Само додадете “повеќе” вода и ќе добиете роденденска забава што навистина ќе направи да се чувствувате како да сте покрај море!
Во лето идеалното место за роденден на вашите најмили е некој отворен простор со огромен тревник, отворена игротека или едноставно дворот во вашиот дом.
Со цел забавата да ја направите уште поинтересна, во продолжение ви нудиме неколку совети и водени игри на кои децата едноставно нема да одолеат и вистински ќе се забавуваат!
1. Набавете прскалки и кофа полна со водени балони!
За роденденот да биде вистинска водена авантура набавете прскалки. Направете плејлиста со омилените детски песни на кои децата ќе трчаат, пеат и танцуваат низ “морето” од прскалки. Кога музиката ќе престане, сите мора да застанат!
Балоните се неопходен дел од секој детски роденден! Но, за летен детски роденден, кофа полна со водени балони е сè што им треба на децата за да имаат луда и летна роденденска журка, верувајте!
2. Игра: Подади и пукни!
Децата треба да седат или да стојат во круг и да го подадат балонот на другарчето од нивната десна страна. Кога ѕвончето ќе се исклучи, детето кое го држи балончето со вода треба да го пукне!
3. Игра: Избегни го балончето!
Поделете ги гостите на две групи, на растојание од околу 20 метри. Децата нека се поделат во тимови, и најдете нешто што ќе ви користи како чатал и со кое ќе може да се пука со водените балони во зоната на другиот тим.
Ако ве погодат со балонче - излегувате од игра! Последното дете што ќе остане е победник.
4. Игра: Пукни го балонот!
Поделете ги децата во тимови и на секое дадете му балонче. Соиграчите треба да трчаат низ тревникот и да седат на нивните балончиња. Првата група која ќе ги пукне сите балони победува.
5. Водени пластични пиштоли и пушки
Дајте им на неколку деца мали шишиња или пластични пиштоли полни со вода за да ги прскаат гостите. Оние што ќе бидат испрскани губат.
Секако, и вие возрасните носете си резерва маици, не сакаме некој да настине после роденденот ☺️
6. Коцки мраз
Децата нека пробаат да балансираат обоена (или обична) коцка мраз на лажица и нека трчаат по тревникот се додека не им падне. Првиот тим што ќе стигне до другата страна е победник!
7. Шаренило на сите страни!
Шарени пешкири и облека ќе придонесат за летната атмосфера на оваа забава. Не заборавајте да обезбедите место за сушење на облеките и пешкирите измеѓу игрите.
Ви се допаѓа идејата за роденден со многу вода? Размислувате каде ќе ја реализирате оваа незаборавна детска авантура?
Погледнете ги локациите на Термин.мк и одберете ја онаа што сметате дека најмногу ќе ви одговара за ваква невообичаена летна роденденска забава!