Есента е прекрасно време за да се прослави љубовта и соединувањето на двајца луѓе. Хармонијата и топлината што ги носи можат совршено да се вклопат во вашата свадбена прослава.
Доколку веќе резервиравте термин во претстојниот есенски период, останува уште да размислите за деталите. Во случај сè уште да размислувате во која свадбена локација ќе го зафатите посакуваниот термин, клик тука. Во меѓувреме, неколку предлози од нас:
Есенски бои
Токму боите кои се карактеристични за есента ќе и додадат топол тон на вашата свадба. Портокалова, кафена и црвена боја се боите кои ги поврзуваме со есента. Направете комбинација од овие бои по ваш избор.
Детали
За да го комплетирате есенскиот амбиент на вашата свадбена локација додадете различни детали кои потсетуваат на есента.
Тиквите може да ги искористите како држачи за свеќи или цвеќе.
Доколку избравте свадбена локација на отворено или пак решивте делот од свадбата наречен матично да го направите под отворено небо, искористете го она што ви го нуди природата во есен. Додадете малку шаренило со сувите есенски лисја.
Десерт
Есента може да послужи и како инспирација за различни рецепти за десерт.
Изберете колачиња и пити со вкус на тиква и цимет.
Погрижете се за вашите деверуши
За да можат деверушите да се чувствуваат пријатно на вашата свадба, не дозволувајте да им биде ладно. Изненадете ги со некој моден детаљ кој ќе им помогне да се затоплат и ќе одговара со нивната гардероба.
Цвеќе
Искористете ја широката палета на есенски бои и создадете ја совршената комбинација за вашиот бидермаер.
Фотосесија
Изберете свадбена локација која ќе ви овозможи да ја искористите природната убавина и хармонијата на есента за да ја направите совршената свадбена фотосесија.
Доколку се одлучивте за есенска свадба, го направивте вистинскиот избор. Воопшто не е тешко да се најде тоа што ви е потребно за креирање на една есенска свадба.