Најголем дел од вниманието за време на подготовките за свадбата секако се посветува на невестата, но што е со мајката на невестата или зетот?

 

Тешко е да се најдат трендови за 2019 и тоа токму за мајките, бидејќи најголем дел од нив мислат дека мора да се држат до типичните традиционални фустани, но тоа не мора да биде така. Ги издвоивме најпопуларните трендови за идната година, за и мајките да изгледаат кул на свадбата на ќерката или синот.

 

Доколку се обидувате да го најдете совршениот фустан како мајката на невестата или зетот, погледнете ги овие трендови за 2019.

 

1. Наметка

 

Доколку ви се допаѓаат vintage работи и се обидувате да најдете кул фустан за свадбата на вашето дете, можеби ќе ви се допаднат овие фустани. Наметката како додаток навистина евоцира безвременски изглед. Истите може да ги најдете во различни должини. Од кратки наметки, до долги дизајни со детали и должина до земја.

 

 

2. Метални детали

 

Фустаните со овие детали се одличен избор за мајките кои сакаат да носат модерен фустан, во кој ќе се чувствуваат и помладо, задржувајќи ја класичната нота. Фустан со бакарни, златни или детали со шампањ боја ќе ви овозможи гламурозен изглед, со нишка на формалност.

 

 

Без разлика дали станува збор за сребрени додатоци или златни резби, овој фустан дефинитивно е еден од популарните за свадба во 2019.

 

3. Деколте под раменици

 

Елегантен и софистициран изглед за мајката на невестата или зетот – токму тоа ќе го добиете со фустаните со вакво деколте. Овој тренд се провлекува веќе неколку години, но навистина се истакна како популарен за 2019-та.

 

 

Деколтето под рамениците го прави вашиот изглед поотворен, акцентирајќи ги вашите рамена на класичен и едноставен начин, задржувајќи ја елегантноста.

 

Нашата млада модна дизајнерка Евгенија Зафировска советува: дознајте кои се трендовите за невестински фустан за пролет 2019.

 

4. Длабоки и богати бои

 

Доколку сакате да внесете малку повеќе боја и свежина во вашиот изглед како мајка на невестата, токму ова е еден од трендовите за 2019. Вибрантни и богати бои, како сафирна сина или merlot виолетова, не само што додаваат малку „драма“, туку прават да изгледате и послабо.

 

 

Погрижете се да ги координирате вашите со боите на невестинскиот фустан, за вашиот фустан со потемни бои да биде во согласност со остатокот од свадбата.

 

5. Модерни ракави

 

Од ѕвонести до пеперуткаси ракави, трендовите за фустани во 2019 ставаат акцент на модерните ракави.

 

 

Овие ракави им даваат елегантен изглед на фустаните и се одличен избор за зимските свадби.

 

6. Магична тантела

 

За мајките кои сакаат повеќе покриеност, но сепак сакаат модерен изглед, испробајте фустан со детали од магични тантели. Ова е одличен начин за да се покаже точно толку колку што е потребно. Стратешки поставената тантела може да биде на деколтето, ракавите или грбот, и им овозможува на мајките да го постигнат посакуваниот модерен изглед.

 

 

7. Декорирани јакни

 

Еден од фаворитите од трендовите за фустани за мајката на зетот или невестата во 2019 се токму овие модерни јакни. Истите може да бидат комбинирани со скоро секако вид на фустан, и се совршен начин да додадете екстра детаљ на вашиот изглед.

 

 

Исто така, не мора да ја носите јакната цела вечер. Може да ја носите за време на венчавката и да ја соблечете за време на забавата. Овој изглед сигурно ќе ви донесе многу комплименти за вашиот тренди изглед.

 

8. Цветни детали

 

Дали вашата ќерка или син прават летна свадба на отворено? Тогаш, овој фустан е токму за вас. Цветните дизајни на фустанот го доловуваат разиграниот стил, кој не е претеран, а прави да изгледате отворено и свежо.

 

 

Исто така, со ваквиот фустан на суптилен начин се остава уникатен и романтичен изглед, со кој ќе изгледате прекрасно.

 

9. Кратко-долги фустани

 

Запомнете – не треба сите фустани кои ги носат мајките на зетот или невестата да бидат долги! Фустаните кои малку ги покажуваат нозете, како популарните со картко-долги завршетоци се совршени за вашиот уникатен и елегантен стил, истовремено откривајќи ги штиклите кои сте ги избрале.

 

 

Свадба во 2019? Побрзајте и фатете си убав свадбен термин со време. Ресторани за свадби, свадбени термини и други информации - тука.