Како се чувствувате кога некој ќе ја започне темата за времето поминато пред екранот? Дали автоматски се карате? Дали ви е страв од пресуда или чувство на вина? Има само неколку топ теми на родителите, за кои автоматски посакувате да не сте биле дел од нив. Времето поминато пред екран е честа тема на муабет. Слушаме многу студии за придобивките, но исто така и за негативните страни за тоа. На кои статии и да верувате, можат како и повеќето случаи во родителството да ве оставаат уште позбунети.
Времето на екранот сега стана огромен дел од животот на сите, без оглед на возраста. Сега носиме повеќе уреди, од smart телефони и таблети до smart часовници и ТВ-уреди. Нашите деца сега ја користат технологијата на екранот за да учат во училиште со помош на образовни ресурси, или пак да учат на новата платформа Едуино, Е-училница.
Многу мајки и татковци чувствуваат огромна вина затоа што им дозволуваат на своите деца да се забавуваат преку екран на својот smart телефон, но добро знаат колку може да биде корисно - особено кога се користат како одвлекување за постарите деца додека се справуваат со своите помлади браќа и сестри, или да ги чуваат децата окупирани додека патуваат..
Експертите изјавија дека децата под две години не треба да поминуваат време пред екраните, а за постари деца не повеќе од 1 час на ден. Дали ова е можно за повеќето родители или не, тоа е друга приказна.
Со родителството вие мора само „да го направите она што морате да го направите“, но управувањето со времето на децата поминато пред екранот да не биде фокусот во вашето семејство и за спроведување правила околу тоа би можело да вреди да се размисли.
1. Поставете временски ограничувања
Ова е одличен начин да се прекине употребата и да се обесхрабрат пролонгирани периоди на употреба. Ако му дозволувате на вашето дете еден час на ден на употреба на екранот, тогаш обидете се да го поделите целокупното време во помали временски периоди. На пример, би можеле да пробате за спроведување на стратегија каде што тие го користат својот екран само 20 минути истовремено и после тоа треба да направат пауза и да направат нешто друго.
2. Помогнете им на вашите деца да изберат квалитетни емисии и игри
Разговарајте со нив за тоа што гледаат или играат на нивниот таблет и разговарајте за која од работите што ги гледаат претставува подобра употреба на времето поминато пред нивниот екран. Некои родители создаваат хиерархија на содржината - дали може неедукативно-забавните игри да се зачуваат за посебни прилики и да се насочат кон програми за учење, како аритметичките или правописните игри да бидат приоритетни за секојдневна употреба?
3. Бидете во друштво на децата додека се пред екранот
Наместо да им дозволувате на децата да го гледаат својот екран како соло активност, обидете се да се вклучат во акција и да направат тимски настан. Гледањето и играњето заедно ја прави активноста многу подружељубива и исто така значи дека кога се вклучени браќа и сестри има помалку тепачки околу тоа кој го има следен iPad-от!
4. Дајте пример - ова може да биде тешко.
Огромен дел од секојдневието го поминувате онлајн, несвесно се заробувате со телефонот поголемиот дел од денот. E-mail, Facebook, Instagram, Интернет купување и банкарство и други работни обврски, а дополнително на тоа и дека мора да се да се придржувате до училишните билтени, правејќи училишни домашни за вашите деца. Сепак, може да биде тешко за детето да разбере зошто тие треба да бидат ограничени на времето на екранот кога ние не сме.
5. Бидете родител
Наша работа е да ги охрабруваме здравите однесувања и да ги ограничиме нездравите, и понекогаш тоа значи дека треба да донесете непопуларни одлуки. Кога ги донесувате овие тешки одлуки за вашите деца, секогаш одете на следниот чекор да објасните зошто сте ја донеле таа одлука - овие работи ќе им помогнат да разберат, да следат совети и еден ден можеби дури и да го изберат решението за себе.
Важно е да се запамети дека екраните не се секогаш лоши и може да ви го “спасат” денот - но умереноста на времето поминато пред екранот е клучно за здравиот развој на вашите деца и тие да останат активни.