Најава

Најавете се со Вашиот кориснички профил за да ги користите сите придобивки од Termin.mk!

Регистрација

Брзо е, бесплатно и безбедно! - Искористете ги сите придобивки од Termin.mk!


Сакам да примам новости

Се согласувам со условите на користење и политиката на приватност на Termin.mk

СТОПАНСКА КОМОРА НА МАКЕДОНИЈА

Мора да сте најавен, за да означите посакувани локации

Konferenciska Sala Garderoba WiFi Klimatizirano
Минимална цена по простор Максимален капацитет на сала
По договор 180 (театар)

Уредување на салите

Име на Салата
U-облик T-облик Училница Конфер Квадрат Театар Банкет Коктел ВКУПНОm2 ШxДxВ
Конгресна сала 40-50 / 32 25 25 180 / 200 205 12x17,2x3,5
Бизнис сала 50 30-35 24 50 16 70 / 100 76 6,5x11,7x3,5
Дипломатик / / / 30 / / / / 64 5,5x11,5x2,5
Работна сала 1 / / / 12 / / / 50 35 4,5x7,8x2,5
Работна сала 2 / / 16 20 / / / 70 70 4,5x15,6x3,5
Работна сала 3 / / / 12 / / / / 35 4,5x7,8x2,5
Име на Салата
U-облик T-облик Училница Конфер Квадрат
Конгресна сала 40-50 / 32 25 25
Бизнис сала 50 30-35 24 50 16
Дипломатик / / / 30 /
Работна сала 1 / / / 12 /
Работна сала 2 / / 16 20 /
Работна сала 3 / / / 12 /
Име на Салата
Театар Банкет Коктел ВКУПНОm2 ШxДxВ
Конгресна сала 180 / 200 205 12x17,2x3,5
Бизнис сала 70 / 100 76 6,5x11,7x3,5
Дипломатик / / / 64 5,5x11,5x2,5
Работна сала 1 / / 50 35 4,5x7,8x2,5
Работна сала 2 / / 70 70 4,5x15,6x3,5
Работна сала 3 / / / 35 4,5x7,8x2,5

Опрема

  • Проектор
  • Платно
  • Видео плеер

 

  • Озвучување
  • Бина
  • Преведувач

 

  • Лаптоп
  • Интернет (вклучен во цената)

Краток опис

Коморите, како репрезент и застапник на интересите на стопанството, се карактеристика на сите опшествено-економски и политички системи. Како и многу други институции и асоцијации, разликите и нијансите на коморското организирање се резултат на продукционите односи на определено општествено уредување. Но, секогаш биле и се значаен економски фактор и според многу аналитичари, според редоследот на вредноста се вбројуваат веднаш по најрепрезентативните политички институции-парламентот и владата. Затоа, уште речиси пред еден век еден од премиерите на Велика Британија ја искажа мислата: "Подобро е Комората да ја имаме како партнер на Владата во конципирање на законите отколку како опонент во сферата на нивната имплементација".

 

 

Зачетоците на коморското организирање на територијата на Македонија датираат од 14 јули 1922 година кога со Законот е основана Трговско-инустриската комора со седиште во Скопје, како професионална организација - претставничко тело за заштита на професионалните стопански интереси на своите членки. 

 

 

Еден од иницијаторите за основање на трговско-индустриска комора на Македонија бил претседателот на Президиумот на АСНОМ Методија Андонов-Ченто, повеќегодишен член на Управниот одбор на предвоената Комора.

Од овој период во Република Македонија го започнува интензивниот развој на стопанството и на коморското организирање. Тоа е најзначајниот, но и најтешкиот период на стопанската и на коморската активност - санирање на уништените стопански објекти, организирање на индустриско производство, спроведување на аграрна политика. 

 

 

Од декември 2004 година со Законот за Стопанската комора на Македонија, Комората е деловно стручна асоцијација што ги усогласува, застапува и ги штити интересите на своите членови.Во Комората на доброволна основа се здружуваат правни лица со седиште во Република Македонија кои вршат стопанска дејност и се запишани во трговскиот регистер. Во Комората може да се здружуваат и други субјекти кои со својата дејност придонесуваат за унапредување на работењето на стопанството. 

 

 

Стопанската комора на Македонија издава разни документи за потребите на сите фирми во државата (сертификати за потекло, АТА карнети, препораки, мислења) и потврдува факти и документи со цел да го олесни движењето на стоки, услуги и на деловни лица.

Комората е иницијатор, односно организатор на голем број специјализирани изложби и учество на македонското стопанство на саеми, изложби, поединечни презентации и презентации на меѓународни туристички саеми и берзи во странство. 

Мапа на локацијата

View ECONOMIC CHAMBER OF MACEDONIA in larger map