Ако некогаш сте се обиделе да го изберете совршениот роденденски подарок за некое дете, тогаш знаете колку тешка може да биде таа задача. Не е лесно да се знае што е прифатливо а што не, кој подарок ќе го гледаат со среќа, а кој ќе сакаат да го скршат, или пак кој е „протоколот“ за подарување подароци на детски родендени.
Кукла, автомобилче, топка, сет за цртање, мече, униформа за астронаут... Сите за различни деца на различни возрасти. Па, кои се најчестите прашања кои се поставуваат околу правилата за подарување на детски роденден?
Нема потреба од претпоставување, само следете ги овие едноставни совети.
1. Не можете да присуствувате на детски роденден? Не давајте подарок.
Само поради тоа што сте поканети на некоја детска роденденска забава, не значи дека мора да оставите подарок ако не можете да присуствувате. Тоа е како некој ресторан да очекува да оставите бакшиш иако сте ја откажале резервацијата.
Можеби е малку поразлично кога станува збор за забавата на дете на навистина блиски пријатели. Не сакате да ги повредите чувствата на никој или да ги влошите односите за ништо. Самите проценете ја ситуацијата и донесете одлука.
2. Не можете да си дозволите некој подарок? Направете го сами.
Познато ви е ова? Сите сме поминале низ истото. Доколку станува збор за блиски пријатели, едноставно кажете им дека ви е кнап период и прашајте ги дали е во ред да изработите нешто како подарок. Без разлика дали е домашна торта, колачи, цртеж, па можеби и некоја креативна играчка изработена од материјали кои ги имате дома.
Материјалните нешта не треба да бидат во фокусот на роденденските забави. Ако направите нешто убаво, иако е сопствена изработка, може да остави силен впечаток кај малите роденденковци. Верувајте, малите брзо учат!
3. Најдете го вистинскиот подарок со тоа што ќе го прашате вашето дете
Ако мислите дека немате доволно инспирација, или едноставно навистина не знаете што да подарите, имате две опции на располагање кои ќе ви помогнат да го решите овој проблем.
Прво, секогаш може да го прашате вашето дете за тоа како подарок мислат дека ќе им се допаѓа на нивните другарчиња или соученици.
Исто така, секогаш може да ги прашате и родителите. Тие навистина може да ви помогнат при изборот на вистинскиот роденденски подарок.
4. Ако на поканата пишува „без подарок“, тогаш не носете
Ако родителите одлучиле да нема подароци, тогаш не носете. Толку е едноставно.
5. Не ги отворајте подароците на роденденската забава
Можеби ова е една од работите кои најмногу за кои најмногу се дебатира во светот на родендените. Доколку порано било нормално да се отвораат подароците за време на роденденот, повеќето луѓе денес се согласуваат дека подобро е истите да се отвораат на крај, по завршувањето на роденденот.
Отворањето на подароците за време на роденденот може да предизвика љубомора кај малите гости, а исто така може да ве стави во незгодна ситуација ако на вашето дете не му се допаѓа подарокот на некој од присутните. Затоа мислиме дека подобро е да се остави роденденската забава да тече, децата да се забавуваат, да уживаат во тортата, а отворањето на подароците нека остане за после забавата, како изненадување.
И кога сме веќе кај подароци, се знае дека ни еден роденден не може да помине без роденденска торта! Со Термин.мк добивате 20% попуст на највкусната роденденска торта за испратено онлајн барање во која било наша игротека!