„Скапоцен камен создаден од ѕвездите“. Вака научниците го опишуваат овој неверојатен драгоцен камен, кој ќе ве изненади од повеќе аспекти.

 

verenichki prsten so moisanit

 

Моисанитот е лабораториски создаден драгоцен камен, за кој може да се каже дека е рамо до рамо со дијамантот во многу аспекти, освен во цената. Кога станува збор за цената, разликите се огромни во корист на моисанитот.

 

 

 

Според цврстината, моисанитот е веднаш зад дијамантот, но според сјајноста и издржливоста на високи температури тој го надминува дури и неприкосновениот крал на драгоцените камења.

 

Издржува температури и до 1100 степени Целзиусови, а производителите на овие скапоцени камења, меѓу кои и оригиналниот креатор на моисанитот „Charles and Colvard“, гарантираат дека и по 100 години ќе изгледа ист како и првиот ден.

 

 

 

Понатаму, создавањето на моисанитот ги исполнува и највисоките еколошки стандарди, за разлика од другите драгоцени камења кои создаваат многу поголеми емисии на јаглерод диоксид.

 

 

 

А во време и место какво што живееме, ниската цена на овој драгоцен камен го прави прв избор на многу мажи кои сакаат да го направат наредниот чекор во својата врска.

 

Симбол на верноста и лојалноста – Моисанитот претставува силна врска помеѓу двајца заљубени, нивните добри и предизвикувачки моменти.

 

 

 

За повеќе детали и информации во врска со овој тип на прстени и драгоцени камења, можете да прочитате на блогот Lifestyle Updated, каде има обемна анализа за т.н. moissanite rings.