Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

Мултимедијален Центар Канал 77

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Konferenciska Sala Garderoba WiFi Klimatizirano Parking Kreditna Karticka
Минимална цена по простор Максимален капацитет на сала Сместувачки капацитет
2500 (1 час) 140 (театар) 6 (легла)

Уредување на салите

Име на Салата
U-облик T-облик Училница Конфер Квадрат Театар Банкет Коктел ВКУПНОm2 ШxДxВ
Конгресна сала 60 60 60 80 80 140 / / 154 11X14X6.4
Промо сала / / 30 / / / / / / /
Име на Салата
U-облик T-облик Училница Конфер Квадрат
Конгресна сала 60 60 60 80 80
Промо сала / / 30 / /
Име на Салата
Театар Банкет Коктел ВКУПНОm2 ШxДxВ
Конгресна сала 140 / / 154 11X14X6.4
Промо сала / / / / /

Опрема

  • Симултан превод (доп.)
  • Озвучување (дополнително)

 

  • Проектор (дополнително)
  • Лап топ (дополнително)

 

  • Микрофони (жичен и стачен) (дополнително)

  

Краток опис

Мултимедијалeн центар Канал 77 претставува нов културен импулс во Штип и цела Источна Македонија. Намената, капацитетот и архитектонскиот концепт на Мултимедијалниот центар ги следи современите светски трендови и начините за активирање на културните и медиумските збиднувања во градот.

 

Мултимедијалeн центар Канал 77 претстваува современ, мултифункционален објект чија основна намена и негово постоење е да послужи за најразлични, културни, интелектуални, образовани, едукативни, промотивни и забавни потреби.

 

Мултимедијалeн центар Канал 77 своето постоење и развојот на целокупниот комплекс го оправда со одржаните многубројни значајни промоции, културни настани, концерти, семинари, обуки, изложби на автомобили и слично. Предноста пред останатите објекти се должи на услугата која ја нуди Мултимедијалeниот центар Канал 77 во смисла на професионално висока техничка поддршка, со професионална аудио и видео опрема, светлосна опрема, ефекти за концертно светло, прожектори, можност за симултан превод, аудио и видео поддршка и можност за стриминг.

 

Мултимедијалниот центар Канал 77 располага со:

 

  • Конгресна сала: Високо технички опремена конгресна сала со капацитет за 160 лица. Салата е наменета за организирање на симпозиуми, семинари, промоции, трибини, форуми, изложби и слично. Во склоп на конгресната сала се и трите кабини за симултан превод и техничар. Салата располага со професионален самостоен систем за озвучување. 
  • Промо сала: Промо салата е наменета за помали презентации до 30 лица. Промо салата е наменета за организирање на предавања, презентации, работни состаноци и слично. 
  • Лоби бар: Лоби барот е место наменето за организирање на кафе паузи и помали коктел забави. Лоби барот ги поврзува Конгресната сала и Промо салата. Капацитетот за стоење е за 100 лица; 
  • Апартмани: Во склоп на Мултимедијалниот центар се наоѓаат и три апартмани за ноќевање- со вкупен капацитет од 6 легла. Апартманите се опремени со кабелска ТВ, ЛЦД телевизор, WI-FI интернет. Резервации за користење на апартманите може да се направат и преку WEB страната на Букинг, на следниов линк на http://www.booking.com/, а на пребарувачот впишете Радио Кафе Канал 77. 
  • Ресторан Радио Кафе Канал 77: Ресторанот е со капацитетот за 100 лица во затворен простор и за 210 лица на отворен простор. На летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има можност за организирање на поголеми свечености со капацитет за седење за 400 лица. Во склоп на летната тераса на Радио Кафе Канал 77 има летна сцена-бина наменета за музички групи, за поголеми и помали концертни настапи. Капацитетот на летната тераса е за 2000 лица. Радио Кафе Канал 77 е ресторан од прва категорија со 4 звезди, со Решение број 13-4570/2 од 03.10.2014 година, издадено од Министерството за економија на Република Македонија. “Разбудете ги Вашите сетила за вкус” е мотото на Радио Кафе Канал 77.
  • Сопствен паркинг простор: Мултимедијалниот центар Канал 77 располага со сопствен паркинг простор до 50 возила за своите посетители.
  • Детско катче: На најмалите да им биде забавно а родителите релаксирани, во Радио Кафе Канал 77 има дел и за нив, исполнето со многубројни детски играчки.
  • Фитнес сала: Фитнес салата е опремена со квалитетна професионална опрема и истата располага со туш кабина и гардероба со површина од 40 м2.
  • Мобилно студио: Мобилното студио е опремено со високопрофесионална опрема за продукција и емитување на програма во живо и промотивни настани од други локации. Мобилното студио се користи и за пренос на настаните одржувани во летната сцена на Радио Кафе Канал 77.
  • Сервис и одржување: Мултимедијалниот центар Канал 77 има и свој сервис за оддржување на аудио и видео опремата, телекомуникациската опрема, како и на мрежата со предавателната инфраструктура.

 

Мапа на локацијата

View Multimedia Center Kanal 77 in larger map