„Маките“ да се одбере совршената венчаница ѝ се одлично познати на секоја жена. Кога доаѓа време да се одбере фустан за најважниот ден во животот на секоја жена, дури и оние со совршена фигура наидуваат на проблеми. Но, ние во овој текст ќе се осврнеме повеќе на оние популарно наречените plus size или пополнети жени.

 

Во неколку едноставни чекори ќе ве посоветуваме како полесно да направите селекција на фустани во кои вашите облини ќе изгледаат совршено. Независно од димензиите важно е да знаете како да ги истакнете вашите квалитети и евентуално да ги „прикриете“ она што влијае негативно на вашата самодоверба. Па, еве како!

 

Пребарајте салони или ателјеа кои нудат широк спектар на примероци во различни големини

Најчесто бутиците за венчаници располагаат со мал број на големини, односно фустаните се скроени во само 2 до 3 различни големини. Често се случува овие величини да не се поклопуваат со реалистичните димензии на просечната жена. Па затоа, пред да се впуштите во „теренски“ активности, информирајте се дали и во кој бутик нудат фустани со вашите димензии. Доколку не ги знаете прецизно димензиите, слободно користете го бројот на било кој свечен фустан кој веќе го поседувате.

 

Бидете реалистични во врска со бројот

Често пати се случува фустанот кој ве воодушевил на прв поглед да не ви стои сосема совршено. Имајте на ум дека ситни корекции можат да се извршат, меѓутоа главниот фокус би требал да биде во тоа дали стилот и дизајнот одговараат на вашата личност.

 

Бидете отворени за нови идеи 

Обидете се да бидете open minded во поглед на нови идеи, дизајни, меѓутоа не експериментирајте. Видот на фустанот треба да соодветствува со вашата личност и карактер. Главната цел е во својот венчален фустан да бидете најдобрата верзија од самите себе.

 

Одберете го вистинскиот долен веш

Пазарувањето знае да биде долго и исцрпно, па важно е да се чувствувате удобно. Додека пазарувате ќе треба често да се пресоблекувате, па пожелно би било да носите долен веш во кој ќе се чувствувате флексибилно. Не оптеретувајте се со тоа како фустанот ќе стои на вас бидејќи и онака на самиот ден на свадбата ќе одберете соодветен долен веш за таа прилика.

 

Не донесувајте избрзани одлуки

Иако е познат синдромот на „го најдов вистинскиот“, сепак потрудете се добро да размислите во врска со вашиот избор. Шансите некој друг да го купи конкретно тој фустан се занемарливи, па така дадете си време за да го направите вистинскиот избор. Сепак, веројатно се работи за најважниот фустан во вашиот живот.

 

Одберете ги најблиските личности да ви помогнат во изборот

На самиот чин на пазарување на венчален фустан одберете ја својата „комисија“. Во истата, најдобро би било да ги вклучите оние од кои добивате најголема поддршка во животот. Се работи за голема одлука која знае да биде особено исцрпувачка, емотивно и физички, па важно е да чуете и туѓо мислење и да имате на кого да се потпрете.

 

Имајте на ум дека овој процес е исцрпувачки и тежок, па доколку се почувствувате анксиозно и нервозно, знајте дека не сте единствената жена која се почувствувала така. Важно е да останете позитивни, до вас да ги имате луѓето кои ви пружаат поддршка и секако да блескате од самодоверба. 

 

Освен што ве советуваме за полесен избор на венчаница, можеме и да ви понудиме термин за свадба во некои од најдобрите локации за свадби во Скопје!