Направете го вашиот свадбен термин супер брз и економичен. Покрај онлајн проверката на слободните термини во најдобрите ресторани за свадби и останати свадбени локации, ви овозможивме дополнителна услуга со која секој ваш резервиран термин може да стане огромна заштеда.

 

Нашиот тим обезбеди супер реални свадбени попусти во најдобрите фото студија, студија за декорации и венчаници, музички групи, златари, покани за свадби, опрема и осветлување, фризерски студија и други услуги поврзани со денот на вашата свадба. Покрај попустите, на располагање ви се и други корисни информации поврзани со компаниите.

terminmk-popusti-za-svadba

Како да се стекнете со правото да ги користите сите актуелни попусти? Единствено што треба да направите е следново: 

 

  1. Да ги проверите слободните термини и испратите онлајн барање за посакуваните
  2. Да го резервирате терминот во свадбената локација каде што сте испратиле онлајн барање за термин
  3. Да не контактирате дека успешно сте резервирале термин

 

Притоа, резервираниот термин во ресторанот не мора да кореспондира со терминот за кој сте го пратиле онлајн барањето. Пример, ако сте испратиле барање за 19ти Септември, а резервацијата во ресторанот каде што сте го пратиле барањето е на 3ти Октомври, вас секако ви следуваат сите попусти кои нашиот тим ги обезбеди за вас.

 

По успешната проверка на вашето испратено онлајн барање и резервација на свадба, ние ви испраќаме купон со кој може да ги користите СИТЕ актуелни попусти на Termin.mk.

 

Пребарувајте термини, испраќајте онлајн барања, резервирајте го посакуваниот и купувајте паметно.