Постојат 3 клучни состојки за развојот на креативноста кај децата, но и кај возрасните. Потребни се време, простор и разбирање. Креативноста е нагон, доаѓа случајно и никогаш не може да се предвиди. Некогаш го нема со денови или со месеци, а некогаш едноставно се доживува наплив кој е невозможно да се задржи.

 

 

Важно е да издвоите време и да имате разбирање за оваа природна состојба на умот, која кај децата е неколкукратно поактивна одошто кај возрасните. Изнајдете начин да ги анимирате своите деца на начин на кој тие можат да ја истакнат својата креативност. Потполно еднакво важно е да им понудите место каде тоа ќе го прават. Тука не се мисли нужно на локацијата, односно дали тоа ќе го прават во домот, на училиште или можеби некаде друго. Примарно важно е да им го понудите медиумот преку кој ќе се изразат, дали сакаат да цртаат, пишуваат, набљудуваат, музицираат, моделираат и сл... Креативата често самата го наоѓа својот пат, па затоа е важно да не ја опструирате.

 

 

Имајте почит за нивните идеи. Обидете се да ги разберете. Децата често знаат да претстават мноштво сериозни пораки на невообичаено едноставен начин. Имајте разбирање дури и за нивниот недостаток на креативност. Дадете им прилика да оформат став или барем насока на размислување и изразување.

 

 

Имајте на ум дека овој процес може да биде поттикнат преку социјализација со други деца, интеракција со нив, размена на идеи, комуникација и од речиси се што ги опкружува. Размислете дали можеби би било полесно да ја активирате креативноста преку почеста социјализација надвор од образовниот процес, односно во игротеки, преку забава и игра. Со ваквиот пристап ќе го поттикнете и компетитивниот дух, комуникативните вештини, начинот на изразување и креирање и ред други процеси важни за развојот на личноста.

 

 

Освен термин за незаборавна роденденска забава, PlayMais пакетот #КреативнаМасичка на Дримленд игротеките е токму насочен кон поквалитетен развој на најмалите. Играчка со чија помош тие можат да си играат, моделираат, конструираат. Со овие активности директно се унапредуваат моторичките функции, но и концентрацијата и визуелната-просторната интелигенција, што пак директно влијае на способноста за препознавање и снаоѓање во просторот. 100% природен и безбеден за најмалите.