Додека многумина се радуваат на будењето на природата во пролет, за некои тоа претставува вистински проблем, особено за најмалите.

 

Прочитајте ги нашите совети како да им помогнете на вашите деца и да ги ублажите симптомите на сезонските алергии за да можат безгрижно да уживаат во природа или на роденденската забава во дворот на своето другарче.

 

 

Вашето дете треба да започне со земање лекови против алергија многу порано отколку што мислите!

 

Ако вашето дете има некоја од актуелните сезонски алергии, идеално би било да ги започне лековите најмалку две до три недели пред почетокот на сезоната (што исто така зависи од неговата специфична алергија) и да ги продолжи до крај. Ако вашето дете има алергии во текот на целата година, разговарајте со својот лекар за користење на лековите во текот на целата година, наместо да чекате симптомите да се појават.

 

Повеќето алергиски лекови се далеку поефикасни во спречувањето на симптомите пред да започне алергијата, отколку откако ќе се појават симтомите. Тоа е затоа што течењето на носот, чешањето, кивањето и насолзените очи произлегуваат од цела каскада на настани во имунолошкиот систем, и откако ќе започнат, тешко е да се сопрат. Кортикостероидните спрејови за нос, достапни во аптеките, се најефективниот вид на лекови за алергии (за деца од 2 години и постари); тие ја спречуваат каскадата со тоа што го прават имунолошкиот систем повеќе отпорен на антигени како грини и полен.

 

Застапеноста на полен во воздухот не ви кажува сѐ!

 

Ако вашето дете направи алерго-тест, резултатите ќе бидат многу покорисни отколку да се потпирате на следење на тоа каде има најмногу полен. Ако, на пример, вашето дете не е алергично на полен, тогаш високиот степен на полен не треба да го спречува да се забавува во природа.

 

Децата кои имаат алергии само во одредена сезона се најверојатно алергични на појава на поларизирани спори или мувла, кои се појавуваат во одредени периоди од годината. Лекарите може да извршат испитувања на кожата и / или крвта за да ви помогнат да дознаете кои видови на полен предизвикуваат воспаленија на вашето дете и можете да ја следите јачината на степенот на полен за да знаете кога да започнете со лекови и, во најлошите денови, ќе знаете дека треба да го ограничите вашето дете од играње на отворено. Како општо правило, дрвјата опрашуваат во пролетта, тревите цутат од средината до крајот на пролетта или почетокот на летото и плевелите кон крајот на летото или почетокот на есента.

 

 

 

 

Зимата има големо влијание врз алергиите! 

 

Студеното време во зима е благослов за многу деца со сезонски алергии, кои можат да сметаат на тоа дека ќе одмараат барем до февруари. Потоплата зима може да предизвика растенијата порано да се опрашуваат, што значи дека симптомите на пациентите започнуваат порано од вообичаеното. Во врнежливата пролет, исто така, може да се забележи брз раст на растенијата и да доведе до зголемување на мувлата, со ефекти кои траат и во есен. Дождот може да го измие поленот, но олеснувањето е само привремено, бидејќи застапеноста на полен може брзо да се зголеми по влажно време.

 

Други временски совети кои можат да ви помогнат да ги надминете најтешките симптоми на вашето дете: Топло и ветровито време генерално води до висока застапеност на полен, додека мирните денови без ветар може да го остават целиот тој полен на земја, наместо да лета насекаде околу нас.

 

 

Децата на возраст од 5 и повеќе години можат да пробаат нов третман

 

Една од единствените работи што на некои деца им помагаат во врска со нивните алергии е добивањето на "алергиски инекции" правилно наречена имунотерапија или АИТ. Инекциите обично се даваат еднаш или два пати неделно или месечно во период од три до пет години и дејствуваат многу слично на вакцината, нудејќи изложеност на зголемување на нивото на супстанцијата на која сте алергични, така што вашиот имунолошки систем се прилагодува и станува помалку реактивен. Инекциите беа единствената форма на имунотерапија одобрена за децата во САД се до април 2014 година, кога ФДА го одобри првиот од трите орални имунотераписки агенси.

 

Оваа форма на дневна имунотерапија е популарна во Европа, каде што децата очигледно мразат инекции, исто како и секаде. Наместо инекции, одобрените орални имунотераписки агенси во форма на таблети се апсорбираат под јазикот, таблетите содржат екстракт од треви или полен. За да имаат корист од терапијата, децата треба да имаат најмалку 5 години и да имаат позитивен алерго-тест за алергија на полен што може да предизвика кивање, течење на носот или насолзени очи. Едно предупредување: Поради (ретката) можност за симптоми на сериозна алергиска реакција, вашиот доктор мора да го набљудува вашето дете најмалку 30 минути по првата доза, а потоа треба да препише епинефрин автоинјектор во случај на итност.

 

 

Медот може да помогне – но не е целосно докажано!

 

Некои родители тврдат дека медот делува како природна имунотерапија. (Безбедно е за деца на возраст од 12 месеци и постари). Ако редовната изложеност на алергени е начинот на кој имунотерапијата го зајакнува имунолошкиот систем на пациентот, нели би требало и супстанца која има вкус на полен од вашето локално подрачје да го има истиот ефект?

 

 

 

Се надеваме дека на некој начин нашите совети ќе ви помогнат полесно да се справите со сезонските алергии и да уживате во пролетта заедно со вашите деца некаде на отворено, или на роденденот на нивното другарче во некоја од игротеките низ градот.