Често се случува родителите и децата да функционираат синхронизирано кога се работи за емоциите. Во случај детето да е вознемирено, родителот по автоматизам сочувствува со него. Децата се емоционално неоформени и родителите чувствуваат должност да се грижат за влијанието на истите врз своето дете.
Доколку се изземе родителскиот инстинкт да го заштитува своето дете од преголема изложеност на емоции, лесно може да се заклучи дека емоциите всушност немаат лош ефект. Тоа практично е и единствениот начин за да се достигне емотивна зрелост. Најдобар начин за да се совлада оваа фаза од созревањето е да се помине низ неа.
Секако, ние сме тука за да понудиме неколку практични совети за полесно справување со овие неизбежни ситуации.
Најпрво самите бидете смирени
Осигурајте се дека самите сте смирени и од позиција на возрасна личност му пристапувате на проблемот. Вашата примарна задача е да го ослободите вашето дете од стресот, а не да предизвикате ескалација. Не ги доживувајте емоциите на вашето дете како лични. На тој начин ќе бидете објективни. Искористете ги овие ситуации за да изградите посилна врска со вашето дете. Потрудете се да му покажете како да ги прифаќа и реагира на различните емоции.
Понудете му безбедност и сигурност
Во психичка и физичка смисла. Обидете се вашето дете да добие впечаток дека стоите зад него. Влејте му доверба со вашето присуство, допир, разговор.
Емпатија
Доколку детето смета дека го разбирате поводот за неговата вознемиреност, нема дополнително да драматизира со цел да ве убеди. Доколку бидете на иста „фреквенција“ нема да ја чувствува потребата да ви покаже дека е вознемирено. Доколку ви раскажува во врска со проблемот учествувајте активно во разговорот. Дополнително инсистирајте да ви откријат што ги тревожи. Обидете се да ја откриете што тие би сакале.
Осигурајте се дека вашето дете знае дека сте го разбрале
Во моментот не е важно дали е во право или не, најбитно е да се чувствува разбрано. Емоциите се набој кој често предизвикува неразумно или субјективно постапување. Меѓутоа, тој набој ќе слабее и ќе доведе до објективно сфаќање на нештата.
Редовната рекреација и дружење со своите врсници е еден од клучните елементи за правилен развој на личноста. Во модерното време се почести се случаите каде децата се изолираат од средината доколку искусат емотивни турбуленции. Во времето на новите технологии децата наоѓаат излез виртуелниот свет потиснувајќи ги емоциите оформувајќи слаб емотивен IQ. Ваквата појдовна точка може да доведе до понатамошен развој на непосакувани психички состојби.
Обезбедете им на вашите најмили простор и услови за редовна и квалитетна социјализација и интеракција. Тимот на Termin.mk ви нуди преглед на најголемата база на детски игротеки и слободни термини, како и можност за испраќање он-лајн барање за резервација.