Составување на распоред за седење е на некој начин како составување на сложувалка. Постојат многу фактори кои треба да ги земете во предвид при правење на распоредот за седење и често тоа може да претставува вистински проблем. Еве неколку совети со кои ќе ви помогнеме да ги избегнете најчестите проблематични ситуации.
1. Не ги седнувајте повозрасните веднаш до бендот или DJ-от
Повозрасните луѓе би требало да бидат сместени подалеку од музиката или било каква музичка опрема, особено ако имаат проблеми со слухот. Ако веќе претставува проблем за постарите да се слушнат еден со друг, не би сакале да се измачуваат за да направат едноставен разговор меѓу себе.
Тие ќе бидат посреќни ако лесно може да разговараат, а доколку сакаат да се префрлат на подиумот подоцна ќе може да го направат тоа.
2. Не седнувајте гости кои што се во конфликт еден до друг
Секогаш постои шанса дел од фамилијата или пријателите да се во одреден конфликт, и во тој случај најдобро би било нив да ги седнете подалеку еден од друг. Ова претставува паметен потег во случај на разведени родители или пријатели кои не се во добар однос.
Побарајте од вашите родители да ви откријат дали постои можност за било каква потенцијална драма помеѓу одредени роднини и пријатели.
3. Не заборавајте на децата
Без разлика дали ќе одлучите да имате посебна маса за деца под 12 години или ќе одлучите да ги сместите со своите родители, важно е да имате одредена стратегија во врска со распоредот на седење на помладите. Не ги седнувајте на било кое празно место на масата, туку размислете што најмногу би одговарало за вашиот распоред.
Како и да е, седнувањето на децата до нивните родители би помогнало нивното однесување да биде постојано набљудувано. Разговарајте со родителите на децата за да видите каде децата ќе се чувствуваат најудобно и пробајте да ги исполните нивните барања доколку се совпаѓаат со вашиот распоред.
Зависно од нивната возраст, на пример две годишните деца најдобро би било да седат до нивните родители, додека децата кои имаат 10 години можеби повеќе би сакале да седат заедно со нивни врсници.
4. Не правете гужва на масите
Не се обидувајте да седнете што повеќе луѓе на една маса (во зависност од големината на вашите маси, веројатно најмногу луѓе што би можеле да се вклопат на една маса се од 8 до 10). Ако имате голема група на пријатели од средно училиште или факултет, поделете ги на две маси една до друга. Тие секогаш може да се движат ако сакаат да се дружат со другите гости.
Не грижете се, вашите гости ќе се забавуваат без оглед на сѐ.
5. Не бидете премногу предвидливи
Обидете се да не ги ставате луѓето што постојано се гледаат едни со други на иста маса. Измешајте ги! Размислете околу распоредот на седење на гостите и на тоа кои од вашите пријатели или членови на семејството имаат слични интереси и најверојатно би се согласувале. Ова е особено корисно ако имате помали групи на пријатели или фамилија кои можеби не ги пополнуваат масите. Свадбите се извонредно место за гостите да запознаваат нови луѓе и за одлични разговори.
А колку гости планирате на вашата свадба? Доколку сѐ уште не сте ја договориле вашата свадба, погледнете ги најдобрите локации за свадба и нивниот капацитет и изберете ја онаа која најмногу ви одговара.