Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

ЗА ТЕРМИН - ДЕЛОВЕН НАСТАН

Термин – Деловен настан е веб базирано решение во рамки на Termin.mk кое обезбедува организиран преглед до сите слободни термини во конференциски сали на хотели, event простори, конгресни центри, амфитеатри, ресторани и останатите локации низ цела Македонија кои организираат деловни настани. На компаниите, странските, владините и невладините организации, им нуди на најбрз и наједноставен начин да дојдат до идеалниот термин во посакуваната локација за организирање конференција, семинар, конгрес, team building, oбука, workshop, презентација, средба или друг вид на деловен настан. Преку едноставно пополнување на онлајн формата за пребарување, на корисниците им е овозможено да дојдат до бараните резултати. Потоа преку краток онлајн формулар, Термин – Деловен Настан на корисниците им овозможува да испратат барање за одреден термин директно до посакуваната локација. Истовремено, покрај информацијата за слободните термини, на корисниците им се на располагање и други корисни податоци  за  локациите кои организираат деловни настани, како и можноста да остварат контакт со истите.

Уморни сте од шетање по локации за деловни настани или од немање идеа каде да се пребарува на интернет? Немате идеа каде да го организирате Вашиот следен деловен настан? Не можете да дојдете до посакуваниот термин во локациите за деловни настани? Сакате една поинаква и оригинална конференција, конгрес или семинар,и потребно Ви е невообичаено место за истата? Ни на крај памет не Ви паднало дека одредена локација организира деловни настани? Вие сте на правото место! Термин – Деловен Настан Ви ги нуди најдобрите локации за организирање деловни настани со своите термини на едно место.

Доколку пак сте сопственик на хотел, event простор, ресторан или друга локација во која се организира деловен настан, Ве охрабруваме истата да ја пријавите кај нас преку делот „Пријави локација” горе во менито. Нашиот тим ќе Ве контактира во најбрз можен рок!

Како функционира?

Формата за пребарување на Термин – Деловен Настан Ви овозможува едноставно и брзо да дојдете до посакуваните информации за слободни термини и локации за деловни настани.

Единствено треба да ги пополните полето „Термин” и едно од полињата „Град” или „Име на локација”, да обележите дали сакате локација со или без сместување и веднаш ги добивате бараните информации. Формата за пребарување нуди и дополнителни опции согласно Вашите потреби.

Доколку немате конкретен термин за кој сакате да се изврши пребарувањето, ја одбирате опцијата „Немам конкретен термин” и Ви се отвора можност да внесете пребарување за посакувано времетраење во денови во одреден конкретен месец во кој сакате да го организирате деловниот настан. По добиените резултати за внесеното пребарување, овозможено Ви е и напредно пребарување, односно дополнителни филтри за капацитет на сала, капацитет за сместување, минимална цена на простор, тип на објект и локација на објект.

По пронаоѓање на идеалниот термин на посакуваното место, преку пополнување на краток онлајн формулар Ви е овозможено да испратите барање за истиот директно до локација за деловен настан. По испратеното барање преку системот на Termin.mk, во рок од 24 часа, ќе бидете контактирани директно од локација до која е испратено барањето.

Предности на регистриран корисник на Termin.mk

Регистрацијата на кориснички профил на Termin.mk е брза, бесплатна и безбедна. Со регистрирање на Termin.mk на располагање Ви се дополнителни можности:

  • Побрзо испраќање на онлајн барање за термин
  • Единствено корисничко искуство
  • Добивање  внимателно селектирани информации и промоции согласно Вашиот профил и области на интерес