Здраво идни младоженци, ако сè уште сте во потрага по посакуваниот термин и идеалната локација за вашата свадба, или патешествието од една свадбена локација до друга штотуку треба да започне, ова жолто плико е токму за Вас!

 

Зборуваме баш за она плико што планирате да го ставите на вашите свадбени покани, онаа проста реченица која дава до знаење на вашите најблиски, а и не толку блиски, дека од нив се бара “лесен поклон”. Е баш за таков тип на поклон се решивме во Termin.mk.

 

Ни причинува особено задоволство кога сте наши посетители и корисници, и поради тоа, ова „Плус плико на вашата свадба“ може да биде токму ваше.

Што вклучува промоцијата #СакамПлико?

Најсреќните три брачни пара, ќе добијат по едно жолто плико, со различна парична вредност:

 

  • Сакам #ПликоЗадњаМаса = 50€
  • Сакам #ПликоПеер = 100€
  • Сакам #ПликоКуме = 300€

 

Како да учествувам во промоцијата #СакамПлико?

За да станете потенцијален добитник на жолтото плико, следете неколку едноставни чекори:

 

  1. Испратете електронско барање за термин за свадба до една од свадбените локации на Termin.mk (барањата треба да бидат испратени во периодот од 23.09.2016г. до 20.11.2016г. 23:59 часот)
  2. Резервирајте го терминот во една од свадбените локации каде претходно испративте барање за термин (резервираниот термин може да се однесува и на свадба во 2017 година) 
  3. Испратете потврда за вашата резервација на contact@termin.mk или на нашата Facebook страна најдоцна до 25.11.2016г. 23:59 часот

Дознајте повеќе како да пребарате и испратите електронско барање за термин за свадба тука.

 

 

 

Правила

 

  • Организатор

 

Oрганизатор на промоцијата е компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје (Termin.mk). Организаторот го задржува правото во кое било време и без претходно известување, да укине или да измени било кој од наведените Правила. Затоа, корисниците се должни повремено да ги прочитаат информациите содржани во Правилата, за да бидат информирани за таквите измени. Каква било измена на правилата ќе стапи на сила веднаш откако ќе биде објавена на веб страната www.termin.mk.

 

  • Времетраење

 

Промоцијата ќе започне во петок на 23.09.2016 година и ќе заврши во недела на 20.11.2016 година, во 23:59 часот. 

 

  • Учество

 

Во промоцијата можат да учествуваат сите физички лица кои ги исполнуваат горенаведените услови, освен вработените во компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје и нивното потесно семејство. 

Организаторот на промоцијата го задржува сите права на дисквалификација од истата на сите оние учесници што не ги исполнуваат условите и правилата на учество.

 

  • Спецификација на промоцијата

 

Добитниците на промоцијата #СакамПлико ќе бидат објавени на веб страната www.termin.mk на 29.11.2016 година (вторник). Добитниците ќе бидат известени за промоцијата преку email и по телефон. Истите ќе бидат објавени со името и презимето со кое го пратиле барањето. Во случај да има двајца учесници со исто име и презиме дополнително ќе биде објавена и нивната email адреса.

 

Од моментот на подигнување на промоцијата од страна на добитникот, или пак од страна на лицето кое е овластено да ја подигне промоцијата, завршуваат сите обврски, односно ингеренции од страна на организаторот на промоцијата  – компанијата ФИЛНИНО ВЕЈ ДОО – Скопје.

 

ВАЖНО:

 

  • На учесниците кои испратиле барање за термин за свадба во некоја од свадбените локации во периодот додека трае промоцијата, истиот го резервирале и притоа го реализирале во тој период, доколку се извлечени, пликото ќе го добијат по завршувањето на промоцијата
  • На учесниците кои испратиле барање за термин за свадба во некоја свадбена локација во периодот додека трае промоцијата, истиот го резервирале и притоа не го реализирале (терминот е по извлекувањето), доколку се извлечени, ќе го добијат пликото на денот на нивната свадба
  • Под потврда за резервација се подразбира реализирана свадба или потврда од локацијата дека свадбата е резервирана. Барањето за термин за свадба треба да биде испратено преку www.termin.mk најдоцна до 20.11.2016 година, но истото може да се однесува и за релизација на термин и по 20.11.2016 година
  • Испратено електронско барање за термин пред или после завршувањето на промоцијата на веќе претходно направена резервација во локацијата за свадби нема да се земе во предвид за учество во промоцијата
  • Испратеното електронско барање за термин, не мора да е исто со терминот кој е резервиран во локацијата за свадби

 

Поклонот во плико нема да биде доделен на вистинскиот добитник доколку:

 

  • тој/таа не направил резервација во локација за свадби на Termin.mk, или пак во меѓувреме ја откажал направената резервација (за направена резервација ќе се смета оставен капар во локацијата и истата мора да биде потврдена од самата локација)
  • тој/таа не е во можност да го искористи претходно резервираниот термин (во случај на болест, виша сила или некои останати непредвидени ситуации)
  • тој/таа не достави валиден документ за лична идентификација (лична карта или пасош)

 

  • Извлекување на добитниците на промоциите

 

Извлекувањето ќе биде на 29.11.2016 година во 12:00 часот по случаен избор од автоматизиран електронски систем. Добитниците ќе бидат објавени на страната www.termin.mk.

 

  • Заштита на лични податоци

 

Личните податоци кои се внесуваат на веб страната www.termin.mk и кои се испраќаат до организаторот, ќе бидат исклучиво користени за потребите на веб апликацијата Termin.mk. Корисниците се согласуваат за обработка на податоците за целите на Termin.mk.

 

  • Одговарање на прашања

 

Сите прашања поврзани со начинот на учество или промоциите можете да ги поставите на нашата е-mail адреса: contact@termin.mk

 

  • Дисквалификација

 

Организаторот има овластување да го дисквалификува секој учесник, за кој се сомнева дека не учествувал во согласност со наведените правила. Одлуките на организаторот во поглед на можните дисквалификации, се конечни.