oscar de la Renta, Naeem Khan, Oscar de la Renta
Деталите со пердуви беа во мода веќе неколку сезони, но шумските пердуви (мислам: нежни пердуви од ној) можат да ја претворат дури и наједноставната силуета во елегантна и префинета. Гламур со целосен фустан од пердуви или само неколку добро поставени делови за неодолива привлечност, изборот е ваш.
Off-the-shoulder
Anne Barge, Viktor & Rolf, Francesca Miranda
Овие модели се повторно во мода! Далеку од застарените подуени ракави на 80-тите години, овие „off-the-shoulder“ верзии имаат доста романтичен израз, особено во комбинација со чиста силуета. Ако ви се допаѓа овој изглед можете да го носите и на приемот или подоцна за свадбената забава.
Кратки фустани
Oscar De La Renta, Amsale, Isabelle Armstrong
Доколку барате добар изговор за да ги покажете чевлите, овој тренд е за вас. Краток, бел фустан е совршен за сите настани поврзани со свадбата.
Диско естетика
Theia, Nicole, Viktor & Rolf
70-тите имаат големо влијание врз некои од најновите трендови за венчаници. Целата колекција за пролет 2020 на THEIA беше инспирирана од познатиот танцов клуб Студио 54, Њујорк во 1970-тите, додека другите колекции ја прифатија диско-естетиката на еден посуптилен начин.
Невестински шорцеви
Reem Acra, Gracy Accad, Reem Acra
За Пролетта 2020 година, трендот невестински шорцеви беше забележан во новите збирки на Gracy Accad, Justin Alexander, Reem Acra, Ines Di Santo и Pronovias, дизајнери кои се одлучија за неверојатен и истовремено потценет изглед.
Моден Шекспир
Francesca Miranda
Видовме еден тон влијанија од елизабетанската ера оваа сезона, од издлабени ракави и високи necklines, до изложени корсети, capelets, и многу сложена чипка. Шекспир шик, е тренд за невеста која не се плаши од моден ризик. Трендот на венчаницата “Моден Шекспир” се врти околу традиционалното, бидејќи вклучува волшебни елементи кои се околу стотина години (и веројатно ќе бидат за стотици).
Извезeни пораки
Hermione de Paula
Доколку сакате да бидете уникатни на вашата свадба погледнете дел од венчаниците на ателјето за венчаници базирано во Лондон, Hermione de Paula. Тие креираат венчаници на кои се извезени пораки што имаат посебно значење за невестата.
Најважно од сѐ е да одберете фустан кој ќе прилега на вашето тело и стил, секако во зависност и од атмосферата. Додадете додатна вредност на вашиот венчален фустан. Еден мал дел на венчаницата, но многу значаен за вас кој ќе го паметите целиот живот!
Ве инспириравме за вашиот голем ден? Заедно со Евгенија Зафировска сега можете да ја креирате венчаницата од вашите соништа и да блеснете на вашата свадба! Клик тука и дознај повеќе.