Еден од актулните модерни и урбани свадбени трендови се невистинските јакни... посебно за оние свадби кои се прават во период на пролетта или на есен. Овој аксесоар ви овозможува да направите забавна и уникатна промена за време на вашиот свечен ден.
Можете да начекате невестински јакни во секакви бои и стилови и за било која и да се одлучите нема да згрешите. Панкерски тексас јакни, моторџиски кожни јакни, вестерн јакни, бомбер јакна или пак елегантна јакна? Подоле можете да ги ѕирнете сите стилови на невестински јакни што тимот на Termin.mk ги одбра за вас, и се во буџетот до 100$:
Бела тексас јакна со уникатен натпис е класичен, едноставен и кул додаток на вашата венчаница. Земете и една за вашиот сопруг, бидете уникатни заедно.
Цена: 20$
Купи онлајн: https://etsy.me/2Pn504U
Одберете кожна невестинска јакна за да дадете еден rock 'n' roll vibe на вашата свадба.
Цена: 62$
Купи онлајн: https://etsy.me/2HzmggG
Истакнете се на вашиот свечен ден со класична тексас јакна, со уникатен натпис и симбол на грбот.
Цена: 52$
Купи онлајн: https://amzn.to/32flj5o
Old-school бомбер јакна, персонализирана со уникатен натпис.
Цена: 50$
Купи онлајн: https://etsy.me/2NB71ro
Персонализирајте ја вашата кожна невестинска јакна, ставете уникатен натпис и креативен симбол на нејзе.
Цена: 50$
Купи онлајн: https://etsy.me/30Kd2pE
Тексас невестинска јакна украсена со флорална декорација.
Цена: 30$
Купи онлајн: http://bit.ly/2ZqU4XN
Одберете уникатна чипкана бомбер јакна што ќе ја комплементира вашата венчаница.
Цена: 78$
Купи онлајн: https://amzn.to/2MJgEVA
Ако одлучите вашата свадба да ја реалзирате во шумска околина или пак правите бохемска свадба, тогаш каубојска невестинска јакна со реси одлично би се вклопила со вашата одбрана тематика.
Цена: 80$
Купи онлајн: https://amzn.to/2PnBcoL
Бела невестинска јакна од вештачко крзно е одличен луксузен и гламурозен избор кој ќе ве грее за време на вашата зимска свадба.
Цена: 98$
Купи онлајн: http://bit.ly/2MI07Bh
Одберете ја невестинската јакна што најмногу ќе одговара на вашата венчаница, или пак дозволете си да бидете похрабри и да одберете јакна која ќе биде вистински контраст на вашиот свадбен фустан. Доколку не сакате ништо да препуштите на случајноста, направете спој помеѓу вашата јакна, и тематиката и стилот на вашата свадбена декорација, како и избраната свабдена локација.
Бидете уникатни, бидете креативни.