Наоѓањето на совршениот фотограф за вашата свадба е една од најважните работи кога станува збор за организирањето на свадбата. Идеално, би сакале да ангажирате фотограф кој е најблиску до вашиот стил и од кој ќе добиете фотографии кои без размислување би ги споделиле на Facebook и Instagram, или би ги ставиле во албум и би ги покажувале секому. Исто така, многу парови денес бараат фотограф кој е во тек со модерните трендови, располага со професионална опрема, и секако има исклучително портфолио.

 

Па, што точно бараат паровите кога станува збор за овековечување на сите детали од големиот ден? Во соработка со Фото Бимбо Wedding Production ви ги издвојуваме свадбените фотографии и трендови кои може и треба да ги очекуваме оваа свадбена сезона:

 

Враќање кон традицијата

 

Веќе со години, еден од најголемите трендови кај свадбените фотографии е фаќање на „првиот поглед“, или моментот кога парот се гледа за првпат како зет и невеста. Овој период фотографите го користат да направат портрети од парот, нивните фамилии, пријатели и фотки од самата домашна забава пред официјалната венчавка.

 

Свадбени трендови 2019 - Враќање кон традицијата - Фото Бимбо

 

Фото Бимбо - Свадбени трендови 2019

 

Свадбени фотографии - Сликање во црква

 

Свадбени фотографии - Трендови 2019 - Фото Бимбо

 

Фото Бимбо Wedding Production - Свадбени трендови 2019

 

Но, се забележуваат мали промени кај овој тренд. Се повеќе од паровите имаат покласичен пристап кон „првиот поглед“, и тоа со добра причина. Паровите сакаат да го задржат овој момент за време на венчавaњето во црква, за сметка на времето потрошено на домашната забава, со цел задржување на оној традиционален момент.

 

Емотивни моменти

 

Многу од свадбените фотографии кои се споделуваат на социјалните мрежи изгледаат грандиозно и совршено, но ова полека се менува. Повеќе и повеќе фотографии споделуваат емотивни моменти кои навистина ќе ви го допрат срцето, наместо наместени и нашминкани портрети, како фотки на врв на планина или исценирани хоризонти од природата.

 

 

 

Свадбени фотографии - Трендови 2019 - Емотивни моменти

 

Се разбира, ваквите портрети ќе ги гледаме и понатаму, но среќни сме што гледаме како сѐ повеќе фотографи споделуваат спонтани фотографии полни со чиста емоција, безвременски за секој пар.

 

Фотки уште следниот ден

 

Одамна е минато времето кога паровите чекаа недели, па дури и месеци за да ги видат првите фотографии од свадбата. Наместо ова, многу парови бараат дел од фотографиите да им се испратат уште следниот ден, за да ги споделат со своите пријатели онлајн. Ова е еден од главните трендови за 2019.

 

Фотки уште следниот ден - Свадбени трендови 2019

 

Свадбена фотографија - Трендови 2019

 

 

"Паровите обожаваат да споделуваат „sneak peek“ фотки од свадбата на Facebook и Instagram уште наредниот ден, па бараат фотографии или фото студија кои можат да го исполнат ова. Ние во Фото Бимбо Wedding Production работиме напорно за да испратиме фотографии уште следниот ден, за нашите клиенти да можат да ги споделат веднаш."

 

Детали кои се вредни за споделување

 

Денес, свадбените парови многу повнимателно ги организираат сите детали околу свадбата, имајќи ги в предвид фотографиите, како и искуството кое ќе им го пренесат на гостите. Планирањето на деталите не е лесна работа, а преку нив, парот најдобро може да го покаже својот стил.

 

Свадбени детали - Свадбена фотографија

 

Свадбени трендови 2019 - Фото Бимбо Wedding Production

 

Детали вредни за споделување - Свадбени фотографии 2019

 

Од свадбените покани до тортата, секој детаљ е неверојатно важен за големиот ден. Виолетови покани? Посебни подароци за гостите? Вегетеријански кетеринг? Цветен ѕид за селфиња? Паровите веќе размислуваат за сите елементи.

 

Совршени позадини за сликање

 

Гостите денес објавуваат фотки и видеа на социјалните мрежи и тоа во „real time“, па забележавме и еден друг тренд – многу парови свесно создаваат услови за фотографирање, совршени за споделување на Instagram. Сите гости се дотерани и подготвени за вашиот ден, па ова е совршена шанса за да го искористите моментот. Цветните ѕидови, позадини и рамките за фотографирање се перфектни за оваа прилика.

 

 

 

Позадини за сликање на свадба - Фото Бимбо

 

Во соработка со Фото Бимбо Wedding Production за нашите корисници обезбедивме 10% попуст на свадбена фотографија. Клик тука и дознај како до супер фотографии за вашата свадба во 2019 година!

 

Доколку се уште немате одбрано свадбена локација и термин - тука ќе ги најдете најдобрите локации во градот и нивните слободни термини.

 

*правата на сите објавени фотографии во овој текст ги поседува Фото Бимбо Wedding Production